ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/10 стр. 6-9
  • Како да го контролираш стресот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да го контролираш стресот
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиските вистини се многу важни
  • Како ни помага добрата комуникација
  • Особини кои го намалуваат стресот
  • Стрес — опасен по здравјето
    Разбудете се! 2010
  • Како да се справиш со стресот
    Разбудете се! 2020
  • Како да се справам со стресот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Стрес — причини и последици
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 6/10 стр. 6-9

Како да го контролираш стресот

Библијата зборува за „опасни времиња полни со стресови и проблеми“. Најверојатно ќе се согласиш дека токму сега живееме во такви времиња (2. Тимотеј 3:1, The Amplified Bible).

КАКО што знаеш и самиот, полесно е да се изгасне мал оган отколку една огнена стихија. Слично е и со стресот — полесно е да се контролира ако е мал, отколку ако, со текот на времето, ги премине сите граници. Како што вели еден лекар, „многу е важно да стекнеме навика да го контролираме стресот секој ден, и покрај брзото темпо на живот“.a

Ако си поставиме за цел секојдневно да го контролираме стресот, ќе имаме двојна корист. Како прво, тоа ни помага да ги отстраниме причините за стрес кои можат да се отстранат. И, како второ, ваквата навика ќе ни помогне да ја контролираме нашата реакција на неизбежните стресни ситуации.

Дали Библијата ни дава некакво водство како да се справиме со стресот?

Библиските вистини се многу важни

Колку повеќе ги разбираме вистините од Библијата толку ни е појасно како размислува нашиот Творец, а тоа нѐ освежува и нѐ закрепнува. Божјата Реч е извор на скапоцено водство. Таа изобилува со корисни совети за намалување на стресот! Тие можат да ни помогнат ‚да не се плашиме‘ кога ќе се најдеме во стресна ситуација и да се справиме со неа (Исус Навин 1:7-9).

Библијата ни помага да го намалиме стресот на еден прекрасен начин. Таа нѐ уверува дека нашиот небесен Татко, Јехова, „е полн со сочувство и милосрден“ (Јаков 5:11). „Една работа што многу ми помогна“, објаснува Патриша, која порано работела како професор на еден универзитет во Калифорнија, „е тоа што размислував за Божјата волја и за прекрасните работи што ги постигнува Бог.“

Луѓето што ги слушале поуките на Исус Христос биле угнетувани, и поради тоа биле под голем стрес. Помисли колку неговите љубезни зборови и постапки им дале нова сила. Исус ги повикал: „Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени, и јас ќе ве закрепнам“ (Матеј 11:28-30).

Исус постапувал во склад со овие зборови, и не бил груб. Напротив, бил обѕирен кон емоционалните и кон физичките потреби на своите ученици, па дури и се погрижил да се одморат од проповедањето во кое биле доста зафатени (Марко 6:30-32). Можеме да бидеме сигурни дека Исус, кој сега е Цар на небото, се соживува со нас кога се соочуваме со некој неподнослив стрес. Тој милосрдно се грижи за нас „кога... ни треба помош“ (Евреите 2:17, 18; 4:16).

Како ни помага добрата комуникација

Добрата комуникација е еден од најважните начини да се справиме со стресот. Библијата вели: „Намерите пропаѓаат таму каде што нема доверлив разговор, а успехот лежи во мноштвото советници“ (Изреки 15:22). Многумина увиделе дека стресот е значително помал откако ќе разговараат со брачниот другар, со некој пријател или колега на работа.

Најважниот и најкорисен „доверлив разговор“ што можеме да го водиме во секој момент е молитвата до Бог. Редовната молитва може да ти помогне да не бидеш ‚загрижен за ништо‘. Потпирајќи се на Бог во молитва, многумина го почувствувале „мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла“. Во склад со тоа што го ветува Библијата, ‚нивните срца и нивниот ум‘ навистина биле заштитени (Филипјаните 4:6, 7; Изреки 14:30).

Една книга во врска со стресот вели дека „луѓето што имаат поддршка од пријателите полесно се справуваат со стресот и имаат подобро ментално здравје од оние кои се обидуваат сѐ да направат сами“. Не постои поголема поддршка од онаа што ја имаат слугите на вистинскиот Бог, Јехова. Следејќи една библиска заповед, тие редовно се собираат и меѓусебно се храбрат (Евреите 10:24, 25). „Понекогаш работам долго и често сум под голем стрес“, вели еден посетител на овие состаноци. „Но, додека да се каже последната молитва, стресот исчезнува и се чувствувам освежено.“

Друг важен начин да се справиме со стресот е хуморот. Во Проповедник 3:4 се вели дека има „време за плачење и време за смеење“. Смеењето нѐ освежува и е добро за здравјето бидејќи, како што објаснува еден лекар, „кога се смееме, телото произведува ендорфини и го намалува лачењето на адреналин“. Една сопруга вели: „Маж ми и во најстресните ситуации знае да каже некоја смешка, а тоа многу помага“.

Особини кои го намалуваат стресот

Библијата нѐ поттикнува да развиваме особини кои го намалуваат стресот. Во нив спаѓаат ‚љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, љубезноста, добротата, верата, благоста и самосовладувањето‘, наречени ‚плодови на Божјиот дух‘. Освен тоа, таа нѐ поттикнува да избегнуваме „злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор“. А потоа додава: „Бидете милостиви еден спрема друг, имајте сомилост, спремно простувајќи си еден на друг“ (Галатите 5:22, 23; Ефешаните 4:31, 32).

Еден лекар објаснува колку е корисно да се применуваат ваквите библиски поуки, особено во денешниов свет. Тој вели: „Кога покажуваме почит кон другите, стресот значително се ублажува“. Библијата ни помага да развиваме скромност, односно реално да ги проценуваме нашите способности (Михеј 6:8).

Бог очекува понизно да признаеме дека имаме физички, ментални и емоционални ограничувања и дека не можеме да направиме сѐ што би сакале да направиме. Колку и да е тешко, мора да научиме кога и како да кажеме ‚не‘ на извесни барања кои ги надминуваат нашите можности.

Ова не значи дека, ако ги примениме библиските совети кои беа разгледани погоре, ќе немаме никаков стрес. Факт е дека Божјите слуги му се главна мета на Сатана Ѓаволот, кој сака да докаже дека тие ќе му свртат грб на вистинскиот Бог кога ќе бидат ставени под доволно силен притисок (Откровение 12:17). Но, како што видовме, постојат многу начини на кои Бог навреме ни помага да го намалиме стресот и да се справиме со него.b

[Фусноти]

a Ако стресот трае подолго или е толку силен што ти го нарушува здравјето, би било добро да побараш и стручна медицинска помош.

b Повеќе предлози како да се справиш со стресот можеш да најдеш во уводните статии во Разбудете се! од 8 август 2005 и во српското издание на Разбудете се! од 8 февруари 2001.

[Рамка на страница 9]

КАКО ДА ГО НАМАЛИШ СТРЕСОТ

● Не очекувај совршенство од себеси и од другите (Проповедник 7:16)

● Стави ги исправните работи на прво место (Филипјаните 1:10, 11)

● Вежбај редовно (1. Тимотеј 4:8)

● Уживај во Јеховиното творештво (Псалм 92:4, 5)

● Редовно одвојувај време за себе (Матеј 14:23)

● Рекреирај се и спиј доволно (Проповедник 4:6)

[Слика на страница 7]

Редовната комуникација е важен начин да го намалиш стресот

[Слика на страница 7]

Развивањето на побожни особини го намалува стресот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели