ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/11 стр. 12-14
  • Кога детето има рак

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога детето има рак
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каква терапија примаше?
  • Рак на дојка — што да очекуваш, што да правиш
    Разбудете се! 2011
  • ‚Ја запазив верата‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поддршка која многу значи
    Разбудете се! 1994
  • Како верата ми помогна во трагедиите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 5/11 стр. 12-14

Кога детето има рак

„Ме обзеде чувство на безнадежност. Како да го изгубив тлото под нозете. Ме притисна тешка тага, како мојата мала ќеркичка веќе да умрела“ (Жаилтон, кога дознал дека ќерка му има рак).

ВЕСТА дека твоето дете има рак може да те погоди како гром, па дури и да те скрши. Колку често децата заболуваат од рак? Според Меѓународната унија против ракот, иако „децата многу поретко добиваат рак од возрасните, секоја година оваа болест е дијагностицирана кај повеќе од 160.000 деца [во светот], а во развиените земји таа е втора најчеста причина за смрт кај децата, веднаш по сообраќајните несреќи“. На пример, според Бразилскиот институт за рак, во оваа земја „секоја година од рак заболуваат околу 9.000 деца“.

Ракот кај децата задава „страшен удар кој ги погодува сите во семејството, без исклучок“, стои во книгата Покрај болничката постела — мајка на дете болно од рак (À margem do leito—A mãe e o câncer infantil). Ваквата дијагноза обично значи дека детето ќе треба да оди на операција, како и на хемотерапија или зрачење или и двете, и да ги трпи непријатните несакани ефекти. Родителите доживуваат вистинска траума, која кај нив предизвикува страв, вина и гнев, и тешко им е да го прифатат фактот дека нивното дете има рак. Што ќе им помогне во ваквата болна ситуација?

Се разбира, главен извор на утеха се грижливите медицински лица. „Тие можат да ви кажат некои факти што ќе ве смират, а исто така и да ви објаснат до какви несакани ефекти може да дојде. Овие информации може да ви помогнат полесно да ја пребродите целата ситуација“, вели еден лекар од Њујорк, кој им има помогнато на многу пациенти болни од рак. Голема утеха може да дадат и други родители на деца со рак. Затоа, Разбудете се! интервјуираше пет такви родители кои живеат во Бразил.

● Жаилтон и Неја „Кога нашата ќерка имаше две и пол години, дознавме дека има акутна лимфобластична леукемија.“

Колку долго траеше терапијата?

„Речиси две и пол години примаше хемотерапија.“

Какви несакани ефекти имаше од терапијата?

„Многу повраќаше и ѝ падна косата. Забната глеѓ ѝ потемне и трипати доби пневмонија.“

Како се чувствувавте поради тоа?

„Отпрвин нѐ фати паника. Но, кога видовме дека здравјето ѝ се подобрува, бевме сигурни дека ќе се излечи. Сега има речиси девет години.“

Што ви помогна во таа тешка ситуација?

„Уверени сме дека тоа беше нашата доверба во Јехова Бог, кој ‚нѐ тешеше во секоја наша неволја‘, како што вели Библијата во 2. Коринќаните 1:3, 4. Од огромна помош ни беа и нашите христијански браќа и сестри. Тие ни пишуваа охрабрувачки писма, ни се јавуваа по телефон, се молеа со нас и за нас, па дури и ни помагаа финансиски. Потоа, кога ќерка ни мораше да биде префрлена во една болница во друг дел од земјата, Сведоците ни обезбедија сместување и се менуваа за да нѐ носат до болницата. Нема зборови со кои би ја искажале нашата благодарност за сета таа поддршка.“

● Луиз и Фабијана „Во 1992 год. дознавме дека нашата ќерка има редок, агресивен облик на рак на јајниците. Тогаш имаше 11 години.“

Каква беше вашата прва реакција?

„Не ни се веруваше дека нашата ќерка има рак. Не можевме да го прифатиме тоа.“

Каква терапија примаше?

„Беше оперирана, а одеше и на хемотерапија. Тоа потполно нѐ исцрпи и физички и емоционално. Двапати доби пневмонија. Вториот пат за малку ќе умреше. Ѝ се намали и бројот на крвните плочки, поради што ѝ се случуваше да почне да крвави од кожата или од носот. Лековите помогнаа да се ублажат ваквите ефекти.“

Колку долго траеше терапијата?

„Од првата биопсија до последната хемотерапија поминаа околу шест месеци.“

Како вашата ќерка ја поднесе веста за дијагнозата и за лекувањето?

„Отпрвин, не знаеше што се случува. Лекарот ѝ кажа дека има ‚мало топче во стомакот што ќе мора да се отстрани‘. На крајот, таа сфати дека работата е прилично сериозна. Ме праша: ‚Тато, да не имам рак?‘ Се мачев да ги најдам вистинските зборови.“

Како ви беше додека гледавте како страда вашата ќерка?

„Не е лесно да се опише емоционалната болка што ја чувствувавме. На пример, можете да замислете колку е тешко да гледате како вашата ќерка ѝ помага на медицинската сестра да ѝ најде вена за да ѝ ја приклучи хемотерапијата. Во најтешките моменти, одев во тоалетот за да се исплачам и да се молам. Една вечер толку ми беше тешко што го молев Јехова да умрам јас наместо ќерка ми.“

Што ви помогна во таа ситуација?

„Важен фактор беше поддршката што ја добивме од нашите христијански браќа, а некои од нив ни се јавуваа од различни делови на земјата. Еден драг брат ме замоли да ја земам мојата Библија. Потоа, со топлина во гласот, ми прочита неколку стихови од книгата Псалми. Овие стихови беа токму она што ни требаше мене и на жена ми, затоа што минувавме низ еден од најтешките периоди од лекувањето на нашата ќерка.“

● Розимари „Ќерка ми имаше четири години кога ѝ беше дијагностициран еден вид леукемија.“

Каква беше твојата прва реакција?

„Не ми се веруваше. Плачев дење и ноќе, преколнувајќи го Бог за помош. Другата ќерка исто така страдаше емоционално кога сфати колку е болна сестра ѝ. Всушност, морав на некое време да ја пратам кај мајка ми.“

Какви несакани ефекти имаше од терапијата?

„Поради хемотерапијата што ја примаше секој ден стана анемична, па лекарите ѝ даваа железо и еритропоетин за да ѝ се покачат црвените крвни зрнца. Постојано бевме загрижени за нејзината крвна слика. Имаше и грчеви.“

Колку долго траеше терапијата?

„Примаше интензивна хемотерапија цели две години и четири месеци. Во тој период ѝ падна косата и многу се здебели. За среќа, смислата за хумор многу ѝ помогна. По околу шест години, лекарите рекоа дека кај ќерка ми повеќе не се забележуваат никакви знаци на болеста.“

Што ви помогна во оваа многу тешка ситуација?

„Со ќерка ми често се молевме и размислувавме за библиските примери на верните Божји слуги кои издржале најразлични искушенија. Се држевме и за советот на Исус од Матеј 6:34 да не се оптоваруваме со грижи за тоа што ќе биде утре. Голема помош добивме и од сохристијаните, меѓу кои и браќата од локалниот Одбор за контактирање со болниците и од грижливите медицински лица кои редовно се соочуваат со вакви ситуации.“

Дали детето на некој што го познаваш или можеби дури и дете од твоето семејство има рак? Ако да, можеби овие интервјуа ќе ти помогнат да сфатиш дека е нормално да тагуваш. Како што вели Библијата, има и „време за плачење“ (Проповедник 3:4). Пред сѐ, биди уверен дека вистинскиот Бог, Јехова, кој „ги слуша молитвите“, ќе ги утеши сите што му се обраќаат со искрено срце (Псалм 65:2).

[Рамка на страница 13]

Утешни библиски стихови

„Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло“ (Матеј 6:34).

„Нека е благословен Богот и Таткото на нашиот Господар Исус Христос, Таткото на милосрдноста и Богот на секоја утеха, кој нѐ теши во секоја наша неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4).

„Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7).

„Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7).

[Рамка/слика на страница 14]

Извонредна помош

Јеховините сведоци имаат Одбори за контактирање со болниците кои овозможуваат подобра соработка помеѓу болниците и пациентите. Тие им помагаат на пациенти кои се Сведоци да најдат компетентни лекари кои ќе ја почитуваат нивната желба да ја следат библиската заповед „да се воздржуваат од... крв“ (Дела 15:20).

[Слика на страница 13]

Неја, Стефани и Жаилтон

[Слика на страница 13]

Луиз, Алин и Фабијана

[Слика на страница 13]

Алин и Розимари

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели