Кога ќе исчезнат сите инвалидности
АКУАДРИПЛЕГИК еднаш рекла дека повеќето луѓе имаат само „привремено силни здрави тела“. Колку само е вистинито тоа, бидејќи порано или подоцна, кај секого од нас се појавуваат физички маани! Затоа цвета трговијата со очила, контактни леќи, вештачки вилици, слушни помагала, електронски пејсмејкери и имплантација на колена. Во Римјаните 8:22 се вели дека „сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега“.
Затоа, секој од нас може да се теши со Божјето ветување дека тој ќе ги доведе послушните луѓе до совршено физичко здравје на една праведна „нова земја“ (2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4). Исаија 35:5, 6 вели: „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат; тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее“.
Библијата претскажува дека едно „големо мноштво“ ќе го преживее уништувањето на сегашниов злобен систем (Откровение 7:9, 14; Псалм 36:10, 11, 29). Без сомнение, кратко после тоа уништување, оние кои имаат сериозни инвалидности и здравствени проблеми ќе доживеат моментално поправање на нивната немоќ! (Исаија 33:24). Како една претслика за лекувањето кое ќе се одвива во Божјата нова земја, Исус извршувал слични лекувања додека бил на Земјата. (Споредете Марко 5:25—29; 7:33—35.) Не можеме дури ни од далеку да ја опишеме еуфоријата што ќе ја чувствуваат луѓето и солзите радосници што ќе бидат пролеани додека луѓе на кои била извршена ампутација ги фрлаат своите протези, патерици и инвалидски колички! Телесно здрави, тогаш ќе можат да ја исполнат својата задача дадена од Бог да помагаат во преобразувањето на Земјата во рајски дом (Лука 23:43).
Во меѓувреме, инвалидите сѐ уште мора да се борат. Нелсон, инвалид од Канада, вели: „Кога ќе почнам да се сожалувам, мислам на Исусовите зборови во Матеј 24:13: ‚Кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен‘“. И покрај нивните ограничувања, инвалидите можат да бидат потполни и здрави во најважниот поглед — духовно — со тоа што ќе истраат во христијанската вера (Јаков 1:3, 4).
Јеховините сведоци им помогнале на милиони да ја прифатат оваа вера. Дел, инвалид кој беше цитиран во претходната статија, вели: „Немам зборови со кои би можел да искажам како се чувствував кога дознав дека физичките проблеми како мојот се навистина само привремени“. Да, зајакнат од таквата надеж, Дел — и многу други како него — не би можеле да се наречат хендикепирани.
[Слика на страница 10]
Оние кои ќе го преживеат претстојното уништување, ќе се радуваат на чудотворно лекување на нивната немоќ