ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/10 стр. 29-30
  • Кој е слуга?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е слуга?
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Еден нов вид слуга
  • Библиското гледиште
  • Кои се Божји министри денес?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Разбудете се! 2000
g00 8/10 стр. 29-30

Гледиште на Библијата

Кој е слуга?

ВЕЧЕРТА пред Исусовата жртвена смрт, неговите најблиски пријатели се впуштиле во вжештена расправија. Според Лука 22:24, ‚меѓу нив настанала вжештена препирка околу тоа кој од нив да се смета за најголем‘. Ова не била прва расправија која избила меѓу Исусовите апостоли. Најмалку во две претходни прилики, Исус морал да го исправи нивното размислување.

Колку само е жалосно тоа што во таа критична ноќ, Исус морал повторно да ги потсети на тоа каков навистина треба да биде еден христијански слуга. Тој рекол: „Најголемиот меѓу вас нека биде како најмладиот, а оној кој предводи нека биде како оној кој служи“ (Лука 22:26).

Не треба да нѐ изненади тоа што апостолите имале погрешна претстава за важноста на позицијата и истакнатоста. Пред времето на Исус, главен пример во поглед на религиозното водство им биле книжниците и фарисеите. Наместо да му дадат на народот духовно водство и упатства, тие лажни слуги наметнале строги традиции и правила кои ‚го затворале царството на небесата пред луѓето‘. Тие мислеле само на своите позиции, барале истакнатост, биле себични личности кои ги правеле своите дела „за да ги видат луѓето“ (Матеј 23:4, 5, 13).

Еден нов вид слуга

Меѓутоа, Исус ги запознал своите ученици со еден нов концепт за духовно служење. Тој поучувал: „Вие не дозволувајте да ве нарекуваат Раби, зашто еден е вашиот учител, а вие сите сте браќа. Освен тоа, никого на земјата не нарекувајте го свој татко, зашто еден е вашиот Татко, небесниот . . . Но најголемиот меѓу вас да ви биде слуга“ (Матеј 23:8—11). Исусовите ученици не требало да ги имитираат религиозните водачи од нивното време. Ако сакале да бидат вистински слуги, морале да го имитираат Исус. Каков пример оставил тој?

Библијата честопати го користи грчкиот збор диаконос за „слуга“. The Encyclopedia of Religion објаснува дека овој збор „не го опишува статусот туку односот на служење што постои меѓу слугата и оној кому му служи: следењето на Христовиот пример . . . е во центарот на христијанското сфаќање за служењето“.

Во склад со исправната дефиниција на зборот „слуга“, Исус давал сѐ од себе во корист на другите. Тој стрпливо објаснил: „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи и да ја даде својата душа како откупнина во замена за мнозина“ (Матеј 20:28). Исус несебично го користел своето време, енергија и способности за да им помага на другите како физички така и духовно. Зошто? Затоа што се сожалил над духовно заведените мноштва кои се собирале да го видат. Тој сакал да им помогне. Великодушната љубов е она што ја мотивирало неговата служба и тој сакал неговите ученици да покажуваат ист таков став на давање (Матеј 9:36).

Со својот живот, Исус им дал пример на идните слуги. „Жетвата е голема“, рекол тој, „а работници малку. Затоа, молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“ (Матеј 9:37, 38). Да, Христовите слуги требало да бидат работници во извршувањето на најголемото дело што светот некогаш го видел — обезбедување духовна утеха за целото човештво преку проповедање и поучување на добрата вест за Божјето Царство (Матеј 28:19, 20).

Ваквото сосредоточување на давањето и служењето на потребите на другите е тоа што го направило толку карактеристичен Исусовиот пристап кон служењето. Тој ги поучил своите слуги да бидат работници, духовни рибари и пастири, а не мистици и академици во специјални облеки и одежди (Матеј 4:19; 23:5; Јован 21:15—17).

Библиското гледиште

За жал, низ вековите овој возвишен, несебичен концепт за слугите како самопожртвувани проповедници и учители бил искривен. Она што започнало како христијанска служба преминало во формална, хиерархиска институција. Биле формирани сталежи и чинови на кои им биле дадени углед и моќ и кои честопати натрупувале огромно богатство. Ова водело до поделби. Се оформила една свештеничка класа која најмногу била посветена на извршувањето религиозни сакраменти и на давањето совети на оние што грешеле. Во текот на следните векови, христијанството од првиот век претрпело промени и, на тој начин, од една активна религија во која секој бил слуга се претворило во пасивна религија каде што можеле да проповедаат и да поучуваат само мал број специјално обучени и овластени поединци.

Меѓутоа, Библијата не го идентификува христијанскиот слуга според карактеристичната облека, комплицираните ритуали, платата или според некоја владина одлука, туку според несебичниот труд. Апостол Павле го изложил ставот што треба да го покажуваат христијанските слуги. Тој ги охрабрил да ‚не прават ништо од егоизам туку со понизност на умот‘ (Филипјаните 2:3).

Павле сигурно постапувал според она што го проповедал. Држејќи се тесно за Христовиот пример, тој никогаш ‚не ја барал својата сопствена корист, туку користа на мнозината, за да се спасат тие‘. Ја сфатил и силно ја чувствувал одговорноста ‚бесплатно да ја пренесува добрата вест‘, како што рекол тој, ‚за да не го злоупотреби своето овластување во добрата вест‘. Тој не барал „слава од луѓе“ (1. Коринќаните 9:16—18; 10:33; 1. Солуњаните 2:6).

Колку извонреден пример за вистински христијански слуга! Оние кои го имитираат неговиот извонреден пример и го следат несебичниот образец што го оставил Исус Христос, бесплатно давајќи сѐ од себе за да им ја дадат духовната помош и утехата од добрата вест на другите, покажуваат дека се вистински слуги на Бог (1. Петрово 2:21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели