ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/12 стр. 9-11
  • Сигурна иднина — конечно!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сигурна иднина — конечно!
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Причини кои лежат под површината
  • Глобална соработка  под една светска влада
  • „Спокојство и безопасност“
  • Што вели Библијата за нуклеарна војна?
    Разно
  • Нуклеарната закана — отстранета засекогаш!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Нуклеарна војна — кој претставува закана?
    Разбудете се! 2004
  • Нуклеарна војна — може ли да се избегне?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/12 стр. 9-11

Сигурна иднина — конечно!

„Целата земја здивна, почива, воскликнува од радост“ (ИСАИЈА 14:7).

„НАШИОВ свет е свет на нуклеарни џинови и етички деца. Повеќе знаеме за војната отколку што знаеме за мирот, повеќе знаеме за убивањето отколку за животот.“ Овие зборови, што ги кажал генералот на армијата на САД во 1948, нѐ потсетуваат на она што стои во Библијата: „Човекот господари над човек на своја штета“ (Проповедник 8:9). Кога луѓето се вооружени со нуклеарно оружје, тие не само што можат да им наштетат на своите ближни туку можат и да ги уништат!

Многу луѓе се согласуваат со тоа дека поседувањето и користењето на нуклеарно оружје е етички погрешно. На пример, Џорџ Ли Батлер, пензиониран генерал на Воздушните сили на САД, рекол: „Самото постоење на нуклеарно оружје во нечиј арсенал и понатаму испраќа порака дека можеме да си замислиме околности под кои . . . некако ќе можеме да ја рационализираме употребата на тоа оружје. Тоа едноставно е погрешно“.

Сепак, британскиот колумнист Мартин Вулкот забележува: „Нуклеарното оружје ја задржува својата привлечност, без оглед на тоа што го велат теоретичарите и моралистите во врска со неговата бескорисност и пакост. Владите веруваат дека тоа им е потребно од разумни безбедносни причини; тие се приврзани за него и заради тоа што нуклеарното оружје несомнено претставува некој вид црна магија која политичарите и војниците ја признаваат и сакаат да ја поседуваат“.

Точно е дека во текот на изминатите пет децении, човекот некако успеал да ја спречи нуклеарната војна. Но, во текот на истиот временски период се користеше конвенционално оружје за да се погубат неброени илјадници луѓе. Со оглед на она што го правел човекот досега, сосема е разумно да се претпостави дека, порано или подоцна, ова страотно нуклеарно оружје ќе се употреби.

Причини кои лежат под површината

Може ли да се контролира човечката склоност кон војна? Некои аргументираат дека луѓето водат војни од глупавост, себичност и погрешно насочени агресивни нагони. „Ако тоа се првенствените причини за војна“, вели изучувачот Кенет Волц, „тогаш прекинувањето на војната мора да дојде со подигање и просветлување на луѓето.“

Други, пак, велат дека причините за војна лежат во структурата на меѓународната политика. Заради тоа што секоја суверена држава ги бара сопствените национални интереси, неизбежно доаѓа до судири. Бидејќи нема доследен, сигурен пат за решавање на несогласувањата, избувнува војна. Во својата книга Критична маса, Вилијам И. Бароуз и Роберт Виндрем пишуваат: „Тешкотијата е од политичка природа. Не е возможен ефективен режим на контрола без длабока решеност од страна на политиката да ја прекине, па дури и да ја сврти во обратен правец пролиферацијата на супероружјето“.

Размисли за тековните преговори да се воведе Спогодба за целосна забрана на проби. Guardian Weekly ги опишал како „интензивна сесија на пазарење меѓу нуклеарните сили и државите кои веќе во тајност поседуваат нуклеарно оружје или имаат технологија брзо да го добијат“. Истата статија признава: „Ниедна [група] нема планови да се откаже од своето оружје или од неговиот капацитет ниту, пак, од сите опции за подобрување“.

Очигледно е потребна меѓународна соработка за да се отстранат сите нуклеарни закани. Книгата Критична маса вели: „Затоа, взаемната доверба мора насекаде да го замени взаемното засигурано уништување . . . инаку, порано или подоцна, мора да дојде до несреќа“. За жал, меѓународните односи и преговори денес честопати личат на она што го опишал пророкот Даниил пред 26 века: ‚На една трпеза ќе зборуваат лага‘ (Даниил 11:27).

Глобална соработка  под една светска влада

Сепак, Библијата нѐ уверува дека Бог лично има намера да оствари една вистинска глобална соработка под високо ефикасна светска влада. Милиони луѓе несвесно се молеле за оваа влада кога ја изговарале Господовата молитва: „Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10). Царството е влада. А Главата на таа влада на Царството е Принцот на мирот, Исус Христос. Божјата реч нѐ уверува: „Неговата власт и мирот бескраен ќе растат . . . Тоа ќе го направи ревноста на Господа Саваота“ (Исаија 9:6, 7). Во врска со таа влада под Исус, Библијата ветува: „Ќе ги победи и разруши сите царства“, односно човечки влади (Даниил 2:44).

Оваа светска влада ќе донесе вистински мир и сигурност — не со нуклеарно застрашување или преку несигурни спогодби за вооружување. Псалм 45:9 прорекува дека Јехова Бог ‚ги прекратува војните до крајот на земјата, го крши лакот и го дроби оружјето, и штитовите големи со оган ги изгорува‘. Непотполните мерки не се доволно добри. Божјето Царство под Христос ќе направи повеќе отколку само да го намали количеството на нуклеарното оружје — тоа сосема ќе го отстрани и него и сето друго воено оружје.

Нема да има нуклеарна закана затоа што нема да има суперсили, нечесни нации ниту терористи. Ќе владее вистински мир: „Секој ќе седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да ги плаши, зашто устата на Господа Саваот го изрекла тоа“. Овие инспирирани зборови доаѓаат од Богот кој не може да лаже (Михеј 4:4; Тит 1:2).

Според Псалм 4:8, вистинскиот мир и безбедност треба да се бараат само во подготовката на Јехова Бог: „Мирно легнувам и спијам, оти Ти, Господи, си ми влил надеж да живеам без опасност“. Како што болно докажала човечката историја, секакви ветувања за „мир и безопасност“ освен преку Јеховиното Царство можат да бидат само лажни. (Споредете 1. Солунјаните 5:3.)

„Спокојство и безопасност“

Но, што е со воинствената природа на самиот човек? ‚Тогаш жителите на светот ќе се учат на правда‘ (Исаија 26:9). Таквата поука за правда ќе има длабоко влијание врз човечката природа и врз светските услови: „Дело на правдата ќе биде мирот, и плод на правосудството — спокојство и безопасност засекогаш“ (Исаија 32:17). Секој агресивен нагон или насилнички инстинкт ќе биде заменет со љубов кон ближниот и грижа за општото добро. Жителите на Земјата „ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“ (Исаија 2:4).

Со пророчки изрази Исаија прорекол дека луѓето со животински склоности ќе бидат променети. Тој зборувал за времето кога „земјата ќе биде полна со познавање на Господа“. Како резултат на тоа, „волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води . . . нема да прават зло и штета по целата Моја света гора“ (Исаија 11:6—9).

Верувањето во овие божествени ветувања им дало на Јеховините сведоци оптимистичко гледиште за животот. Кога ќе погледнеме кон иднината, не си замислуваме Земја која е разорена од нуклеарно уништување. Напротив, го гледаме исполнувањето на библиското ветување: „Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:29). Некои би ја нарекле таквата вера наивна и нереална. Но, кој навистина е наивен? Оној кој полага вера во Божјето ветување или оној кој ги голта празните ветувања на политичарите? За оние кои вистински го љубат мирот, одговорот е очигледен.a

[Фуснота]

a Јеховините сведоци им помогнале на милиони да ја прифатат библиската порака на надеж преку бесплатна домашна библиска студија. Можете да се договорите да Ве посетат ако се обратите на издавачите на ова списание или ако ја посетите локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 11]

„Народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна“ (Исаија 2:4).

[Слики на страница 9]

Во Божјиот нов свет, семејствата ‚ќе живеат без опасност‘ и сите облици на оружје ќе бидат отстранети

[Слика на страница 10]

Воинствените особини се отстрануваат додека луѓето ја учат и ја применуваат Божјата Реч, Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели