ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/11 стр. 21
  • „Ви благодарам за оваа рубрика!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ви благодарам за оваа рубрика!“
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Ученици под стрес
    Разбудете се! 2009
  • Млади — Јехова нема да го заборави вашето дело!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Професор по финансиско сметководство зборува за својата вера
    Разбудете се! 2014
  • Што да правам ако имам депресија?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 7/11 стр. 21

„Ви благодарам за оваа рубрика!“

● Луѓе од целиот свет изразија ценење за рубриката „Семејно катче“ која излегува на 30. и 31. страница во секој број на Разбудете се! Интерактивните слики, цртежи и прашања, библиските картички кои може да се исечат, делот во кој децата се поттикнати да ги најдат сликите низ списанието и делот „Семеен проект“ се поучни и забавни за целото семејство. Еве неколку коментари:

„Ја проучувам Библијата со моите 12-годишни внуци преку пошта. Им ја праќам рубриката ‚Семејно катче‘, тие ги пополнуваат одговорите и ми ги враќаат листовите. Гледам дека уживаат во ваквото проучување, а во моите писма можам да им ги дообјаснам точките што се обработени. Ви благодарам за оваа рубрика!“

В. К., САД

„Неодамна, мојот 5-годишен син ме замоли пред да си легне да разгледаме еден дел со наслов ‚Што е погрешно на оваа слика?‘ Избрав еден и започнавме разговор околу сликата. Син ми слушаше внимателно додека му го читав извештајот директно од Библијата. Сега сака да проучуваме речиси секоја вечер. Јас и моето семејство сакаме од сѐ срце да ви се заблагодариме што им помагате на нашите деца да ја засакаат Библијата.“

М. Ф., Франција

„На една автобуска станица ги запознав Дејвид (12) и Џенифер (6). Татко им виде дека на патниците им нудам Разбудете се!, па им дозволи на децата да дојдат кај мене и да видат што правам. Таткото и синот почнаа да ги читаат списанијата, а јас и малата Џенифер ги разгледувавме прекрасните илустрации и фотографии од птици и животни. Разговаравме за сите убави работи кои Јехова Бог ги создал за наша радост. Кога дојдовме до 31. страница, се задржавме на делот ‚Деца, најдете ги сликите!‘ Додека се обидував да ја најдам првата слика, Џенифер набрзина го прелиста списанието и веднаш ја најде. Сакавме да ги најдеме и втората и третата слика, и повторно Џенифер беше побрза. Всушност, таа сакаше да продолжиме да ги разгледуваме сликите, и на крај поминавме десет различни броеви на Разбудете се! Тогаш Џенифер побара уште два примерока за татко ѝ и брат ѝ. Кога тргнав да си одам, сите тројца изразија ценење за убавите теми во списанијата.“

М. К., Еквадор

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели