ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/11 стр. 23-24
  • Што значи да се биде глава на семејството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што значи да се биде глава на семејството?
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поглаварството не значи тиранија
  • Што опфаќа исправното поглаварство?
  • Како да се имитира Исус како поглавар?
  • Каков поглавар треба да биде мажот?
    Разбудете се! 2008
  • „Глава на секој маж е Христос“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Како ни користи начелото за поглаварство?
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Жени, зошто да бидете подложни на поглаварството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/11 стр. 23-24

Гледиште на Библијата

Што значи да се биде глава на семејството?

БИБЛИЈАТА вели дека „глава на жената е мажот“ (1. Коринќаните 11:3; Ефешаните 5:23). Но, мнозина што тврдат дека ја почитуваат Библијата сметаат дека ова начело за поглаварството на мажот не само што е старомодно туку е и опасно. „Ако оваа доктрина, според која жените треба ‚спремно да им се подложуваат‘ [на своите мажи], се сфати екстремно, тоа може да води и до физичко и до емоционално малтретирање“, изјавила една брачна двојка. За жал, злоупотребата на поглаварството зазема сѐ поголем замав. Една авторка вели: „Во многу култури, најнормално е мажот да си ја тепа жената. Тоа е негово машко право, кое се велича во песни, во пословици и на свадбените церемонии.“

Некои велат дека токму библиското начело за поглаварство ѝ го отворило патот на таквата бруталност. Дали библиското сфаќање во врска со поглаварството ги понижува жените и дали поттикнува на домашно насилство? Што всушност значи да се биде глава на семејството?a

Поглаварството не значи тиранија

Од гледна точка на Библијата, поглаварството е подготовка полна со љубов и во никој случај не е синоним за тиранија. Всушност, непочитувањето на авторитетот поставен од Бог е причина што, честопати, мажите сурово господарат над своите жени (Битие 3:16). Уште од Еденската градина, мажите често ја злоупотребувале својата моќ, злобно искористувајќи ги другите луѓе, меѓу кои и жените и децата.

Меѓутоа, Божјата намера во врска со поглаварството воопшто не била таква. На Јехова му се одвратни оние што го злоупотребуваат својот авторитет. Тој ги осудил Израелците што ‚им биле неверни‘ на своите жени (Малахија 2:13—16). Освен тоа, Бог вели дека „од дното на душата го мрази силникот“ (Псалм 11:5). Затоа, оние што си ги тепаат жените или на кој и да било друг начин ги малтретираат, во никој случај не можат да ја користат Библијата како изговор за своето насилно постапување.

Што опфаќа исправното поглаварство?

Поглаварството е основно уредување кое Бог го користи за да постои ред во универзумот. Сите, освен самиот Бог, му полагаат сметка на некого. Мажите му се подложни на Христос, децата им се подложни на родителите, а сите христијани им се подложни на властите. Дури и Исус му е подложен на Бог (Римјаните 13:1; 1. Коринќаните 11:3; 15:28; Ефешаните 6:1).

Подложноста кон власта е неопходна за да се има стабилно општество во кое владее ред. На сличен начин, подложноста кон главата на семејството е неопходна за да се изгради стабилно, среќно семејство во кое владее мир. Ова важи и за оние семејства во кои нема маж или татко. Во ваквите семејства, улогата на поглавар ја презема мајката. Кога нема ни татко ни мајка, најстарото од децата или некој роднина можат да ја преземе таа улога. Во сите вакви случаи, членовите на семејствата извлекуваат корист ако покажуваат должна почит кон оној што е овластен да преземе водство.

Според тоа, клучот не е да се отфрли начелото за поглаварство туку, напротив, да се има исправен став кон него и тоа да се спроведува како што треба. Апостол Павле ги советува христијанските мажи да бидат глава на своите семејства „како што е и Христос глава на собранието“ (Ефешаните 5:21—23). Со ова тој го истакнува начинот на кој Христос постапувал со собранието како совршено мерило за поглаварство. Каков пример дал Христос?

Иако Исус како Месија и иден Цар добил авторитет од самиот Бог и бил многу поинтелигентен и имал далеку поголемо животно искуство од своите ученици, тој покажувал љубов, бил срдечен и сочувствителен. Никогаш не бил груб, непопустлив и никогаш не барал премногу од другите. Не се расфрлал со својот авторитет и не ги потсетувал постојано дека тој е Божјиот Син. Исус бил понизен, кроток во срцето. Поради тоа ‚неговиот јарем бил благ и неговиот товар бил лесен‘ (Матеј 11:28—30). Затоа било лесно да му се пристапи и бил разумен. Всушност, Павле вели дека Исус толку многу го сакал собранието што ‚се дал себеси за него‘ (Ефешаните 5:25).

Како да се имитира Исус како поглавар?

Како може главата на семејството да ги покажува особините што ги имал Христос? Еден одговорен поглавар се грижи за физичката и за духовната благосостојба на своето семејство. Тој самопожртвувано се троши себеси посветувајќи им соодветно време и внимание на нивните поединечни и заеднички потреби. Интересите на својот партнер и на децата ги става пред сопственитеb (1. Коринќаните 10:24; Филипјаните 2:4). Со тоа што ги применува библиските начела и учења во својот секојдневен живот, мажот се здобива со почитта и подршката од својата жена и од децата. Штом тој го спроведува своето поглаварство со љубов, тие можат со заеднички напори успешно да излезат на крај со проблемите. Значи, ако го спроведува поглаварството на библиски начин, мажот гради среќно семејство кое му носи чест и фалба на Бог.

Еден мудар поглавар исто така е понизен. Кога има потреба, тој спремно ќе се извини, дури и ако му е тешко да признае дека згрешил. Библијата вели дека спасението е „од многу советници“ (Пословици 24:6). Да, понизноста исто така ќе го мотивира семејниот поглавар да ја сослуша својата жена и децата, а и самиот да ги праша за мислење кога тоа е на место. Ако го имитира Исус, мажот, како глава на христијанското семејство, може да биде сигурен дека неговото поглаварство не само што му носи среќа и сигурност на неговиот дом, туку и му оддава чест и го слави Основачот на семејството, Јехова Бог (Ефешаните 3:14, 15).

[Фусноти]

a Иако оваа статија главно зборува за улогата на мажот и таткото во семејството, начелата што важат за поглаварот на семејството можат да им користат како на самохраните мајки така и на сираците што мораат да се грижат за своите браќа и сестри.

b Книгата Тајната на семејната среќа, издадена од Јеховините сведоци дава практични предлози како да се грижиме за семејството со љубов.

[Слика на страница 23]

Разумниот сопруг го зема предвид мислењето на својата жена и на децата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели