ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/8 стр. 31
  • Бифокални очила — кој ги носел прв?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бифокални очила — кој ги носел прв?
  • Разбудете се! 1999
  • Сличен материјал
  • Поглед на очилата
    Разбудете се! 1993
  • Регенеративните леќи на дождалецот
    Разбудете се! 2012
  • Пази се од труење со риба!
    Разбудете се! 2006
  • Риби што пливаат во јата
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/8 стр. 31

Бифокални очила — кој ги носел прв?

Пред два века, Бенџамин Франклин зел два пара очила, едни за гледање далеку а други за гледање блиску, и секое стакло го исекол хоризонтално на половина. Потоа, во истите рамки ја наместил горната половина на стаклото за гледање далеку, над долната половина на стаклото за гледање блиску, и го добил првиот пар бифокални очила.

Денес, напредната технологија овозможила да се направат бифокални очила само од едно парче стакло, со закривеност со различна јачина на горниот и долниот дел од стаклото. А постојат дури и бифокални контактни леќи. Но, дали сте знаеле дека долго време пред оптиката да ги открие бифокалните очила, една непозната слатководна риба ги носела ‚најмодерните‘ бифокални очила со една леќа?

Оваа риба која личи на белица и има должина од 30-тина сантиметри, научниците ја нарекуваат Anableps а може да се најде во водите од јужен Мексико до северниот дел на Јужна Америка. Од опашката до жабрите не изгледа многу поинаку од другите риби, но од жабрите, таа изгледа зачудувачки.

На прв поглед оваа риба изгледа како да има четири очи — еден пар гледаат нагоре и еден пар гледаат надолу — поради што луѓето ја нарекле четвороока риба. Но, тоа е само оптичка илузија. Таа има две големи тркалезни очи, но секое око е поделено хоризонтално на два дела со една тенка кожичка. Бидејќи овие риби пливаат по површината на водата, горната половина од очите им е како перископ кој ѕирка над водата и го разгледува небото, додека долниот дел останува потопен и гледа под водата. На тој начин оваа четвороока риба бара храна долу и истовремено држи око — или подобро речено две очи — на гладните водни птици горе.

Меѓутоа, за да гледа под водата, на оваа риба ѝ треба подебела леќа отколку кога гледа во воздухот. Како е решен овој проблем? Со бифокални очила! Секое око има едноделна, овална леќа која е подебела на долната отколку на горната половина. Затоа, сѐ што гледа под водата, го гледа низ подебелиот дел од леќите, додека посплесканиот, горен дел го истражува небото.

Но, двослојното гледање на овие риби е јасно само додека леќите им се чисти. Како ги чистат своите леќи? Кога леќите ќе се исушат, рибите едноставно ја нурнуваат главата под вода и испливуваат со блескави бифокални очила. Овие сјајни леќи сигурно ја одразуваат мудроста на нивниот Творец!

[Извори на слики на страница 31]

Слика од Charles Willson Peale/Dictionary of American Portraits/Dover

©Dr. Paul A. Zahl, The National Audubon Society Collection/PR

©William E. Townsend, Jr., The National Audubon Society Collection/PR

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели