ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/08 стр. 3-4
  • Зошто сме тука?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто сме тука?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Луѓе што го барале одговорот
  • Твојот живот — успешно патување?
  • Добил утеха од својот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Бил утешен од својот Бог
    Угледајте се на нивната вера
  • Дали животот има вистинска смисла?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Ќе бидеш ли верен како Илија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 12/08 стр. 3-4

Зошто сме тука?

Која е смислата на животот?

КОН овие често поставувани прашања би можеле да додадеме уште едно: Има ли нешто подобро отколку да живееме само 70-80 години, и на крајот да умреме? (Псалм 90:9, 10).

Се чини дека таквите прашања најмногу нѐ мачат тогаш кога ќе сфатиме колку е краток животот. Се разбира, не мора да се најдеме во некаква смртна опасност за да се прашаме зошто сме тука. Ова прашање може да ни се јави и кога ќе се разочараме. А некои, пак, си го поставуваат кога размислуваат за својот начин на живот.

Дејв имал добро платена работа, убав стан и уживал во друштвото на многуте свои пријатели. Тој раскажува: „Еднаш, доцна навечер, се враќав дома од една забава. Одеднаш си помислив: ‚Зарем ова е единствената смисла на мојот живот — да живеам кратко време и потоа да умрам? Има ли животот некоја повозвишена цел?‘ Бев вознемирен од помислата дека водам толку празен живот“.

Во својата книга Човековата потрага по смисла (Man’s Search for Meaning), Виктор Франкл, кој го преживеал холокаустот, спомнува дека некои созатвореници се соочиле со вакво прашање откако биле ослободени од концентрационите логори. Кога се вратиле дома, некои од нив дознале дека нивните најблиски не се повеќе меѓу живите. Франкл пишува: „Колку е болно кога најпосле ќе го дочекаш денот по кој си копнеел, само за да сфатиш дека е сосема поинаков отколку што си очекувал!“

Луѓе што го барале одговорот

Во секоја генерација имало лица што сакале да знаат зошто се тука. Библијата зборува за некои луѓе кои се прашувале каква смисла има нивниот живот. Измачуван од една тешка болест, Јов, кој претходно ги загубил богатството и децата, прашал: „Зошто не умрев уште во утробата на мајка ми? Зошто не издивнав излегувајќи од нејзината утроба?“ (Јов 3:11).

Пророкот Илија имал слични чувства. Бидејќи мислел дека не останал ниту еден Божји слуга освен него, со болка во срцето рекол: „Доста ми е! Јехова, земи ја сега мојата душа“ (1. Царевите 19:4). Многу луѓе денес се чувствуваат токму така. Библијата со право вели дека Илија ‚бил човек кој имал исти чувства како и ние‘ (Јаков 5:17, фуснота).

Твојот живот — успешно патување?

Животот би можеле да го споредиме со патување. Слично како кога некој тргнува на пат без да планира каде ќе оди, би можеле да го живееме животот без да сме свесни која е целта на нашето постоење. Тоа може да нѐ натера да се преокупираме со најразлични обврски и активности, мислејќи дека така ќе имаме поисполнет живот. Според зборовите на писателот Стивен Р. Кови, некои луѓе „остваруваат празни цели и се борат за некаков успех на сметка на други работи за кои одеднаш ќе сфатат дека многу повеќе им значеле“.

Сигурно ќе се согласиш дека некој што патува во погрешна насока нема да постигне ништо со тоа што ќе ја зголеми брзината. Слично е и со потрагата по смисла во животот — тоа што ќе водиме живот со позабрзано темпо, само по себе, нема вистински да нѐ исполни и да нѐ усреќи.

Прашањето во врска со смислата на животот си го поставуваат лица од различни култури и на различна возраст. Причина за тоа е што сите имаме една длабока, духовна потреба која не можеме да ја задоволиме со материјални работи. Прочитај како некои се обиделе да ја задоволат ваквата потреба додека се труделе да најдат смисла во животот.

[Истакната мисла на страница 4]

Тоа што ќе водиме живот со позабрзано темпо, само по себе, нема вистински да нѐ исполни и да нѐ усреќи

[Слика на страница 3]

Јов прашал зошто се родил

[Слика на страница 4]

Илија имал „исти чувства како и ние“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели