ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/6 стр. 9-12
  • Современо ропство — му се ближи крајот!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Современо ропство — му се ближи крајот!
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Промена на мислењето
  • Еднаквост и почитување на достоинството
  • Промена на владата
  • Дали го почитуваш нивното достоинство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Укажи им должна чест на Јехова и на луѓето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали им искажуваш почитување на другите кога даваш совет?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Човечко достоинство — можно за сите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/6 стр. 9-12

Современо ропство — му се ближи крајот!

„Слободата на еден човек е нераздвоен дел од универзалната слобода. Не можете да ја загрозите првата, а истовремено да не ја загрозите втората“ (Виктор Шелшер, француски новинар и политичар, 1848).

„КОЈА е таа мрачна страна на човекот што секогаш го тера да ги презира, подјармува и понижува другите луѓе?“, прашуваат уредниците на The UNESCO Courier. „И како дошло до тоа таквото злодело против човештвото да остане неказнето уште од зачетокот на човековите права?“

Одговорот е сложен. Алчноста е мотив за користењето евтина детска работна сила и за појавата на ропство од долг. Сиромаштијата и недостигот на образование се причина девојките да бидат продавани за проституција и да бидат давани во ропски бракови. Зад ритуалното ропство лежат религиозните норми и сфаќањата на културата. А во случајот на мажи кои одат во Банкок или во Манила за да пронајдат млади момчиња или девојчиња кои немаат СИДА, мотивот е отворена сексуална перверзија и неморал. Сето ова е дел од еден свет во кој луѓето се „себељубиви, љубители на пари . . . без природна наклоност . . . без самоконтрола, сурови“, како што рекол апостол Павле, кој го изучувал законот во првиот век (2. Тимотеј 3:1—5, NW). Тоа е дел од еден свет во кој „кривото не може да се исправи, и она, што го нема, не може да се брои“, да ги употребиме зборовите на еден древен државник по име Соломон (Проповедник 1:15).

Промена на мислењето

Дали тоа значи дека ништо не може или нема да биде направено за да му се стави траен крај на ропството — во неговите традиционални манифестации или во неговите понови облици? Воопшто не!

Канцеларијата на ОН на Високиот комесаријат за човековите права (OHCHR) наведува дека ропството е „состојба на умот“, и додава: „Дури и кога ќе се укине, ропството остава траги. Може да остане да постои како состојба на умот — кај неговите жртви и нивните потомци и кај наследниците на оние што го практикуваат — уште долго време после неговото формално исчезнување“.

Значи, еден начин за да се укине ропството би бил да се направи промена во размислувањето — промена во срцето — во светски размери. Тоа вклучува и промена во образованието — да се научат луѓето да се љубат еден со друг и да го почитуваат достоинството на другиот. Тоа значи да им се помогне на луѓето да ја искоренат алчноста од своите срца и да се држат за високи морални мерила. Кој може да даде такво образование? OHCHR вели дека „секој треба да даде свој придонес за еден светски поредок кој повеќе нема да толерира нечовечна експлоатација“.

Разгледајте една образовна програма што се спроведува ширум светот од страна на христијанската заедница на Јеховините сведоци. Оваа програма успешно ги поучила оние кои се со искрени срца да не ја толерираат ниту одобруваат нечовечната експлоатација. Преку неа, милиони луѓе во повеќе од 230 земји научиле да имаат достоинствен однос со сите свои ближни. Зошто е успешна оваа програма?

Затоа што се темели на Библијата, книга која е инспирирана од Творецот на човекот. Таа е книга која го поддржува човечкото достоинство. Луѓето што се поучени според Библијата преку образовната програма на Јеховините сведоци, учат дека и самиот наш Творец, Јехова, е достоинствен Бог (1. Летописи 16:27, NW). Тој им дава достоинство на сите свои творештва. Тука се вклучени и мажите и жените од сите раси, од секакво општествено потекло и под секакви економски услови. (Видете ја рамката „Слобода и достоинство за човекот — од кој извор?“)

Еднаквост и почитување на достоинството

Библијата поучува дека Бог ‚од еден човек ја создал секоја човечка нација да живее по целата површина на земјата‘ (Дела 17:26, NW). Затоа, никој не може да тврди дека е над другите луѓе или дека има право да ги угнетува или да ги експлоатира другите. Луѓето кои се спремни да учат, го ценат фактот што „Бог не е пристрасен, туку во секоја нација му е прифатлив оној кој се плаши од него и кој го прави она што е праведно“ (Дела 10:34, 35, NW). Тие сфаќаат дека Божјата љубов е сеопфатна бидејќи предноста за блиско пријателство со него им е отворена на сите луѓе. Всушност, „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Јован 3:16).

Ова библиско образование има длабоко влијание врз личностите. Преку него, срцата и мислите на луѓето можат „сосема да се обноват“ (Ефесјаните 4:22—24, Today’s English Version). Тоа ги мотивира да постапуваат со достоинство и со почит кон другите луѓе. Одлучни се ‚да им прават добро на сите‘ (Галатјаните 6:10). Никој не може да биде вистински христијанин и да учествува во нехуманата експлоатација и угнетување на некој друг човек. Јеховините сведоци се радосни што се христијанска заедница како што било христијанското собрание од првиот век, во која ‚немало ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен. Сите биле едно во Христа Исуса‘ (Галатјаните 3:28).

Промена на владата

Меѓутоа, за да им се стави траен крај на сите облици на ропство, потребно е да се направи драстична промена во човечкото општество. Меѓународната организација на трудот вели дека, за да престане експлоатацијата на човекот, треба „да се смени средината која ги допушта и ги одобрува“ таквите постапки. Меѓународните акции, меѓународната соработка и посветеноста на светската заедница се натамошни предлози што ги дава таа агенција.

Логично, за тоа ќе биде потребна сила која може да спроведе сеопфатна контрола врз нашата планета, сила која може да обезбеди универзална слобода. Бутрос Бутрос Гали, поранешен генерален секретар на ОН, рекол дека вистинските проблеми што ја измачуваат нашата планета мора да се решат „на глобално ниво“. Но, не се сите сигурни дека тоа може да се случи. Искуството од минатото покажува дека многу луѓе што се на власт се премногу себични и егоцентрични во своите интереси и цели за да остварат таква меѓународна соработка.

Меѓутоа, Библијата — истата книга што научила милиони да го почитуваат достоинството на другите луѓе — покажува дека Бог има намера да воспостави таква светска влада. Во Библијата ќе најдете многу ветувања за еден нов свет на праведност (Исаија 65:17; 2. Петрово 3:13). Божја намера е да ја исчисти земјата од сите што не го љубат Бог и ближниот. Бог ја открил својата намера дека ќе воспостави една светска влада над човештвото за да владее со земјата во праведност. Исус ни рекол да се молиме за таа влада во она што вообичаено се нарекува Господова молитва, односно Оченаш (Матеј 6:9, 10).

Кога ќе владее оваа влада, експлоатацијата на човекот и секој облик на ропство ќе исчезнат затоа што Царот Христос ќе владее „преку суд и правда“ (Исаија 9:7). Угнетените ќе најдат олеснување под неговата праведна влада, бидејќи Библијата вели: „Он ќе избави беден од силник и сиромав, кој нема помошник. Ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиромасите; од лихви и неправди ќе ги избави душите нивни“ (Псалм 71:12—14).

Ако копнеете да го видите крајот на ропството — на сите облици на робување — Ве покануваме да дознаете нешто повеќе за Божјата намера да ја воспостави својата светска влада која ќе донесе ослободување. Јеховините сведоци во вашето место со радост ќе Ви помогнат во тоа.

[Рамка/слика на страница 11]

СЛОБОДА И ДОСТОИНСТВО НА ЧОВЕКОТ — ОД КОЈ ИЗВОР?

Сите имаме вродена потреба и желба за достоинство и слобода. Кофи Анан, генерален секретар на ОН, ги одрази општите чувства кога праша: „Кој може да одрече дека сите тежнееме по живот без страв, тортура и дискриминација? . . Кога сте чуле слободен глас да бара крај на слободата? Каде сте чуле роб да бара ропство?“

Таквите идеи не се нешто ново. Отфрлајќи ја идејата дека некои се родени за да бидат робови, римскиот филозоф Сенека од првиот век, во своите Писма за Луцилиј, напишал: „Те молам размисли за тоа дека човекот што го нарекуваш свој роб е роден од истото семе, го има истото добро небо над себе, диши како тебе, живее како тебе, умира како тебе!“

Имам Али, почитуван како четврти калиф после Мухамед, рекол дека сите луѓе се „еднакви во создавањето“. Сади, персиски поет од 13 век, изјавил: „Децата на Адам се членови еден на друг и во нивното создавање доаѓаат од една материја. Кога светот ќе му нанесе болка на еден член, другите членови не наоѓаат мир“.

Божествено инспирираниот историски извештај што се наоѓа во Библијата го истакнува достоинството на сите човечки суштества. На пример, 1. Мојсеева 1:27 го опишува создавањето на човекот, велејќи: „Го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде“. Нашиот Творец е Бог на слободата. „Каде што е Духот Господов, таму има слобода“, рекол апостол Павле (2. Коринтјаните 3:17). Кога го создал човекот според својот лик и облик, Јехова им дал на луѓето извесна мерка вредност, самопочит и достоинство. Ослободувајќи го своето творештво од „ропството на распаѓањето“, тој ќе се погрижи луѓето засекогаш да уживаат во таква слобода и достоинство (Римјаните 8:21).

[Слика на страница 9]

Секој има право на достоинство и слобода

[Слики на страница 10]

БИБЛИСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ СТАВА НАГЛАСОК ВРЗ ПОЧИТТА КОН ДОСТОИНСТВОТО НА ЧОВЕКОТ И ПРЕНЕСУВА НАДЕЖ ЗА ЕДЕН НОВ СВЕТ ВО ИДНИНАТА

Семејна библиска студија во Бенин

Убавината на овие водопади на Синиот Нил во Етиопија дава претстава за обновениот рај

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели