ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/10 стр. 14-15
  • Кога Сонцето станало црвено

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога Сонцето станало црвено
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ерупција од пукнатина
  • Далекосежни последици
  • Лаки во современа доба
  • Дали си буден за нашите времиња?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Во сенката на заспаниот џин
    Разбудете се! 2007
  • Како избегавме од страшната река лава!
    Разбудете се! 2003
  • Внимавај на предупредувањето!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Разбудете се! 2010
g 2/10 стр. 14-15

Кога Сонцето станало црвено

ЛЕТОТО 1783 год., големи делови од северната полутопка неколку месеци по ред биле прекриени со чудна сува магла. Сонцето добило црвена боја, вегетацијата се исушила, а безброј луѓе го изгубиле животот. Проценките покажуваат дека само во Франција и Англија маглата убила десетици илјади лица. Многу други се разболеле. Најверојатно нивниот број бил толку голем што земјоделците едвај успевале да најдат работници што ќе го соберат родот од нивите кои не биле погодени од таа појава.

Маглата е наречена „една од најневообичаените метеоролошки и геофизички феномени во последниве илјада години“. Но, причината за оваа магла им била позната само на жителите на Исланд. Имено, се работело за локална вулканска ерупција за која експертите велат дека настанува само еднаш во неколку векови. Се разбира, најтешко погоден бил Исланд, за кој се проценува дека загубил околу 20 отсто од населението.

Ерупција од пукнатина

На 8 јуни 1783 год., жителите на областа Сита во јужниот дел на Исланд ги виделе првите злокобни навестувања за појавата која подоцна станала позната како ерупцијата од пукнатината Лаки. На темел на информациите кои ги запишале очевидци од многу земји, истражувачите составија мапа на која може да се види како се движела маглата од ден на ден. Еден очевидец од Исланд, Јон Стајнгримсон, запишал дека видел како од север се задава „црн чад“. Небото над него потемнело, а земјата била прекриена со ситна пепел. Потоа уследиле земјотреси и помали потреси. Тој напишал дека една седмица подоцна ‚од кањонот на [реката] Скафта се излеал страшен огнен поток‘ кој носел сѐ пред себе. Стајнгримсон опишал што се случувало следните осум месеци.

При оваа појава позната како наплавен базалт, во Земјината кора настанала пукнатина долга 27 километри, низ која се растекле 15 кубни километри лава — повеќе отколку кај која и да е друга документирана ерупција! Ерупциите од растопена карпа се издигнувале стотици метри над земјата, а лавата течела околу 80 километри од местото каде што настанала пукнатината и покрила површина од околу 580 квадратни километри, при што го пополнила коритото на реката Скафта.

Во период од една година, пепелта и отровните хемикалии, кои ја прекриле тревата на Исланд, убиле повеќе од 50 отсто од говедата и околу 80 отсто од коњите и овците. Завладеал глад. Пукнатината Лаки испуштила и околу 122 милиони тони сулфур диоксид во атмосферата, каде што во допир со водената пареа настанале околу 200 милиони тони кисел аеросол.a

Далекосежни последици

Тоа лето, ветровите го разнеле загадениот воздух на голема оддалеченост. Во Британија и во Франција луѓето опишале „чуден облак, т.е. густа магла“ каква што не се памети. Овој смрдлив воздух заситен со сулфур предизвикал проблеми со дишењето, дизентерија, главоболки, болки во очите и грлото и други здравствени проблеми. Густиот облак од сулфур диоксид помешан со сулфурна киселина косел и млади и стари.

Според еден извештај од Германија, за само една ноќ, отровната магла ги исушила лисјата на дрвјата покрај реката Емс. Во Англија, зеленчукот свенал, а лисјата се исушиле како да ги спржило сонцето. Слични извештаи постојат и во Италија, Романија, Скандинавија, Словачка, Унгарија, Франција и Холандија. Ваква магла била забележана дури и во Португалија, Тунис, Сирија, Русија, западна Кина и Њуфаундленд.

Бидејќи загадената атмосфера ги попречила и сончевите зраци, има некои навестувања дека температурите исто така се промениле. Во 1784 год., температурите во Европа биле за 2°С пониски од просечната температура во текот на втората половина од 18 век. На Исланд било речиси 5 степени поладно. Зимата 1783/84, во Северна Америка било толку студено што се спомнува дека санти мраз ‚пловеле низ Мисисипи сѐ до Мексиканскиот Залив‘.

Според некои изучувачи, тоа што народот Каверак (Инуити кои живеат на северозапад од Алјаска) се нашол во опасност да исчезне можеби се должи на гладот што го предизвикала ерупцијата од Лаки. Врз основа на годовите во дрвјата може да се види дека летото во 1783 год. било најстуденото лето на Алјаска во изминатите 400 години. Според едно усно предание на овој народ, имало година кога топлата сезона завршила во јуни, по што уследила екстремно студена зима и настапил глад.

Лаки во современа доба

Елементарната непогода во 1783 год. е речиси целосно заборавена — не само поради тоа што се случила одамна туку и поради тоа што повеќето од оние што ја преживеале не биле свесни за нејзината причина. Меѓутоа, на Исланд, ерупцијата од Лаки се памети како најголемата природна катастрофа во историјата на оваа земја.

Некои сметале дека оваа катастрофа била казна од Бог. Меѓутоа, ваквото гледиште не е во склад со Библијата (Јаков 1:13). Бог не ги уништува добрите заедно со злите, зашто „сите негови патишта се правда“ (5. Мојсеева 32:4). Во иднина, правдата ќе биде задоволена на еден прекрасен начин кога Бог ќе ги преземе работите во свои раце. Библијата вели дека тој има намера да ги искорени сите причини за смрт и страдање, во кои спаѓаат и природните катастрофи (Исаија 25:8; Откровение 21:3, 4).

[Фуснота]

a Сулфур диоксидот и денес го загадува воздухот и предизвикува кисели дождови. Овој гас настанува при согорување на фосилни горива, како што се јагленот, природниот гас и нафтата.

[Слика на страници 14 и 15]

Авионска снимка од пукнатината Лаки

[Слика на страници 14 и 15]

Ерупција на усвитена лава

[Слика на страница 15]

Сателитска снимка од Исланд

[Извори на слики на страница 14]

Ерупција на лава: © Tom Pfeiffer; авионска снимка: U.S. Geological Survey; сателитска снимка: Jacques Descloitres, MODIS Rapid Response Team, NASA/GSFC

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели