ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/07 стр. 23-25
  • „Црниот лебед“ на каналите на Венеција

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Црниот лебед“ на каналите на Венеција
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потеклото на гондолата
  • Типична за Венеција
  • Карактеристиките на гондолата
  • Каналите во Британија
    Разбудете се! 2008
  • Содржина
    Разбудете се! 2007
  • Галилејскиот чамец — скапоценост од библиски времиња
    Разбудете се! 2006
  • Бродолом на еден остров
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 5/07 стр. 23-25

„Црниот лебед“ на каналите на Венеција

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИТАЛИЈА

ОПКРУЖЕНА со влажни ѕидови, со засводени камени мостови, со прозорци со живописни орнаменти и балкони преполни со цвеќе, таа полека се движи по каналот. Црна е, елегантна е и бесшумна. Оддалеку личи на црн лебед. Иако телото ѝ е направено од дрво, а вратот, кој ни најмалку не е мек и пердувест, е направен од метал, таа плови низ каналите на Венеција (Италија) исто толку грациозно колку и убавата птица на која личи. Тоа е гондолата, која, според некои, е најславниот чамец во светот. Од каде потекнува гондолата? Зошто е толку популарна? Што ја прави поинаква од другите чамци?

Потеклото на гондолата

Не е лесно да се одреди кога точно се појавила првата гондола, иако некои сметаат дека тоа било во 11 век н.е. Гондолата првпат се појавува на слики кон крајот на 15 век. Но, дури во 17 и 18 век таа го добива својот карактеристичен изглед по кој е толку позната и поинаква од сите други чамци. Гондолата веќе имала рамно дно, но во овој период почнала да го добива својот препознатлив издолжен облик и својот метален клун.

Не е лесно да се дознае ни потеклото на името на гондолата. Некои велат дека зборот „гондола“ е изведен од латинскиот збор кимбула (cymbula), кој бил име за еден мал чамец, или од зборот конкула (conchula), деминутив од конка (concha), кој значи „школка“.

Типична за Венеција

Но, во едно можеме да бидеме сигурни — овој чамец е многу тесно поврзан со Венеција. Всушност, гондолата веројатно е најпрепознатливиот симбол на Венеција. На колку само слики од Венеција има гондола!

Уште нешто ги поврзува гондолата и Венеција. Да пловиш низ каналите во гондола „е сосема поинаков начин да ја запознаеш Венеција“, вели Роберто, гондолиер, кој им се става на располагање на туристите кои сакаат да пловат по каналите на градот. „Не ги гледаш само вообичаените знаменитости, туку го запознаваш срцето на Венеција.“ Познатиот германски писател Јохан Волфганг фон Гете рекол дека кога се наоѓал во гондола, се чувствувал како „Господар на Јадранското Море, како што се чувствува секој венециец кога ќе си прилегне во својата гондола“. Роберто вели: „Многу бавното движење на гондолата е во совршен склад со духот на Венеција. Потонати во меките перници во чамецот, имате чувство како конечно да имате време на претек“.

Карактеристиките на гондолата

Ако внимателно набљудуваш една гондола, можеби ќе ти биде чудно како може да се движи право кога има само едно весло прицврстено на оска од десната страна на чамецот. Според логиката, без постојано израмнување, чамецот би скршнувал на едната страна и би вртел во круг — но не е така. Зошто? Џилберто Пенцо, стручњак за стари чамци, вели: „Ако употребиме една метафора и структурата на чамецот ја споредиме со човечко торзо, при што кобилицата го претставува ’рбетот, а скелетот ги претставува ребрата, тогаш можеме да речеме дека гондолата страда од тежок облик на сколиоза (искривување на ’рбетот)“. Со други зборови, трупот на овој чамец не е симетричен — десната страна е потесна од левата за 24 сантиметри. Како резултат на тоа, десната страна на гондолата е подлабоко во водата отколку левата. Бидејќи гондолата има само едно весло, искривеноста помага чамецот да плови право. Исто така со оваа искривеност се изедначува тежината на гондолиерот, бидејќи тој не стои на средината додека весла. Така гондолата може да држи правец.

Една карактеристика на овој „лебед“ е неговиот врат, односно клун. Освен железната крма, ова е единствениот метален дел на чамецот. Писателот Џанфранко Мунерото вели дека клунот „е толку впечатлив и препознатлив што кога човек еднаш ќе го види, никогаш повеќе не го заборава“. Отпрвин железниот клун служел како противтежа на гондолиерот кој стои на крмата, но сега има цел само да го разубави чамецот. Според традицијата, тенките, сплеснати лопатки на клунот ги претставуваат шесте сестиери, или реони, на коишто е поделен градот Венеција, додека малиот заб на задниот дел од клунот го претставува венецискиот остров Џудека. Се вели дека клунот е извиен во облик на буквата Ѕ за да го претставува обликот на Големиот Канал во Венеција.

Друга карактеристика на гондолата е нејзиното црно „перје“. Има најразлични објаснувања за тоа зошто овие чамци се црни. Според едно такво објаснување, во 16 и 17 век толку се претерувало со украсувањето, боите и раскошот на гондолите што за да ги поттикне сопствениците на умереност, сенатот на Венеција морал парично да ги казнува оние чии гондоли биле премногу кичесто украсени. Но, мнозина повеќе сакале да платат казна отколку да не си ги украсат гондолите. Поради тоа, еден судија наредил сите гондоли да се бојадисаат црни. Според едно друго објаснување, црната боја била знак на жалост за илјадниците луѓе кои умреле од црната чума. Трети, пак, велат дека црната боја на гондолите најдобро го истакнувала белиот тен на венециските благороднички. Но, вистината е многу поедноставна. Барем во почетокот, црната боја се должела на катранот со кој се премачкувале гондолите за да не пропуштаат вода.

Откако црниот лебед лежерно ќе те прошета по мирните води, се враќаш на скалите на кејот каде и што го започна своето патување. Додека со погледот ја следиш гондолата како отпловува во далечина, можеби за момент ќе застанеш и ќе почекаш да видиш дали овој лебед ќе го сврти својот долг врат и ќе си ги измазни разбушавените перја.

[Слика на страница 24]

Скелетот на гондолата не е симетричен

[Слика на страници 24 и 25]

Препознатливиот клун

[Слика на страница 25]

Роберто, гондолиер на каналите на Венеција

[Извор на слика на страница 25]

© Medioimages

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели