ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/10 стр. 4-5
  • Кој заслужува доверба?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој заслужува доверба?
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ненадминливи морални принципи
  • Довербата е од пресудна важност за среќен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • До подобри оценки со препишување?
    Разбудете се! 2012
  • Зошто родителите немаат доверба во мене?
    Разбудете се! 2008
  • Можеш да имаш доверба во твоите браќа
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 10/10 стр. 4-5

Кој заслужува доверба?

Важеше за пионер на полето на анестезиологијата. Меѓутоа, повеќе од десет години, од 1996 год. наваму, овој прочуен анестезиолог ги фалсификувал резултатите од своите истражувања за лекување болка објавени во угледни медицински списанија.

„НИКАКО не можам да сфатам зошто некој би го сторил тоа“, вели д-р Стивен Л. Шејфер за Anesthesiology News.

Што би можело да мотивира еден угледен стручњак да ги мами своите ближни? Да разгледаме четири можни причини:

● Алчност. Во еден извештај објавен во The New York Times, д-р Џером Касирер, поранешен уредник на The New England Journal of Medicine, објаснува: „Кога поголемиот дел од приходот на истражувачите зависи од [фармацевтските] компании, неверојатно е колку често резултатите одат во прилог на некоја од нив“.

● Успех по секоја цена. Се смета дека студентите во Германија ги поткупуваат професорите со илјадници евра за да се стекнат со титулата „доктор“, која е симбол за успех во оваа земја. Едно истражување, за кое пишуваше во The New York Times, покажува дека многу студенти кои постапуваат неетички рекле дека „планираат да бидат строго принципиелни личности“ откако ќе станат успешни.

● Лошиот пример на другите. Коментирајќи за средношколците, еден професор за The New York Times го изјавил следново: „Најлесно е да се каже дека изгубиле осет за морал... Но, веројатно би било подобро да кажеме дека нивните учители и ментори, како и останатиот дел од општеството воопшто не им помогнале да стекнат таков осет“.

● Постапки кои не се во склад со општоприфатените вредности. Во едно истражување со кое биле опфатени речиси 30.000 студенти, 98 отсто од нив рекле дека чесноста е неопходна за добри меѓучовечки односи. Меѓутоа, 80 отсто од испитаниците признале дека ги лажеле своите родители, а 64 отсто изјавиле дека претходната година препишувале на тестовите.

Ненадминливи морални принципи

Како што потврдува и рамката на оваа страница, човекот е создаден со потреба да покажува доверба во другите. Меѓутоа, Библијата ни помага да бидеме реалистични кога вели дека „човечкото срце е склоно кон зло од неговата младост“ (1. Мојсеева 8:21). Како можеш да се бориш со оваа склоност и да се спротивставиш на нечесноста што преовладува во денешниов свет? Следниве библиски начела можат да ти помогнат:

● „Не смислувај никакво зло против својот ближен додека тој спокојно живее кај тебе“ (Изреки 3:29).

Љубовта кон ближните нѐ поттикнува да им мислиме добро, а не да ја злоупотребуваме нивната доверба. Ова начело би можело да им стави крај на сите облици на алчна експлоатација, како што е трговијата со лажни лекови спомната на почетокот од ова списание.

● „Вистинољубивите усни ќе постојат засекогаш, а лажливиот јазик само за миг“ (Изреки 12:19).

Многу луѓе денес мислат дека, ако си чесен, нема далеку да стигнеш. Но, размисли: ‚Што е подобро — да имаш моментална корист или трајни благослови, како што е самопочитта?‘ Еден ученик може да остави впечаток дека сѐ знае така што ќе препишува на тестови, но прашање е како ќе си помине на работното место.

● „Праведникот живее непорочно. Среќни се неговите синови по него“ (Изреки 20:7).

Ако си родител, дај им добар пример на децата така што ќе ‚живееш непорочно‘. Објасни им каква корист имаш што си чесен. Кога децата гледаат дека родителот е принципиелен човек, поголема е веројатноста и тие да бидат како него (Изреки 22:6).

Дали овие начела се навистина практични? Постојат ли денес луѓе во кои би можеле да имаме доверба?

[Истакната мисла на страница 4]

Според весникот Le Figaro, сѐ повеќе Французи „мислат дека највидните личности во општеството — во политичките, економските, социјалните и културните кругови — не се примерни, а не се свесни дека и самите треба да бидат такви“

[Рамка на страница 5]

ДОВЕРБАТА Е ДЕЛ ОД ЧОВЕЧКАТА ПРИРОДА

На темел на своите експерименти, Михаел Косфелд, професор по деловна администрација на Универзитетот во Франкфурт (Германија), дошол до заклучок дека довербата е „биолошки дел од човечката природа“. Проф. Косфелд открил дека, кога човекот разговара со некого, мозокот ослободува окситоцин, хормон кој нѐ поттикнува да покажуваме доверба. „Довербата е, всушност, карактеристика на човечкиот род“, вели Косфелд. „Кога ќе ја изгубиме, на некој начин го губиме и човечкото во себе.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели