ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/8 стр. 30
  • Мит што не умира

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мит што не умира
  • Разбудете се! 2003
  • Сличен материјал
  • Божиќ — зошто дури и на Ориентот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Божиќ — зошто е толку популарен во Јапонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Што претставува Божиќ за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Корените на современиот Божиќ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Разбудете се! 2003
g03 8/8 стр. 30

Мит што не умира

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ФРАНЦИЈА

ДЕЦАТА низ целиот свет го обожаваат. Во една од изминативе години, француските поштенски служби примиле околу 800.000 писма за него — главно од деца на возраст од три до осум години. Со својата густа бела брада и црвена облека порабена со бело крзно, изгледа дека милозливиот лик на Дедо Мраз е еден од најпопуларните аспекти на празничните прослави. Затоа, можете ли да си замислите како некој ја пали куклата со неговиот лик? Токму тоа се случило пред нешто повеќе од 50 години во Дижон (Франција). На 23 декември 1951, Дедо Мраз бил „погубен“ пред очите на околу 250 деца.

Кој бил неговиот престап? Весникот France⁠-​Soir известил дека ова погубување било „одлучено врз основа на согласноста на свештениците, кои го осудиле Дедо Мраз како лик што му го зазема местото на Исус и како еретик“ и го обвиниле за „паганизирање на Божиќ“. Ова било „симболичен гест“, стоело во едно соопштение. „Лагата не може да ги разбуди верските чувства на децата и воопшто не е метод на образование.“

Некои свештеници сметале дека обичаите поврзани со Дедо Мраз ги одвратуваат луѓето од „вистинското христијанско значење“ на Христовото раѓање. Всушност, во мартовското издание на Les Temps Modernes (Модерни времиња) од 1952, етнологот Клод Леви⁠-​Страус го нарекол верувањето во Дедо Мраз „едно од најголемите легла на паганството за современиот човек“ и навело дека црквата била во право кога јавно го осудила ова верување. Леви⁠-​Страус исто така забележал дека потеклото на Дедо Мраз може да се следи сѐ до кралот на Сатурналии. Празникот Сатурналии се прославувал во древниот Рим од 17 до 24 декември. Во текот на таа седмица, куќите се украсувале со зеленило и се разменувале подароци. Исто како Божиќ, и празникот Сатурналии се карактеризирал со веселби.

Сега, повеќе од 50 години откако била запалена куклата со ликот на Дедо Мраз, како гледаат на него католиците во Франција? Овој далечен наследник на римскиот крал на Сатурналии е исто толку дел од Божиќ како што е и сликата на Исус во јасли. Одвреме навреме, некој свештеник јавно ќе го осуди Дедо Мраз како еден облик на комерцијализам што го исфрла Христос од Божиќ. Меѓутоа, во најголем дел, секаква несигурност во врска со паганските корени на Дедо Мраз исчезнала поради тоа што јавноста го прифаќа.

[Извор на слика на страница 30]

DR/© Clichè Bibliothèque nationale de France, Paris

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели