ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/9 стр. 23-25
  • Како да најдам добар цимер?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да најдам добар цимер?
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Опасноста од лошото друштво
  • Да се најдат соодветни цимери
  • Распрашај се
  • Зборувајте отворено
  • „Пристојно и уредно“
  • Како да се сложувам со мојот цимер?
    Разбудете се! 2002
  • Зошто ми е толку тешко да живеам со мојот цимер?
    Разбудете се! 2002
  • Содржина
    Разбудете се! 2002
  • Дали сум спремен да се отселам од дома?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/9 стр. 23-25

Младите прашуваат . . .

Како да најдам добар цимер?

„Без цимерки немаше начин како да служам како полновремен евангелизатор и да ја плаќам киријата и другите трошоци“ (Лин).a

КОГА младите ќе заминат од дома, честопати се шокирани кога ќе откријат колкави се точно трошоците за живот во ‚вистинскиот свет‘. За многу, еден начин да се справат со високите животни трошоци е да ги поделат со еден или со повеќе цимери.

Но, како што истакна една претходна статија од оваа серија, живеењето со некого — особено со некого што воопшто не го познаваме — може да биде вистински предизвик.b Ова е случај дури и меѓу младите христијани што живеат заедно за да служат како полновремени евангелизатори. Каква и да е твојата ситуација, ако размислуваш да живееш со некого, сосема е разумно да примениш ‚практична мудрост‘ при изборот на таа личностc (Пословици 3:21, NW).

Опасноста од лошото друштво

Многу полнолетни млади бараат во огласи, совети во весниците и на Интернет за да најдат потенцијални цимери. Но, за младите христијани таквите извори носат сериозни опасности. Тие веројатно ќе доведат до тоа да се запознаеш со лица што немаат иста вера, морал или мерила како твоите. Дали е ограничено или недруштвено да сакаш да живееш само со некого од истата вера? Не, тоа е мудро. Самата Библија предупредува: „Лошите друштва ги расипуваат корисните навики“ (1. Коринќаните 15:33).

Размисли за младата Ли. Сѐ уште не била крстена христијанка кога почнала да живее во студентски дом. „Средината беше опасна“, си спомнува таа. „Некои од девојките ќе се вратеа дома и ќе ја најдеа цимерката во кревет со некого.“ Животот таму наскоро имал негативно влијание врз духовноста на Ли. „Ги пропуштав повеќето христијански состаноци“, признава таа. Не изненадува тоа што нејзиното однесување постојано се влошувало. „Еден ден опцув, а една девојка рече: ‚Дали Јехова го одобрува тоа?‘ “ Колку понижувачки! За среќа, Ли излегла од таа нездрава средина и почнала духовно да напредува. Но, нејзиното искуство илустрира колку е опасно да се живее со луѓе што не ги почитуваат твоите мерила.

Да се најдат соодветни цимери

Тогаш, каде би можел да побараш? Започни со своето собрание на Јеховини сведоци. Интересно, оние што се полновремени евангелизатори честопати запознаваат други духовно настроени млади на различните школи и состаноци што се одржуваат посебно за полновремените проповедници.d Родителите, локалните собраниски старешини, патувачките надгледници и други исто така можат да бидат од помош; тие можеби познаваат некои млади што би биле соодветни цимери.

Многу може да ти помогне и ако зборуваш. На колку повеќе луѓе им кажеш за твојата потреба, толку поверојатно ќе имаш резултати (Проповедник 11:6). Над сѐ, побарај помош од Јехова за да најдеш цимер и моли го да ги благослови твоите напори (1. Јованово 5:14, 15).

Распрашај се

Кога веќе си нашол потенцијален цимер, можеби со нетрпение чекаш да бидете заедно. Но, мудро е прво да се распрашаш за некои работи. Дали за таа личност ‚добро зборуваат браќата‘ во неговото или нејзиното собрание? (Дела 16:1, 2). Можеби ти и твоите родители ќе можете отворено да разговарате со некои духовно квалификувани лица што го познаваат него или нејзе. Би можеле да прашате: ‚На каков глас е тој? Дали е емоционално и духовно стабилен? Дали учествува во проповедањето на другите и дали коментира на состаноците? Дали е познат по исправно однесување?‘

Запомни: „Дружи се со мудрите, и ќе станеш мудар“ (Пословици 13:20). „Мојот цимер е многу духовно настроен“, вели Дејвид. „Тоа ми помага да останам духовен.“ Рене, која имала неколку цимерки, вели нешто слично: „Некои од моите цимерки ми предлагаа секоја вечер да читаме заедно по едно поглавје од Библијата. Бидејќи моите родители не беа Сведоци, никогаш немавме семејна библиска студија. Затоа, тоа што можев да имам ‚семејна студија‘ со моите цимерки беше супер за мене! Да, да имаш цимер што ја дели твојата љубов кон духовните работи може да биде вистински благослов.

Зборувајте отворено

Потоа, седнете заедно и дискутирајте за работите. Таквите разговори можат да ти помогнат да одредиш дали си одговарате како личности. Интересно, едно истражување за кое известил весникот Communication Research Reports открило дека цимерите што се слични во комуникациските особини „изјавиле дека се најзадоволни и најнаклонети кон цимерот“. Затоа, ако си отворен, дружељубив, експресивен тип, можеш да наидеш на проблеми ако си цимер со некого што е резервиран, мирен или склон да биде сам.

Иако не сакаш да ја претвориш дискусијата во нешто како полициско сослушување, може да биде од помош да дискутирате за сегашните цели и планови на идниот цимер. Дали се стреми кон духовен напредок или можеби е само заинтересиран да избега од некоја напната домашна ситуација? Лин укажува уште на еден проблем што може да се појави: „Имам цимерка што излегуваше со еден дечко, а тој доаѓаше кај нас цело време и остануваше до доцна навечер“. Лин сметала дека нивните изрази на наклоност се несоодветни и вознемирувачки. Но, понекогаш можат да се избегнат такви проблеми ако однапред се утврдат некои основни правила. На пример, Рене вели: „Имавме правило момчињата да не остануваат по терминот што го договоривме“. Исто така би било добро двата цимера да се согласат никогаш да не бидат сами во собата или во станот со некого од спротивниот пол.

Исто така вреди да се дискутира за такви работи како што се хоби, склоности и вкусови во музиката. „Би сакал да живеам со некого што сака исти работи како мене, што има сличен карактер, што сака да прави исти работи“, вели Марк. Се разбира, не мора да значи дека е исклучено да живееш со некого со кого имате различни вкусови. Вистинскиот проблем е во тоа колку сте флексибилни вие двајцата. Дали сте спремни да ги толерирате разликите и да правите преиначување за да си угодувате еден на друг?

Ли предлага: „Треба да прашаш и што очекува другиот од договорот. Некои луѓе очекуваат да им бидеш најдобар пријател и најдобар другар. Но, јас не сум заинтересирана за тоа“. И Дејвид вели: „Сакам цимер со кого можам да ги правам работите, но кој не смета дека секогаш мора да ми се закачи кога сакам да правам нешто со други луѓе“. Слично на тоа, дознај дали тој е заинтересиран да ти биде партнер во проповедничкото дело или има на ум нешто друго, како што е служба во собрание на друг јазик.

И на крајот, погрижи се да не ги запоставиш прашањата како што се готвењето (дали некој од вас знае да готви?), учеството во работата низ дома, користењето на личните предмети, плакарот, мебелот, подрумот и домашните миленичиња. Разговорот за таквите работи може да спречи недоразбирања и повредени чувства. Во Пословици 20:18 стои: „Намерите се спроведуваат со совет“.

„Пристојно и уредно“

Друго корисно начело има во Лука 14:28, каде што стои: ‚Пресметајте го трошокот‘. Да, обиди се да предвидиш колкави ќе бидат твоите животни трошоци. Колку ќе треба да потрошиш за кирија? Храна? Сметки? Дали ќе имате телефон? Ако да, како ќе ја поделите сметката? „Дефинитивно би се осигурала дали една девојка може да го плати својот дел од трошоците пред да ја земам за цимерка“, вели Лин. Списанието на Интернет The Next Step со право забележува: „Цимерите што не помагаат во трошоците за кирија или за храна . . . или прават високи сметки ти создаваат стрес што не му е потребен никому“.

„Понекогаш проблемот не е во тоа колку“, вели Рене, туку кога!“ Таа објаснува: „Нашата кирија се плаќа на трети во месецот. Но, понекогаш некоја цимерка ќе замине за викендот без да го плати својот дел и јас морам да му се извинувам на газдата“. Јасно, мудро е сѐ да се прави „пристојно и уредно“ и да не се оставаат важните работи на случајноста (1. Коринќаните 14:40). Честопати е мудро да се прават писмени договори.

Внимателноста и мудроста ја зголемуваат веројатноста да најдеш цимер што за тебе ќе биде благослов, а не извор на неволји. Меѓутоа, што ако се јават проблеми и судири на карактерите? Идната статија ќе дискутира за овие ситуации.

[Фусноти]

a Некои имиња се променети.

b Види ја статијата „Зошто ми е толку тешко да живеам со мојот цимер?“, што излезе во нашето издание од 8 јули 2002.

c Со оглед на тоа што многумина денес живеат заедно за неморални цели, треба да нагласиме дека во оваа статија се дискутира за цимери од истиот пол што живеат заедно поради економски или практични причини.

d Полновремените евангелизатори имаат предност да присуствуваат на Школата за пионерска служба. Состаноци со полновремените евангелизатори се одржуваат и во поврзаност со годишните покраински собири.

[Слика на страница 24]

Животот со лица што не се држат за библискиот морал носи опасности

[Слика на страница 24]

Пред да се согласиш да живееш со некого, седнете и дискутирајте за важни прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели