ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/3 стр. 6-7
  • Видик од 29-тиот спрат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Видик од 29-тиот спрат
  • Разбудете се! 1999
  • Сличен материјал
  • „Завршена е една голема работа“
    Разбудете се! 1999
  • Човекови права за сите — светска реалност!
    Разбудете се! 1999
  • Човековите права и неправа денес
    Разбудете се! 1999
  • Права без одговорности?
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/3 стр. 6-7

Видик од 29-тиот спрат

КОГА ќе излезете од лифтот на 29-тиот спрат на зградата на Обединетите нации во Њујорк Сити, еден мал син знак го покажува патот до канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (OHCHR). Оваа канцеларија за врски ја претставува централата на OHCHR која се наоѓа во Женева (Швајцарија) — средишната точка на активностите на ОН за човекови права. Додека Мери Робинзон, Високиот комесар за човекови права, раководи со OHCHR во Женева, Гркинката Елза Стаматопулу е шеф на канцеларијата во Њујорк. Минатата година, г-ѓа Стаматопулу љубезно го прими дописникот од персоналот на Разбудете се! и се потсети на петте децении активности за човековите права. Еве некои извадоци од интервјуто.

П. Што мислите, каков напредок е постигнат во унапредувањето на човековите права?

О. Ќе ви набројам три примери за напредок: Прво, пред 50 години концептот за човекови права не постоеше на меѓународниот дневен ред; денес тој е сеприсутен и дејствува. Владите кои пред децении никогаш немале чуено за човекови права, сега зборуваат за нив. Второ, сега имаме еден меѓународен кодекс од закони, односно книга на закони која се состои од бројни конвенции, која написмено им кажува на владите какви се нивните обврски кон своите поданици. [Видете ја рамката „Меѓународната повелба за човекови права“, на страница 7.] Беа потребни многу години напорна работа за да се состави овој кодекс. Многу сме горди на него. Третиот пример е тоа што денес повеќе луѓе од кога и да е порано учествуваат во движењата за човекови права и можат слободно да се искажат за спорните прашања за човековите права.

П. Кои се препреките?

О. После 17 години работа на програмите за човекови права при ОН, секако сфаќам дека се соочуваме со фрустрирачки проблеми. Најголемиот проблем е што владите честопати гледаат на човековите права како на политичко наместо како на хуманитарно прашање. Можеби не покажуваат спремност да ги извршат спогодбите за човекови права затоа што се чувствуваат политички загрозени. Во тие случаи, спогодбите за човекови права се претвораат во празни зборови. Уште едно назадување беше неспособноста на ОН да ги спречи потполните кршења на човековите права во таквите места како поранешна Југославија, Руанда и, најнеодамна, во Алжир. Неспособноста на ОН да ги спречи масакрите кои се случија во овие земји беше еден страшен пропуст. Механизмите за човекови права се поставени, но некој мора да ги активира. Кој ќе биде тој некој? Ако не се загрозени интересите на земјите кои би можеле да дадат заштита, честопати недостига политичка спремност да се излезе и да се запрат таквите прекршувања.

П. Што гледате во иднината?

О. Гледам една закана и едно ветување на патот кој води до човекови права за сите. Она што ме загрижува е заканата што ја наметнува глобализацијата на економијата, која ги наведува големите корпорации да се утврдат во земјите каде што е поефтина работната сила. Денес, ако е потребно, можеме да ги обвиниме владите за кршење на човековите права и да ги ставиме под притисок. Но, кого можеме да го обвинуваме за прекршување кога мултилатералните договори за трговија сѐ повеќе ја префрлаат моќта од владите врз глобалните економски сили? Бидејќи ние не ги контролираме овие економски сили, тие ја ослабуваат позицијата на меѓувладините организации како што е ОН. Што се однесува до човековите права, овој тренд е деструктивен. Сега е пресудно приватниот сектор да се натовари на бродот на движењето за човекови права.

П. А ветувањето?

О. Развој на една глобална култура на човекови права. Мислам дека преку образованието треба да направиме луѓето да бидат посвесни за човековите права. Се разбира, тоа е еден огромен предизвик бидејќи во него е вклучена промена на менталитетот. Ете зошто пред десет години ОН организираа една светска кампања за информирање на јавноста со цел да се едуцираат луѓето во поглед на нивните права и земјите во поглед на нивните одговорности. Освен тоа, ОН ги одреди годините од 1995 до 2004 како „Деценија за едукација за човековите права“. Да се надеваме дека едукацијата може да ги промени мислите и срцата на луѓето. Можеби ова звучи речиси како евангелието, но кога станува збор за едукација за човековите права, јас сум вистински верник. Се надевам дека во следниот век светот ќе ја усвои културата на човекови права како своја идеологија.

[Рамка на страница 7]

Меѓународната повелба за човекови права

Освен Универзалната декларација за човекови права, постои и Меѓународна повелба за човекови права. Во каква врска се тие?

Па, ако ја споредите Меѓународната повелба за човекови права со една книга од пет поглавја, тогаш Универзалната декларација може да се спореди со 1. поглавје. Поглавјата 2 и 3 се Меѓународната конвенција за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за економски, социјални и културни права. А поглавјата 4 и 5 содржат еден Опционален протокол.

Иако се смета дека Универзалната декларација има морална вредност — таа им кажува на нациите што треба да прават — овие четири дополнителни документи се легално обврзувачки — им кажуваат на нациите што мора да прават. Иако работата врз овие документи започна во 1949, беа потребни децении пред сите тие да стапат на сила. Денес, овие четири документи заедно со Универзалната декларација ја сочинуваат Меѓународната повелба за човекови права.

Освен оваа Меѓународна повелба, ОН ратификуваше повеќе од 80 други спогодби за човекови права. „Затоа, погрешно е да се мисли дека договорите за човекови права во Меѓународната повелба се поважни“, коментира еден експерт за човекови права. „На пример, Конвенцијата од 1990 за правата на детето е најопшто ратификуван и универзален документ на ОН, но сепак не е дел од Меѓународната повелба. Терминот ‚Меѓународна повелба за човековите права‘ повеќе беше смислен заради публицитет отколку како формален концепт. И, ќе се согласите, тоа е привлечна фраза.“a

[Фуснота]

a Кога е напишано ова, 191 нација (183 од земјите-членки на ОН плус 8 нации кои не се членки) ја ратификуваа Конвенцијата за правата на детето. Не ја ратификуваа само две земји: Сомалија и Соединетите Држави.

[Слика на страница 6]

Елза Стаматопулу

[Извор на слика]

UN/DPI фотографија на J. Isaac

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели