Ученици под стрес
ЏЕНИФЕР (17) отсекогаш била една од најдобрите ученички во класот. Учествувала во многу воншколски активности, а професорите многу ја ценеле. Но, во текот на годината кога требало да матурира, имала силни главоболки и често ѝ се гадело. Таа мисли дека тоа ѝ е последица од претераната посветеност на учењето и од недоспаноста.
Ова воопшто не е редок случај. Изгледа дека бројот на ученици кои доживуваат голем стрес на училиште постојано расте. Некои од нив бараат помош и кај психијатар. Од таа причина, група американски педагози воведоа посебна програма за намалување на притисокот врз учениците.
Ако си ученик, можеби си под стрес како и Џенифер. Ако си родител, можеби гледаш како син ти или ќерка ти постојано е под притисок на училиште. Каде можат учениците и нивните родители да најдат совети што сигурно ќе им помогнат да се справат со ваквиот стрес?