ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/08 стр. 30
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2008
  • Сличен материјал
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2008
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2008
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2008
  • Најдов вистинска љубов и мир
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 3/08 стр. 30

Писма од читателите

Помош за младите да се справат со проблемите (март 2007) Како 18-годишна девојка, можев да се најдам во многу работи од оваа статија кои се однесуваа на мобилните телефони и на Интернет. Почнав да комуницирам со непознати преку страниците за дружење. За кратко време се фатив во замката на лошото друштво. Речиси веднаш почувствував како духовноста почна да ми ослабнува. Се договорив дури и лично да се сретнам со некои од оние со кои контактирав. За жал, ова заврши со неморал. Се молам оваа статија да им помогне на другите да ги избегнат болката и страдањето со кои морам да живеам сега. Бессоните ноќи и сеќавањата што постојано ми навираат ми го отежнуваат животот, но решена сум да не му попуштам на Сатана.

Б. Р., САД

Зошто паѓам во несвест? (април 2007) Многу се охрабрив кога прочитав дека не сум единствената што паѓа во несвест. Додека ја читав оваа статија, се чувствував како Јехова да ми вели: „Знам низ што минуваш, затоа еве ти едно мало охрабрување“.

И. Р., Мадагаскар

Нешто многу потрајно од уметноста (април 2007) Не можам да изразам со зборови колку сум ви благодарна за оваа статија. Шест години држев две успешни фотостудија. Си ја сакав струката бидејќи ми даваше можност да ја изразам својата креативност. Но, сфатив дека, колку повеќе напредував во кариерата толку повеќе страдаше мојата служба за Јехова. Толку се трошев за уметноста што речиси воопшто не ми остануваше време за други активности. Бев свесна дека мора нешто да сменам. Затоа дадов отказ и станав поактивна во духовен поглед. Радоста и задоволството што ги доживував како професионален фотограф не можат ни оддалеку да се споредат со радоста што ми ја причинува христијанската служба.

А. П., САД

Младите прашуваат... Дали тој е вистинскиот за мене? (мај 2007) Неодамна се вљубив во еден дечко за кого мислев дека е добра прилика за мене. Но, откако ја прочитав оваа статија, сфатив дека она што ми се допаѓа кај него и не е толку важно. Статијата ми помогна да сфатам дека најважно е дали потенцијалниот брачен партнер има духовни особини и како постапува со другите. Му благодарам на Јехова за ваквите статии што ни помагаат на нас младите да ги избегнеме опасностите и да одиме по правиот пат.

Е. П., САД

Средба со луѓето од Источен Тимор (мај 2007) Оваа статија ми беше многу интересна. Првпат слушнав за Источен Тимор кога на вестите почна да се зборува за немирите во оваа земја. Оттогаш бев загрижена за луѓето таму и се прашував како Јеховините сведоци проповедаат под такви околности. Бев изненадена од ставот на овие луѓе кои не се разочаруваат и покрај суровите услови, туку продолжуваат со своите секојдневни активности. Непоколебливиот дух на луѓето од Источен Тимор и срдечните насмевки на Џејкоб и на неговото семејство ми оставија траен впечаток.

Ј. М., Јапонија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели