ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/11 стр. 15-20
  • Кои се Божји министри денес?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кои се Божји министри денес?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кои се навистина Божји министри?
  • Ординирање како министер — кога?
  • Што е христијанската служба?
  • Ставот на христијанскиот министер
  • Истрај во службата
  • Кој е слуга?
    Разбудете се! 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/11 стр. 15-20

Кои се Божји министри денес?

„Нашата соодветна оспособеност доаѓа од Бог кој навистина соодветно нѐ оспособил да бидеме министри на еден нов сојуз“ (2. КОРИНЌАНИТЕ 3:5, 6).

1, 2. Каква одговорност делеле сите христијани во првиот век, но како се измениле работите?

ВО ПРВИОТ век од нашата ера, сите христијани делеле една важна одговорност — должноста да ја проповедаат добрата вест. Сите тие биле помазани и биле министри на новиот сојуз. Некои имале додатни одговорности како, на пример, да поучуваат во собранието (1. Коринќаните 12:27—29; Ефешаните 4:11). Родителите имале сериозни обврски во кругот на семејството (Колошаните 3:18—21). Но, сите учествувале во основното и животоважно дело на проповедање. Во оригиналниот грчки јазик на Христијанските списи, оваа одговорност била диакониа — служба (Колошаните 4:17).

2 Како што времето одминувало, работите се измениле. Се развила една класа позната како свештенство, и таа ја чувала за себе предноста на проповедање (Дела 20:30). Свештенството било малубројно малцинство од оние кои се нарекувале христијани. Големото мнозинство станало познато како лаици. Иако лаиците биле поучувани дека имаат извесни обврски, вклучувајќи го и давањето прилози за поддржување на свештенството, повеќето станале само пасивни слушачи во однос на проповедањето.

3, 4. а) На кој начин поединци во христијанскиот свет стануваат министри? б) Кој се смета за министер во христијанскиот свет, и зошто кај Јеховините сведоци е поинаку?

3 Свештениците тврделе дека се министри (од министер, латински превод на диаконос, „слуга“).a За да бидат министри, тие дипломираат на колеџи или семинарии и се ординирани. The International Standard Bible Encyclopedia вели: „,Ординира‘ или ‚ординирање‘ обично укажува на еден посебен статус кој им се дава на министри или свештеници преку службено прифатени обреди, со нагласок врз авторитетот да ја проповедаат Речта или да вршат сакраменти, или да ги прават и двете работи“. Кој ги ординира министрите? The New Encyclopædia Britannica вели: „Во црквите кои го задржале историскиот епископат, министерот кој ординира секогаш е бискуп. Во презвитеријанските цркви, ординирањето го вршат министри на презвитерството“.

4 Според тоа, во црквите на христијанскиот свет, предноста да се биде министер е строго ограничена. Сепак, тоа не е случај кај Јеховините сведоци. Зошто? Бидејќи не било така ни во христијанското собрание во првиот век.

Кои се навистина Божји министри?

5. Според Библијата, кој сѐ спаѓа во оние кои служат како министри?

5 Според Библијата, сите обожаватели на Јехова — на небото и на Земјата — се министри. Ангелите му служеле на Исус (Матеј 4:11; 26:53; Лука 22:43). Исто така, ангели „им служат на оние кои ќе наследат спасение“ (Евреите 1:14; Матеј 18:10). Исус бил министер. Тој рекол: „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи“ (Матеј 20:28; Римјаните 15:8). Така, со оглед на тоа што Исусовите следбеници требало ‚тесно да ги следат неговите стапки‘, не изненадува што и тие мора да бидат министри (1. Петрово 2:21).

6. Како Исус укажал дека неговите ученици треба да бидат министри?

6 Кратко пред да се вознесе на небото, Исус им рекол на своите ученици: „Одете и правете ученици од луѓето од сите нации, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Матеј 28:19, 20). Исусовите ученици требало да бидат лица кои ќе прават ученици — требало да бидат министри. Новите ученици што ги правеле требало да научат да држат сѐ што заповедал Исус, вклучувајќи ја и заповедта да одат и да прават ученици. Сеедно дали се работи за маж или за жена, возрасен или дете, вистинскиот ученик на Исус Христос треба да биде министер (Јоил 2:28, 29).

7, 8. а) Кои стихови покажуваат дека сите вистински христијани се министри? б) Кои прашања се покренуваат во врска со ординирањето?

7 Во склад со ова, на ден Пентекост 33 н.е., сите присутни Исусови ученици, мажи и жени, се придружиле во зборувањето за „величествените Божји работи“ (Дела 2:1—11). Освен тоа, апостол Павле напишал: „Човек со срцето практикува вера за праведност, а со устата дава јавна изјава за спасение“ (Римјаните 10:10). Павле не ѝ ги упатил овие зборови на некоја ограничена свештеничка класа туку „до сите оние кои [биле] во Рим како Божји љубени“ (Римјаните 1:1, 7). На сличен начин, на сите ‚свети во Ефес и верните во обединетост со Христос Исус‘ требало нозете да им бидат „обуени во опремата на добрата вест на мирот“ (Ефешаните 1:1; 6:15). И сите оние кои го слушнале писмото упатено до Евреите требало да ‚се држат за јавното изјавување на нивната надеж, без колебање‘ (Евреите 10:23).

8 Но, кога едно лице станува министер? Со други зборови, кога е тоа ординирано? И кој го ординира?

Ординирање како министер — кога?

9. Кога бил ординиран Исус, и од кого?

9 Што се однесува до тоа кога и од кого е некој ординиран, разгледај го примерот на Исус Христос. Тој немал диплома за ординирање ниту титула од некоја семинарија за да докаже дека е министер, и не бил ординиран од некој човек. Тогаш, зошто можеме да кажеме дека тој бил министер? Поради тоа што на него се исполниле инспирираните зборови на Исаија: ‚Јеховиниот дух е врз мене, зашто ме помаза да објавувам добра вест‘ (Лука 4:17—19; Исаија 61:1). Тие зборови не оставаат никакво сомнение дека Исус добил налог да зборува за добрата вест. Од кого? Со оглед на тоа што Јеховиниот дух го помазал за тоа дело, јасно е дека Исус бил ординиран од Јехова Бог. Кога се случило тоа? Кога Исус се крстил, врз него, всушност, дошол Јеховиниот дух (Лука 3:21, 22). Според тоа, тој бил ординиран кога се крстил.

10. Од кого еден христијански министер станува ‚соодветно оспособен‘?

10 Што е со Исусовите следбеници од првиот век? Нивниот статус на министри исто така дошол од Јехова. Павле рекол: „Нашата соодветна оспособеност доаѓа од Бог кој навистина соодветно нѐ оспособил да бидеме министри на еден нов сојуз“ (2. Коринќаните 3:5, 6). Како Јехова ги квалификува своите обожаватели да бидат министри? Разгледај го примерот на Тимотеј, кого Павле го нарекол „Божји слуга [министер] во добрата вест за Христос“ (1. Солуњаните 3:2).

11, 12. Како Тимотеј напредувал за да стане министер?

11 Следниве зборови упатени до Тимотеј ни помагаат да разбереме како тој станал министер: „А ти остани во она што си го научил и во што си убеден да веруваш, знаејќи од кого си го научил и дека од периодот на доење ги познаваш светите списи, кои можат преку верата да те направат мудар за спасение во поврзаност со Христос Исус“ (2. Тимотеј 3:14, 15). Темелот на верата на Тимотеј, која требало да го поттикне да дава јавна изјава, бил спознанието од Писмото. Дали личното читање било сѐ што било потребно за тоа? Не. На Тимотеј му била потребна помош да стекне точно спознание и духовно разбирање на она што го читал (Колошаните 1:9). На тој начин Тимотеј бил ‚убеден да верува‘. Бидејќи ги познавал светите списи „од периодот на доење“, негови први учители сигурно биле мајка му и баба му, а татко му очигледно не бил верник (2. Тимотеј 1:5).

12 Меѓутоа, за Тимотеј да стане министер било вклучено повеќе од ова. Како прво, неговата вера била зајакната преку дружењето со христијаните во блиските собранија. Од каде го знаеме тоа? Бидејќи кога Павле првпат го сретнал Тимотеј, за овој млад човек ‚зборувале добро браќата во Листра и во Иконија‘ (Дела 16:2). Освен тоа, во тие денови некои браќа пишувале писма до собранијата со цел да ги зајакнат. А ги посетувале и надгледници за да ги изградуваат. Таквите подготовки им помогнале на христијани како на Тимотеј да напредуваат духовно (Дела 15:22—32; 1. Петрово 1:1).

13. Кога бил ординиран Тимотеј како министер, и зошто ти би рекол дека неговиот духовен напредок не завршил со тоа?

13 Со оглед на Исусовата заповед запишана во Матеј 28:19, 20, можеме да бидеме сигурни дека во еден момент верата го поттикнала Тимотеј да го имитира Исус и да се крсти (Матеј 3:15—17; Евреите 10:5—9). Тоа било симбол на Тимотеевата оддаденост на Бог со цела душа. Тимотеј при своето крштавање станал министер. Оттогаш, неговиот живот, сила и сѐ што имал му припаѓале на Бог. Тоа било составен дел од неговото обожавање, „света служба“. Меѓутоа, тогаш Тимотеј не уживал во плодовите на својата слава. Продолжил духовно да расте, и станал зрел христијански министер. До ова дошло поради неговото блиско дружење со зрели христијани, како што бил Павле, поради неговата лична студија и неговата ревносна проповедничка активност (1. Тимотеј 4:14; 2. Тимотеј 2:2; Евреите 6:1).

14. На кој начин денес напредува кон министер некој кој е ‚исправно наклонет кон вечниот живот‘?

14 Денес ординирањето за христијанска служба е слично. На оној кој е ‚исправно наклонет кон вечниот живот‘ му се помага да научи за Бог и за неговите намери преку библиска студија (Дела 13:48). Поединецот учи да ги применува библиските начела во својот живот и смисловно да му се моли на Бог (Псалм 1:1—3; Пословици 2:1—9; 1. Солуњаните 5:17, 18). Тој се дружи со другите верници и добро ги користи подготовките од „верниот и разборит роб“ (Матеј 24:45—47; Пословици 13:20; Евреите 10:23—25). На тој начин напредува во еден структуиран процес на образование.

15. Што се случува кога се крштава едно лице? (Види ја и фуснотата.)

15 На крај, библискиот студент, откако развил љубов кон Јехова Бог и силна вера во откупната жртва, сака во потполност да му се предаде на својот небесен Татко (Јован 14:1). Тоа предание го прави во лична молитва и потоа се крштава како јавен симбол на тој личен чин. Неговото крштавање е церемонија на негово ординирање бидејќи тогаш тој е признат како целосно предаден слуга, диаконос на Бог. Тој мора да остане одвоен од светот (Јован 17:16; Јаков 4:4). Целото свое ‚јас‘ тој го принел како „жртва жива, света, прифатлива за Бог“ без резерва или услов (Римјаните 12:1).b Тој е Божји министер кој го имитира Христос.

Што е христијанската служба?

16. Кои биле некои одговорности на Тимотеј како министер?

16 Што вклучувала службата на Тимотеј? Тој имал посебни должности како патувачки придружник на Павле. И кога станал старешина, Тимотеј напорно работел да ги поучува и зајакнува сохристијаните. Но, главен дел од неговата служба, како што било случај со Исус и со Павле, било проповедањето на добрата вест и правењето ученици (Матеј 4:23; 1. Коринќаните 3:5). Павле му рекол на Тимотеј: „Ти, пак, биди трезвен во сѐ, трпи зло, врши го делото на евангелизатор, потполно извршувај ја својата служба“ (2. Тимотеј 4:5).

17, 18. а) Во каква служба учествуваат христијаните? б) Колку е важно делото на проповедање за еден христијански министер?

17 Слично е и со христијанските министри денес. Тие учествуваат во јавна служба, дело на евангелизирање, насочувајќи ги другите кон спасение на темел на жртвата на Исус и поучувајќи ги кротките да го повикуваат Јеховиното име (Дела 2:21; 4:10—12; Римјаните 10:13). Докажуваат од Библијата дека Царството е единствената надеж за човештвото кое страда и покажуваат дека уште сега работите се подобри ако живееме според побожните начела (Псалм 15:1—5, Марко 13:10). Но, еден христијански министер не проповеда некое социјално евангелие. Напротив, тој поучува дека ‚побожната оддаденост има ветување за сегашниот живот и за оној кој ќе дојде‘ (1. Тимотеј 4:8).

18 Навистина, повеќето министри имаат додатни начини да служат, а тоа може да се разликува од еден христијанин до друг. Многумина имаат семејни обврски (Ефешаните 5:21—6:4). Старешините и слугите помошници имаат должности во собранието (1. Тимотеј 3:1, 12, 13; Тит 1:5; Евреите 13:7). Многу христијани помагаат во изградбата на Сали на Царството. Некои имаат прекрасна предност да работат како доброволци во еден од бетелските домови на Watch Tower Society. Меѓутоа, сите христијански министри учествуваат во проповедањето на добрата вест. Нема исклучоци. Учеството во ова дело е тоа што јавно идентификува кој е вистински христијански министер.

Ставот на христијанскиот министер

19, 20. Каков став мора да негуваат христијанските министри?

19 Повеќето министри во христијанскиот свет очекуваат да им се оддава посебна почит, и тие си земаат титули како што се „пречесен“ и „оче“. Меѓутоа, еден христијански министер знае дека само Јехова е достоен за длабока почит (1. Тимотеј 2:9, 10). Ниеден христијански министер не бара таква возвишена почит ниту, пак, тежнее кон посебни титули (Матеј 23:8—12). Тој знае дека основното значење на диакониа е „служба“. Неговиот придружен глагол понекогаш се користи во Библијата во врска со лични услуги како, на пример, „послужување на маса“ (Лука 4:39; 17:8; Јован 2:5). Иако неговата употреба во врска со христијанската служба е повозвишена, диаконос сепак е слуга.

20 Затоа, ниеден христијански министер нема причина да се чувствува самоважен. Вистинските христијански министри — па дури и оние со посебни одговорности во собранието — се понизни робови. Исус рекол: „Кој сака да биде голем меѓу вас, мора да ви биде слуга [министер], и кој сака да биде прв меѓу вас, мора да ви биде роб“ (Матеј 20:26, 27). Кога им покажувал на своите ученици кој е исправниот став што треба да го негуваат, Исус им ги измил нозете, извршувајќи ја работата на најнизок слуга (Јован 13:1—15). Каква само понизна служба! Според тоа, христијанските министри понизно им служат на Јехова Бог и на Исус Христос (2. Коринќаните 6:4; 11:23). Тие покажуваат понизност на умот во служењето еден на друг. И кога ја проповедаат добрата вест, несебично им служат на ближните кои не се соверници (Римјаните 1:14, 15; Ефешаните 3:1—7).

Истрај во службата

21. Како бил награден Павле за тоа што истрајал во службата?

21 За да биде министер, на Павле му била потребна истрајност. На Колошаните им рекол дека страдал многу за да им ја проповеда добрата вест (Колошаните 1:24, 25). Меѓутоа, бидејќи истрајал, многумина ја прифатиле добрата вест и станале министри. Биле родени како синови Божји и браќа на Исус Христос, со изглед да станат духовни суштества покрај него на небото. Каква само славна награда за истрајноста!

22, 23. а) Зошто на христијанските министри денес им е потребна истрајност? б) Какви прекрасни плодови донесува христијанската истрајност?

22 На оние кои навистина се Божји министри денес им е потребна истрајност. Многумина секој ден се борат со болести или со болките на староста. Родителите — од кои многумина се без брачен партнер — напорно работат за да ги подигнат своите деца. Децата на училиште храбро се спротивставуваат на лошите влијанија кои ги опкружуваат. Многу христијани мораат да се борат со сурови економски проблеми. И многумина трпат прогонство или се соочуваат со тешкотии поради денешните ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘! (2. Тимотеј 3:1). Да, речиси шест милиони министри на Јехова денес можат да кажат заедно со апостол Павле: „Во сѐ се препорачуваме како Божји министри, во истрајноста во многу нешта“ (2. Коринќаните 6:4). Христијанските министри не се откажуваат. Тие треба навистина да бидат пофалени заради нивната истрајност.

23 Освен тоа, како што било случај и со Павле, истрајноста донесува прекрасни плодови. Истрајувајќи, ние го зачувуваме нашиот близок однос со Јехова и го радуваме неговото срце (Пословици 27:11). Ја зајакнуваме својата сопствена вера и правиме ученици, давајќи го својот придонес во христијанското братство (1. Тимотеј 4:16). Јехова ги поддржува своите министри и ја благословува нивната служба во текот на овие последни денови. Како резултат на тоа, собрани се последните од 144.000-те, а уште милиони имаат сигурна надеж да уживаат вечен живот на рајската Земја (Лука 23:43; Откровение 14:1). Се разбира, христијанската служба е израз на Јеховината милост (2. Коринќаните 4:1). Нека сите ние високо ја цениме и бидеме благодарни што нејзините плодови ќе траат засекогаш (1. Јованово 2:17).

[Фусноти]

a Од грчкиот збор диаконос потекнува зборот „ѓакон“, службеник во црквата. Во црквите каде што ѓакони можат да бидат и жени, тие би можеле да се наречат ѓаконици.

b Иако Римјаните 12:1 се применува конкретно на помазаните христијани, начелото важи и за ‚другите овци‘ (Јован 10:16). Тие ‚се определуваат за Господа за да Му служат и за да го љубат Господовото Име и за да Му бидат слуги‘ (Исаија 56:6).

Можеш ли да објасниш?

• Каква одговорност делеле сите христијани од првиот век?

• Кога и од кого е ординиран еден христијански министер?

• Каков став треба да негува еден христијански министер?

• Зошто треба христијанскиот министер да истрае наспроти тешкотиите?

[Слики на страници 16 и 17]

Тимотеј бил поучуван за Божјата реч од периодот на доење. Тој станал ординиран министер кога се крстил

[Слика на страница 18]

Крштавањето симболизира предание на Бог и означува нечие ординирање како министер

[Слика на страница 20]

Христијанските министри се спремни да служат

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели