ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/11 стр. 12-14
  • Една година од животот на велшките овчари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Една година од животот на велшките овчари
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Јагнење напролет
  • Стрижење налето
  • Собирање наесен
  • Хранење назима
  • Животот во библиски времиња — работата на еден пастир
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • „Пастири според моето срце“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • Тие сочувствително ги пасат овчичките
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Нежно да се пасат Јеховините скапоцени овци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Разбудете се! 2011
g 7/11 стр. 12-14

Една година од животот на велшките овчари

ВО ЦЕЛ свет, овчарите се грижат за над милијарда овци. Секое годишно време си носи свои предизвици. Гервин, Јоан и Риен објаснуваат од што се состојат обврските на овчарот на велшките планини, каде што има речиси трипати повеќе овци отколку луѓе.

Јагнење напролет

Кога ќе запролети, овчарите ден и ноќ се зафатени со овците кои се јагнат.

Гервин: „Јагнењето е најнапорниот период од годината, но и најубавиот, а од непроценлива вредност е и добро дресирано куче. Ако некоја овца има проблеми при јагнењето, моето куче внимателно ја држи легната на земја за да можам јас да ѝ помогнам“.

Јоан: „Им имам помогнато на безброј овци да се објагнат, но секојпат е посебен настан кога ќе го видиш новороденото јагненце!“

Стрижење налето

Налето главна задача на овчарот е да ги истриже овците, чија волна може да тежи и до 10 килограми, во зависност од расата. Еден овчар може да истрижи и до 250 овци дневно.

Риен: „Прво, ја отстранувам валканата волна околу опашката на овцата за да ја подготвам за стрижење. Со помош на електрични машинки, вештите стрижачи можат за две минути да го истрижат целото руно на овцата. Јас помагам и да се исчисти руното, кое на крај внимателно го завиткувам и го ставам во вреќи, по што е спремно за продажба“.

На пониските места, овчарите се надеваат на две седмици без дожд за да можат да ги искосат ливадите и да соберат квалитетно сено. Со тоа сено ќе го хранат стадото во текот на зимата. Семејството и пријателите помагаат да се пренесе сеното.

Јоан: „Најубаво ми е да се шетам низ полето утрото откако ќе се искоси и ќе се собере сеното“.

Собирање наесен

За да ги одвојат мајките од јагнињата што престанале да цицаат, овчарите ги собираат стадата од повисоките места.

Јоан: „Иако на некои планини пасиштата не се одвоени ниту со жива ниту со камена ограда, ретко се случува овците да се изгубат или да залутаат на туѓо пасиште. Мајката на јагнињата знае до каде се протега нашата фарма. На тоа ја има научено нејзината мајка, па сега и таа ги учи своите женски јагниња. Но, понекогаш со часови — па дури и со денови — ги бараме оние малку што ќе залутаат“.

Овчарите исто така бараат, купуваат и подготвуваат овни за женките. Потребен е еден овен за секои 25 до 50 овци. Овните се сметаат како инвестиција во иднината на стадото.

Од 10 до 12 седмици откако овните ќе се спарат со овците, со помош на ултразвук овчарот проверува која овца носи јагне и колку јагниња ќе има секоја од нив напролет. Јаловите овци се продаваат. Оние што треба да родат само едно јагне се ставаат заедно, а на оние што носат по две или три јагниња им се обрнува посебно внимание и им се дава повеќе храна.

Хранење назима

Голем дел од и онака кратките зимски денови овчарот го поминува во хранење на овците кои носат јагне. Какво и да е времето, овчарот е секогаш близу до овците и се грижи да имаат доволно храна кога надвор има многу слана.

Гервин: „Во таквите денови, овците зависат од овчарот и од него чекаат да им даде храна и да ги штити“.

Риен: „Многу е убаво да бидеш во полето во секое годишно време и да ги гледаш сите промени во живиот свет околу тебе. За мене тоа е вистински благослов додека и понатаму со љубов се грижам за моето стадо“.

[Карта на страница 12]

(Види во публикацијата)

СЕВЕРНА ИРСКА

ИРСКА

ШКОТСКА

ВЕЛС

АНГЛИЈА

[Слика на страница 14]

Јоан проверува овен

[Слика на страница 14]

Гервин со добро дресирано овчарско куче

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели