ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/11 стр. 4-5
  • Библијата на удар

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата на удар
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Неомилена порака
  • Огнот и понатаму закана за Библијата
  • Диоклецијановиот указ
  • Целта на нападите
  • Диоклецијановиот напад на христијанството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Пророк што служел „во последните денови“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • Библијата ги издржала нападите од противниците
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Како Библијата опстанала до ден-денес
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 12/11 стр. 4-5

Библијата на удар

ЗАПИСИТЕ кои денес се познати како Библија, или Свето писмо, биле пишувани во период од преку 1.600 години. Најстарите записи ги напишал Мојсеј, а последната книга од Библијата била напишана околу сто години по раѓањето на Исус Христос. Неа ја напишал еден од учениците на Исус.

Обидите да се замолчи Библијата не се ништо ново — почнале уште пред нашата ера, продолжиле во средниот век, а ги има и денес. Еден дамнешен извештај за таков обид датира уште од времето на пророкот Еремија, кој живеел повеќе од 600 години пред да се роди Исус Христос.

Неомилена порака

Пророкот Еремија добил заповед од Бог да запише во еден свиток порака на осуда против грешните жители на древната Јуда и да ги предупреди дека нивната престолнина, Ерусалим, ќе биде уништена ако не се сменат. Писарот на Еремија, Варух, ја прочитал наглас оваа порака пред сите во храмот во Ерусалим. Потоа, уште еднаш ја прочитал пред кнезовите на Јуда, кои му го однеле свитокот на царот Јоаким. На царот не му се допаднале Божјите зборови. Затоа, го исекол свитокот на парчиња и го запалил (Еремија 36:1-23).

Тогаш Бог му заповедал на Еремија: „Земи друг свиток и напиши ги во него сите оние зборови што беа во првиот свиток, кој го изгоре Јоаким, царот на Јуда“ (Еремија 36:28). Околу 17 години подоцна, токму како што прорекол Бог преку Еремија, Ерусалим бил уништен, многу од неговите владетели биле убиени, а неговите жители биле одведени во ропство во Вавилон. Пораката содржана во свитокот — како и записот за околностите што го предизвикале нападот врз таа порака — можеме да ја читаме и денес во библиската книга Еремија.

Огнот и понатаму закана за Библијата

Јоаким не е единствениот што во претхристијанските времиња се обидел да ја запали Божјата Реч. По распадот на Грчкото Царство, Израел потпаднал под власта на Селеукидите. Селеукидскиот цар Антиох Епифан, кој владеел од 175 до 164 год. пр.н.е., сакал сите во неговото царство да ја прифатат грчката, т.е. хеленистичката култура. За да го постигне тоа, се обидел да им ги наметне на Евреите грчките идеи, обичаи и религија.

Околу 168 год. пр.н.е., Антиох го опљачкал Јеховиниот храм во Ерусалим. Врз жртвеникот изградил друг жртвеник посветен на грчкиот бог Зевс. Исто така, забранил да се држи саботниот ден и им заповедал на Евреите да не ги обрежуваат своите синови. Непослушноста повлекувала смртна казна.

Дел од верската хајка што ја спровел Антиох бил и обидот да се уништат сите свитоци на Законот. Иако бил пребаран целиот Израел, не биле уништени сите примероци од хебрејските списи. Некои свитоци кои биле внимателно скриени во Израел успеале да го избегнат огнот, а со сигурност се знае дека примероци од Светото писмо имало и во еврејските колонии во други земји.

Диоклецијановиот указ

Друг истакнат владетел кој се обидел да го уништи Светото писмо бил римскиот император Диоклецијан. Во 303 год. од н.е., Диоклецијан издал едноподруго неколку укази со кои ги засилил мерките против христијаните. Ова довело до „Големото прогонство“, како што го нарекуваат историчарите. Со првиот указ, Диоклецијан наредил да бидат изгорени преписите од Светото писмо и да се разрушат местата каде што се собирале христијаните. Хари Гембел, професор по теологија на Универзитетот во Вирџинија (САД), напишал: „Диоклецијан мислел дека секоја христијанска заедница, каде и да е, има по неколку книги и бил свесен дека тие книги се неопходни за нејзиниот опстанок“. Црковниот историчар Евзебиј од Цезареја (Палестина), кој живеел во тој период, напишал: „Со свои очи гледавме како ги срамнуваат со земја нашите места за молитва и како пламените јазици ги голтаат вдахновените свети списи среде плоштадите“.

Наводно, три месеци по првиот указ на Диоклецијан, управителот на северноафриканскиот град Сирта, денешен Константин, наредил христијаните да ги предадат сите свои „списи на законот“ и „преписи од светото писмо“. Според записи од тој период, некои христијани попрво биле спремни да бидат мачени и убиени отколку да дозволат да бидат уништени преписите од Библијата.

Целта на нападите

И Јоаким, и Антиох и Диоклецијан имале една цел — да ја уништат Божјата Реч, да ја избришат секоја нејзина трага. Па сепак, Библијата опстанала и покрај сите такви обиди. Римските владетели по Диоклецијан почнале да се изјаснуваат како христијани. Но, нападите врз Библијата не престанале. Зошто?

Подоцна, владетелите, па дури и црковните водачи, тврделе дека палењето на Библијата не е обид таа да биде уништена. Тие велеле дека едноставно сакаат да спречат да дојде до рацете на обичниот народ. Но, зошто црковните водачи сакале такво нешто? И до каде отишла црквата за да ги спречи луѓето да ја читаат Библијата? Следната статија ќе ни го открие тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели