ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/5 стр. 29-30
  • Треба ли да им се оддава чест на умрените?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да им се оддава чест на умрените?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ритуали кои се темелат на погрешни претпоставки
  • Урамнотежено гледиште
  • Дали тажачките се погрешни?
  • Христијанско гледиште за погребните обичаи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Христијански погреби — достоинствени, скромни и прифатливи за Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Каков став имаат Јеховините сведоци кон погребите?
    Најчесто поставувани прашања
  • Пази се од обичаи што не му се угодни на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/5 стр. 29-30

Гледиште на Библијата

Треба ли да им се оддава чест на умрените?

„НЕКОЕ ДЛАБОКО ВКОРЕНЕТО ЧУВСТВО ГИ ТЕРА ПОВЕЌЕТО ЛУЃЕ ДА ПОСТАПУВААТ СО МРТВОТО ЧОВЕЧКО ТЕЛО СО НЕКАКВО ПОЧИТУВАЊЕ КОЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВААТ ЗА МРТВОТО ЖИВОТНО“ (ENCYCLOPÆDIA BRITANNICA).

ПОВЕЌЕТО луѓе на некој начин им оддаваат чест на нивните сакани кои умреле. На умрените им се оддава чест со некролози во весниците и се воспеваат во тажачки. Во некои земји се вообичаени раскошни погреби со религиозни или традиционални ритуали. Церемониите за умрените може да траат со денови, седмици или месеци. Многу училишта, аеродроми, улици и градови добиле име по познати луѓе кои умреле. Подигнати се споменици и воведени се празници во спомен на херојски личности.

Меѓутоа, според Божјата реч, умрените воопшто не се свесни за честа што им се укажува (Јов 14:10, 21; Псалм 48:17). Мртвите живеат само во спомените на оние кои се сеќаваат на нив. Библијата вели: „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат“ (Проповедник 9:5). Писмото дава надеж за воскресение кое ќе се случи во иднина (Јован 5:28, 29; 11:25). Но дотогаш, мртвите не постојат. Тие дословно стануваат прав (1. Мојсеева 3:19; Јов 34:15).

Со оглед на јасниот став на Библијата во врска со состојбата на мртвите, дали има некаква смисла да им се оддава чест? Дали христијаните треба да ги следат традиционалните обичаи поврзани со погребот и закопот на саканите?

Ритуали кои се темелат на погрешни претпоставки

Голем број, а можеби и повеќето од традиционалните ритуали поврзани со умрените, се длабоко вкоренети во небиблиски религиозни науки. Значењето на некои ритуали е „заштита на починатиот од демонски напад; понекогаш целта на ритуалите е да ги зачуваат живите од смртта или од злонамерноста на умрениот“, вели Encyclopædia Britannica. Секој таков обичај кој се темели на погрешната претпоставка дека умрените живеат во некаква невидлива област е во директен судир со библиските вистини (Проповедник 9:10).

Многу луѓе ги обожаваат оние кои им умреле. Ваквото обожавање вклучува принесување жртви и молитви за умрените предци. Некои кои учествуваат во вакви ритуали не сметаат дека нивните постапки се обожавање туку, наместо тоа, изрази на ценење или длабока почит кон умрениот. Сепак, ваквата оддаденост кон мртвите предци има религиозна поткрепа и доаѓа во судир со библиските науки. Исус Христос рекол: „Јехова, Твојот Бог, мораш да го обожаваш и само нему мораш да му принесуваш света служба“ (Лука 4:8, NW).

Урамнотежено гледиште

Укажувањето чест и почит кон умрените не е секогаш поврзано со лажните религиозни науки. На пример, еден библиски извештај раскажува како на верниот крал Језекиил му била оддадена чест после смртта. Божјиот народ ‚го погребал погоре од гробиштата на Давидовите синови, а по неговата смрт сите Јудејки и жители ерусалимски му укажале почест‘ (2. Летописи 32:33). Друг пример е примерот со Исус. Библијата вели дека неговите ученици ‚го зеле телото Исусово и го завиткале во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат‘ (Јован 19:40).

Писмото известува за многу други случаи во кои се следеле посебни процедури поврзани со телото и закопот на умрениот. Овие постапки не претставувале обожавање на предци ниту, пак, се темелеле на погрешното верување дека мртвите продолжуваат да влијаат врз работите на живите. Наместо тоа, оплакувачите покажале длабока почит кон своите сакани. Библијата нема приговор на таквата почит бидејќи таа се темели на природни човечки емоции, иако не се залага за раскошни или хистерични сцени на погребите. Од друга страна, пак, таа не ги охрабрува христијаните да бидат ладнокрвни или нечувствителни кога се соочени со смртта на некој сакан.

Значи, кога одат на погреб или на закоп на нивните сакани, Јеховините сведоци им укажуваат исправно почитување и чест на умрените (Проповедник 7:2). Кога станува збор за цвеќиња, погребни услуги и други локални обичаи, христијаните донесуваат внимателни лични одлуки за да избегнат практики кои доаѓаат во судир со библиските науки. За ова се потребни добро просудување и рамнотежа. Encyclopædia of Religion and Ethics објаснува дека „одвреме навреме еден ритуал го менува своето значење и вредност, така што значењето што му се припишало подоцна може да биде сосема поинакво од она што го имал во почетокот, а популарното објаснување за него може да не фрла светлина врз неговото потекло“.a

Дали тажачките се погрешни?

Начелото да бидеме урамнотежени важи и во поглед на тажачките за умрените. При погребните служби, Јеховините сведоци настојуваат да ги утешат ужалените (2. Коринтјаните 1:3—5). Една формална програма би можела да вклучува еден или повеќе говорници. Но, не би било прикладно таа прилика да се претвори во долга парада на тажачки кои го величаат починатиот. Наместо тоа, погребот дава прилика да се величаат Божјите прекрасни особини, вклучувајќи ја неговата љубезност поради тоа што ни ја дал надежта за воскресение.

Меѓутоа, ова не значи дека е погрешно да се сеќаваме на добрите особини на починатиот за време на погребното предавање. (Споредете 2. Царства 1:17—27.) Ако тој што умрел му бил верен на Бог сѐ до смртта, тој или таа стануваат извонреден пример кој треба да се имитира (Евреите 6:12). Добро е длабоко да се размислува за зачувувањето на интегритетот на Божјите слуги. Споделувањето на овие позитивни мисли со другите за време на погребната служба им дава утеха на живите и му оддава чест на сеќавањето на умрениот.

Вистинските христијани не ги обожаваат умрените. Тие не учествуваат во популарните ритуали кои се во спротивност со библиската вистина. Од друга страна, пак, Божјите слуги го отфрлаат екстремното гледиште дека, поради тоа што умрените се само прав, сите погребни обичаи се бесмислени и непотребни. Тие тажат и се сеќаваат на оние кои им умреле. Но, нивната болка и тага се ублажени со библиските вистини дека умрените не страдаат и дека постои надежта во воскресение.

[Фуснота]

a Изданието на Стражарска кула од 15 октомври 1991, страница 31, го дава следново упатство: „Правиот христијанин би требало да размисли: Дали следењето на некој обичај ќе им покаже на другите дека сум прифатил небиблиски верувања или постапки? Временскиот период и местото можат да влијаат на одговорот. Некој обичај (или симбол) можеби имал погрешно религиозно значење пред неколку милениуми или има такво значење денес во некоја оддалечена земја. Но, без потреба да се впушташ во истражување кое одзема многу време, запрашај се: ‚Какво е вообичаеното гледиште овде каде што живеам јас?‘ (1. Коринтјаните 10:25—29)“.

[Слика на страница 29]

Погребна поворка која му оддава чест на Густав II, кралот на Шведска, по неговата смрт во 1632

[Извор на слика]

Од книгата Bildersaal deutscher Geschichte

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели