ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g20 Бр. 1 стр. 8-13
  • Како да се справиш со стресот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се справиш со стресот
  • Разбудете се! 2020
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Труди се да живееш од ден за ден
  • Имај разумни очекувања
  • Утврди што ти создава стрес
  • Труди се да бидеш организиран
  • Биди урамнотежен
  • Внимавај на твоето здравје
  • Постави си приоритети
  • Побарај помош
  • Грижи се за своите духовни потреби
  • Како да го контролираш стресот
    Разбудете се! 2010
  • Како да се справиме со стресот
    Разбудете се! 2014
  • Како да се справам со стресот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Стрес — опасен по здравјето
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2020
g20 Бр. 1 стр. 8-13
Една жена во голем град е среќна и има самодоверба.

КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО СТРЕСОТ

Како можеш да се справиш со стресот

Ако сакаш полесно да се справиш со стресот, треба да обрнеш внимание на своето физичко здравје, на твоите односи со другите и на твоите цели и приоритети во животот, односно да размислиш кои работи ти се навистина важни. Во оваа статија се разгледани неколку практични начела и совети што можат да ти помогнат подобро да се справиш со стресот, а можеби дури и да го намалиш.

Труди се да живееш од ден за ден

Една жена радосно и со самодоверба се шета во еден голем град.

„Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи“ (МАТЕЈ 6:34).

Што значи ова: Секојдневните грижи се дел од животот. Но немој да си ги зголемуваш грижите што ги имаш денес така што ќе се оптоваруваш со грижите кои ќе ги донесе утрешниот ден. Труди се да живееш од ден за ден.

  • Стресот може да ни создаде чувства на загриженост и страв. Затоа, би можел да го направиш следново: Прво, помири се со фактот дека не можеме да го избегнеме секој стрес. Ако се грижиме за работите што не можеме да ги спречиме, само си го зголемуваме стресот. Второ, имај на ум дека работите најчесто не испаѓаат толку лошо колку што си мислиме.

Имај разумни очекувања

„Вашата разумност нека им биде позната на сите луѓе“ (ФИЛИПЈАНИТЕ 4:5).

Што значи ова: Немој да бидеш перфекционист. Немој да имаш преголеми очекувања од себеси и од другите.

  • Биди свесен за своите и за ограничувањата на другите, и имај разумни очекувања. Така ќе си го намалиш стресот, а и другите ќе имаат помалку стрес. Освен тоа, ќе постигнеш подобри резултати во она што го правиш, а ќе им помогнеш и на другите да бидат поуспешни. Исто така, задржи смисла за хумор. Кога се смееш, дури и кога нешто не оди како што треба, се ослободуваш од напнатоста и ти се подобрува расположението.

Утврди што ти создава стрес

„Оној што е мудар, останува мирен до крајот“ (ИЗРЕКИ 29:11).

Што значи ова: Негативните чувства како што се гневот, вознемиреноста или нестрпливоста можат да ти отежнат да размислуваш јасно. Затоа труди се да останеш смирен во секоја ситуација.

  • Утврди што ти создава стрес и забележи како реагираш. Кога си под стрес, обрни внимание на своите мисли, чувства и постапки. Можеш дури и да си ги запишеш. Ако станеш посвесен за тоа како реагираш на стресот, ќе можеш подобро да се справиш со него. Размисли и како би можел да ги отстраниш работите што ти причинуваат стрес. Ако тоа не е можно, обиди се да најдеш начин да го намалиш нивното влијание, можеби така што подобро ќе ги извршуваш задачите или подобро ќе си го организираш времето.

  • Обиди се да гледаш на работите од друг агол. Тоа што ти создава стрес тебе можеби не му создава стрес на некој друг. Многу зависи од твојот став. Размисли за овие три предлози:

    1. Немој веднаш да припишуваш лоши мотиви. На пример, додека чекаш некаде, некој може да ти го земе редот. Ако веднаш помислиш дека тоа го направил затоа што не е обѕирен, може да се вознемириш. Но, би можел да гледаш поинаку на ситуацијата. Ако најдеш оправдување за неговата постапка, можеш да го избегнеш стресот.

    2. Обиди се да најдеш нешто позитивно во секоја ситуација. На пример, ако долго чекаш автобус или за да влезеш кај лекар, ќе имаш помалку стрес доколку времето го користиш за да читаш, за да пратиш имејл или за да завршиш некоја друга работа.

    3. Гледај реално на работите. Прашај се: „Дали овој проблем ќе ми изгледа толку голем утре или следната седмица?“ Секогаш труди се да одредиш дали станува збор за помал проблем или за нешто посериозно.

Труди се да бидеш организиран

Една жена држи во раката мобилен телефон и користи апликација за планирање на секојдневните активности.

„Сѐ нека биде пристојно и така како што е редот“ (1. КОРИНЌАНИТЕ 14:40).

Што значи ова: Труди се да имаш некаков ред во животот.

  • Секој сака да има некаков ред во животот. Една работа што може да го наруши редот и да создаде стрес е одолговлекувањето. Тоа може да придонесе да ти се трупаат сѐ поголем број незавршени работи. Би можел да ги примениш следниве два предлога:

    1. Направи си реалистичен распоред и држи се за него.

    2. Утврди поради кои ставови ги одолговлекуваш работите, и труди се да ги смениш.

Биди урамнотежен

„Подобар е еден грст одмор отколку два грста труд и трчање по ветар“ (ПРОПОВЕДНИК 4:6).

Што значи ова: Оние што се зависници од работа обично немаат ниту време ниту сила да уживаат во резултатот од својот труд.

  • Задржи исправен став кон работата и парите. Ако имаш повеќе пари, тоа не значи дека ќе бидеш посреќен или дека ќе имаш помалку стрес. Всушност, може да се случи токму спротивното. Во Проповедник 5:12 пишува: „Богатството на богатиот не му дава да спие“. Затоа, како што вели една поговорка: „Пружи си ги нозете колку што ти е долга чергата“, односно труди се да живееш во границите на своите можности.

  • Одвој си време за одмор и рекреација. Стресот се намалува кога правиме работи во кои уживаме. Но, тоа не се постигнува со пасивната рекреација, како што е гледањето телевизија.

  • Немој да бидеш роб на технологијата. Немој постојано да ги проверуваш електронските пораки или профилите на социјалните мрежи. Освен ако околностите не налагаат поинаку, немој да проверуваш имејл пораки поврзани со твојата работа надвор од работното време.

Внимавај на твоето здравје

Еден млад човек насмеан трча во природа.

„Од телесните вежби има одредена полза“ (1. ТИМОТЕЈ 4:8, Радосна Вест).

Што значи ова: Редовното вежбање го подобрува здравјето.

  • Стекни здрави навики. Физичките активности можат да ти го подобрат расположението и да му помогнат на твоето тело подобро да се справи со стресот. Храни се здраво и немој да прескокнуваш оброци. Одмарај се доволно.

  • Немој да си наоѓаш штетни „решенија“ за стресот како, на пример, пушење цигари или злоупотреба на дрога и алкохол. На долги патеки, овие работи ќе ти го зголемат стресот бидејќи поради нив можеш да си го уништиш здравјето и да си ги потрошиш парите кои тешко си ги заработил.

  • Ако стресот стане неподнослив, оди на лекар. Не треба да се срамиш да побараш стручна помош.

    „ПОБЕДИ ГО СТРЕСОТ СО ДОБРИНА“

    „Добродушниот човек ѝ прави добро на својата душа, а суровиот човек му прави лошо на своето тело“ (ИЗРЕКИ 11:17).

    Во една книга за стресот, едно од поглавјата има наслов „Победи го стресот со добрина“ (Overcoming Stress). Авторот на оваа книга, д-р Тим Кантофер, вели дека, кога сме добри со другите, тоа влијае позитивно врз нашето здравје и ни помага да бидеме среќни. Од друга страна, грубите и сурови луѓе не се среќни бидејќи другите не ги сакаат и ги избегнуваат.

    Стресот можеме да си го намалиме и така што ќе бидеме добри кон себеси. На пример, не треба да имаме преголеми или нереални очекувања од себеси, но не треба ниту да се потценуваме. Исус рекол: „Сакај го својот ближен како себеси“ (Марко 12:31).

Постави си приоритети

„Да можете да процените што е најважно“ (ФИЛИПЈАНИТЕ 1:10).

Што значи ова: Внимателно размисли кои работи се навистина важни.

  • Подреди ги обврските по важност. Ова ќе ти помогне да се концентрираш на поважните работи, и ќе ти покаже кои обврски можеш да ги одложиш за подоцна, кои можеш да им ги дадеш на други да ги завршат, а кои не мора воопшто да ги извршиш.

  • Во текот на една седмица запишувај си како го трошиш времето. Потоа размисли како можеш да се подобриш во тоа. Колку поголема контрола имаш врз тоа како го користиш времето, толку помал ќе ти биде стресот.

  • Одвој си време за да се одмориш. Дури и кратките паузи можат да те освежат и да ти го намалат стресот.

Еден татко и една мајка минуваат време со синчето и ќеркичката.

Побарај помош

„Од загриженост срцето на човекот му премалува, а добриот збор го радува“ (ИЗРЕКИ 12:25).

Што значи ова: Утешните, сочувствителни зборови од другите можат да ти помогнат да се чувствуваш подобро.

  • Разговарај со некој во кој имаш доверба. Тоа лице може да ти помогне да гледаш поинаку на работите, па дури и да најдеш решение на кое не си помислил. Со тоа што ќе се довериш некому, може да си го олесниш товарот.

  • Би можел да замолиш некого да заврши некоја твоја обврска или да ти помогне така што заедно ќе ја завршите.

  • Ако некој твој колега ти создава стрес, размисли што можеш да направиш за да се подобри ситуацијата. На пример, можеш ли љубезно и тактично да му кажеш како се чувствуваш кога работиш со него? (Изреки 17:27). Ако тоа не помогне, дали би можел да поминуваш помалку време со тоа лице?

Грижи се за своите духовни потреби

Еден бизнисмен се моли на своето работно место.

„Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (МАТЕЈ 5:3).

Што значи ова: Нам како луѓе не ни се потребни само храна, облека и покрив над главата. Ние имаме и духовни потреби. За да бидеме среќни, мора да бидеме свесни за тие потреби и да се трудиме да ги задоволиме.

  • Молитвата може многу да ти помогне. Бог те поттикнува да ги префрлиш сите свои грижи на него бидејќи тој сака да ти помогне (1. Петрово 5:7). Ако му се молиш и размислуваш за позитивни работи, ќе можеш да имаш внатрешен мир (Филипјаните 4:6, 7).

  • Читај работи што ќе те зближат со Бог. Начелата и советите во ова списание се земени од Библијата, која е напишана за да ги задоволиме нашите духовни потреби. Тие ни помагаат и исправно да размислуваме и да носиме мудри одлуки (Изреки 3:21). Зошто не си поставиш за цел да ја прочиташ Библијата?a Можеби особено ќе ти користи ако почнеш со книгата Изреки.

a Библијата можеш да ја читаш онлајн на www.jw.org/mk.

МОЌТА НА ПРОСТУВАЊЕТО

„Разбирањето го спречува човекот да се гневи, и чест му е да премине преку престапот“ (ИЗРЕКИ 19:11).

Во едно списание, д-р Лорен Тусен изјавил дека „стресот го нарушува, а простувањето го штити здравјето“ (Journal of Health Psychology). Тој додава: „Кога ќе му простиш на оној што ти згрешил, се ослободуваш од негативните чувства, и може да почнат да ти се создаваат позитивни чувства кон него. Тоа ќе ти помогне да постапуваш добро со таквото лице“. На крајот, д-р Тусен заклучува дека простувањето „може да го намали ризикот од нарушувања кои настануваат поради стрес“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели