ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/10 стр. 12-14
  • Поглед на очилата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед на очилата
  • Разбудете се! 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Првите помагала за вид
  • Очилата денес
  • ,Јас? Очила?‘
  • Нега на вашите очила
  • Бифокални очила — кој ги носел прв?
    Разбудете се! 1999
  • Регенеративните леќи на дождалецот
    Разбудете се! 2012
  • Кога ќе исчезнат сите инвалидности
    Разбудете се! 1999
  • Сложено око
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 1993
g93 8/10 стр. 12-14

Поглед на очилата

Од дописникот на Разбудете се! во Британија

ДАЛИ текстов го читате со помош на очила? Секако не сте единствените. Околу 60 отсто од британското население, на пример, сега носат очила.

Носењето очила станало толку секојдневно што ако вашите пријатели коментираат за нив, тоа е можеби поради тоа што сте го промениле стилот на рамката или сте одлучиле повеќе да не ги носите. Повеќето од нас толку многу се навикнуваме на нашите очила што ги ставаме и вадиме без да мислиме на тоа — освен ако почнат да ни се лизгаат по носот или почнат да се замаглуваат.

Но, повеќето од оние кои носат очила повеќе би сакале нормален вид отколку модерни рамки. Очилата можат да бидат неугодни. Сепак, луѓето со слаб вид никогаш порано немале толку многу помагала на располагање.

Првите помагала за вид

За римскиот император Нерон, за подобро да ги гледал гладијаторските игри, се вели дека користел леќа од смарагд — доста скап и неефикасен начин на подобрување на слабиот вид. Во старо време, леќите биле правени и од кристално стакло, кварц, аметист, берил и топаз. Меѓутоа, околу 1268, англискиот калуѓер Роџер Бејкон опишал како еден дел од стаклена сфера може да се употреби како помагало за читање. Отприлика во тоа време почнале да се појавуваат првите очила — рамки во кои биле поставени груби леќи.

Кој прв ги измислил — Италијанците или Кинезите? Тоа е спорно, затоа што направата изгледа дека се појавила скоро истовремено во двете земји. Од една страна, една гробница во Фиренца (Италија), го носи овој натпис: „Овде лежи Салвино д’Армато од семејството Армати од Фиренца. Пронаоѓач на очилата. Бог нека му ги прости гревовите“. Никој не е сигурен кога умрел — 1285, 1317 или 1340. Од друга страна, големиот италијански истражувач Марко Поло, се сеќавал дека видел многу луѓе во Кина како носеле очила кога прв пат стигнал таму кон крајот на XIII век. Навистина, според легендата, очила се носеле во Кина уште во 500. н. е.

Во секој случај, до XVI век, оптичката трговија цветала во Венеција, како и во Нирнберг и во други европски центри. Очилата станале баран накит, продавани во многу градови од улични трговци за ситна роба. Но за жал, продавачите покрај своите производи не нуделе никаков тест за видот. Така, можеби купувачот си го подобрувал изгледот, но не и видот!

Очилата денес

Очилата постојано се подобрувале. Биле прицврстувани за ушите со врвци или за носот со помош на федерче. До почетокот на XVIII век, некој дошол на идејата очилата да се прицврстуваат за ушите со помош на крути рачки. Тоа сѐ уште е најпопуларната метода.

Изработката на леќи драстично се подобрила. Висококвалитетното оптичко стакло постепено ги заменило транспарентните кристални материјали. Експериментите со призми на Сер Исак Њутн во XVII век довеле до спознанието за прекршување на светлината. На тој начин можеле да се направат прецизни леќи со научна точност.

Во 1784, американскиот државник Бенџамин Френклин пронашол генијално решение за еден проблем што тој го имал со своите очила. Неговите очила за читање му сметале кога гледал во далечина, а оние што ги имал за гледање во далечина не му одговарале за читање. Затоа, си помислил тој, наместо постојано да менува два различни пара очила, зошто да не искомбинира два вида леќи во еден пар очила? Така се родиле бифокалните очила. Меѓутоа, биле потребни уште сто години пред да се развијат ефикасни начини на нивна изработка.

Достапни се и различни облици на оптичко стакло за задоволување на посебни потреби. На безбедносните очила можат да се вградат повеќеслојни или зајакнати стакла за да можат очите на работниците да бидат заштитени од летечки честици. Некои леќи се фотосензитивни: Потемнуваат кога се изложени на сјајна сончева светлина, а кога се во сенка или внатре, повторно стануваат бистри. Други, пак, леќи се пластични, со што прилично се намалува тежината на очилата и на луѓето им допушта да ги носат без неудобности.

,Јас? Очила?‘

Но, можеби сте едни од среќните малкумина обдарени со совршен вид. Веројатно не за долго време.

‚Зарем сакате да кажете дека можеби би морал еден ден да носам очила?‘, прашувате. Да, постои веројатност да носите, дури и ако моментално светот го гледате совршено јасно. Зошто? Една причина е презбиопијата која веројатно ќе ја забележите кога ќе наполните 45 или повеќе години. Немојте да се плашите од тој збор. Тоа значи дека леќите во очите не можат да го променат фокусот од блиску на далеку онака ефикасно како што можеле во вашата младост. Очилата се само една од цените кои се плаќаат во процесот на стареење.

Дали вашите родители носат очила? Многу луѓе мислат дека проблемите со видот се генетски. Ако е така, тоа што можеби и самите еден ден ќе морате да носите очила можеби е веќе однапред одредено по наследство.

Меѓутоа, со текот на времето, возраста, гените и навиките можат да земат свој данок и да предизвикаат вообичаени заболувања на очите, како што е далекувидноста (хиперметропија), блисковидноста (миопија), астигматизам (несовршено искривување на рожницата) и шашливост (страбизам). Ако вие сте погодени од некои од горенаведените работи, добро е да посетите очен специјалист (како што е офталмологот). Потоа сѐ што треба да направите е да изберете една рамка која ви се допаѓа. (Види ја рамката.)

Нега на вашите очила

Очилата можат да бидат доста скапи и можеби сте зависни од нив при извршувањето на секојдневните работи. Според тоа, добро грижете се за нив. Кога ќе ги извадите, никогаш не ставајте ги со леќите надолу. Внимавајте и да не ги ставате таму каде што некој би седнал или стапнал на нив. Очилата се склони брзо да се извалкаат, затоа леќите треба да се полираат секојдневно со мека, сува крпа, а рамките одвреме-навреме да се измијат во млака сапуница. Ако имате мали деца кои носат очила, веројатно ќе увидите дека нивните очила треба почесто да се чистат.

Но, што ако вашите очила се искриват и повеќе не ви одговараат? Најдобро да ги однесете кај оптичар на поправка, наместо да ризикувате сами да го направите тоа.

Со правилна грижа, вашите очила можат добро да ви послужат. Да, можеби сѐ уште одвреме-навреме ви претставуваат мала неугодност, но тие ви го подобруваат видот — а можеби дури и изгледот. Секако, таквата неугодност се исплаќа, зар не?

[Рамка на страница 14]

Очилата и модата

‚Очилата ќе ми го расипат изгледот!‘ — велат многумина кога ќе им се каже дека ќе мораат да ги носат. Меѓутоа, модните креатори толку ефективно ги примениле своите таленти при дизајнирањето на очила што еден пар очила може да биде доста ласкав украс.

Како прво, изработувачите на рамки ги искористиле новите лесни, трајни пластики, правејќи го бескраен изборот на бои и величини. А со користењето на високорефрактивното индекс-стакло, можно е леќите со јака способност за зголемување на прекршувањето да се направат прилично тенки. И кога се обложени со антирефлективен филм, стануваат скоро невидливи.

Ако ја следите модата, можете да изберете рамки за очила како додаток на гардеробата. Една брошура, издадена од Optical Information Council (Британија), препорачува да изберете рамки кои ќе одговараат на обликот на вашето лице, нагласувајќи ги добрите црти а намалувајќи ги оние не толку добри. На пример, би сакале ли вашето лице да го направите да изгледа послабо? Тогаш, вели брошурата, изберете рамки чија боја се концентрира на мостот, а избледува кон слепоочниците. Имате ли блиску поставени очи? Тогаш изберете рамки со безбоен мост, а обоени на надворешните краеви. Испробајте различни стилови и испитајте ги различните ефекти. Можеби ќе откриете дека е добро со себе да земете некој добар пријател во кого имате доверба за да ви даде искрено мислење.

Ако очилата ги сметате за многу неугодни, размислите за контактни леќи. Многу луѓе ги носат по цел ден и се чувствуваат угодно.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели