Младите прашуваат
Кога една забава е навистина добра забава?
Зошто сакаш да одиш на забави? Означи со ✔
○ за храната
○ за танцувањето
○ за игрите
○ за да запознаеш нови луѓе
○ за да се видиш со стари пријатели
○ друго ․․․․․
ПОВЕЌЕТО млади уживаат да се дружат, и тоа е сосема во ред. Дури и Библијата покажува дека нема ништо лошо повеќе луѓе да се соберат заедно за да се забавуваат.
Си знаел ли дека...
● Синовите на Јов се собирале на семејни седенки (Јов 1:4).
● Исус бил на една прилично голема свадба (Јован 2:1-11).
● Христијаните во првиот век редовно се дружеле (Дела 2:46, 47).
Се разбира, многу е убаво да се собереш заедно со пријателите. Но, за жал, некои такви забави може да тргнат во погрешен правец.
ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА „Еднаш бев поканета на забава на која можеше да дојде секој што сака и која требаше да биде кај едно момче чии родители не беа дома. Решив да не одам, и баш ми е мило за тоа! Следниот ден слушнав дека имало многу алкохол, а некои дури и се опиле. Три момчиња се онесвестиле. Исто така, дошло до тепачка и полицијата морала да интервенира“ (Џанел).
ПОУКА Не препуштај ги работите на случајноста! Без разлика дали ти организираш забава или си поканет да одиш на некоја, земи ги предвид прашањата на следните страници. Така има многу поголеми шанси да ти останат убави сеќавања, а не непријатни спомени од забавата.
ПРИКАЗНИ СО ДОБАР КРАЈ
„Кога другарка ми правеше забава, мајка ѝ знаеше каде е секој од нас. Дури и кога тргнав да си ја земам јакната од колата, таа ме праша каде одам. Можеби тоа беше малку претерано од нејзина страна, но не ми пречеше зашто понекогаш е подобро да бидеш претпазлив отколку подоцна да се каеш“ (Ким).
„Сум била на добри забави и мислам дека причината зошто беа добри е што имаше луѓе на различна возраст. Освен тоа, оние што ја организираа забавата имаа испланирано интересни работи, па никој не мораше сам да се снаоѓа што ќе прави“ (Андреа).
Статии од рубриката „Младите прашуваат“ има и во други броеви од списанието Разбудете се! кое можеш да го симнеш од веб-страницата www.pr2711.com
[Рамка/слики на страници 26 и 27]
››Има луѓе што се добро друштво, ама и такви кои сакаат ‚да одат по работ‘. Тајната за добра забава е да избереш кого ќе поканиш‹‹
››Сум бил на добро организирани забави на кои требаше да се држиме за одредени правила за да не дојде до проблеми. Така на забавата никој не беше под стрес и сите уживаа‹‹
[Слики]
Никол
Ендру
[Рамка/слика на страница 26]
● Кој е поканет и колку луѓе ќе има?
„Според мене, треба да поканиш луѓе што ги познаваш, а не само да кажеш дека може да дојде кој сака или да им кажеш на оние што си ги поканил да донесат уште некого“ (Рене).
„Ако не водиш сметка колку луѓе ќе поканиш, забавата може да излезе од контрола. На пример, ти ќе поканиш 20 луѓе, а тие ќе си поканат уште 10, па тие 10 ќе поканат и други... Сум видела такви забави!“ (Колет).
„Забави со многу луѓе лесно може да излезат од контрола. Затоа мислам дека е попаметно да се прават помали забави“ (Алексис).
„Кој оди со мудрите, ќе стане мудар, а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“ (ИЗРЕКИ 13:20)
[Рамка/слика на страници 26 и 27]
● Што би можело да се случи?
„Ако ти правиш забава и се случи нешто лошо, тоа остава лоша слика за тебе“ (Бриџет).
„Ако добро ја испланираш забавата, сите ќе можат убаво да си поминат. Клучот е во тоа однапред да планираш“ (Сет).
ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА „Еден другар ми рече дека не ме кани кога прави забава зашто знае дека моите родители ќе го распрашуваат кој ќе биде таму, до кога ќе трае забавата и слично. Вели дека не сака никој да го контролира. Тоа ми е многу сомнително! Ако се плаши од такви прашања, не ни сакам да одам на неговите забави!“ (Елен).
„Било да јадете, било да пиете, било да правите што и да е друго, правете сѐ за Божја слава“ (1. КОРИНЌАНИТЕ 10:31)
[Рамка/слика на страници 26 и 27]
● Што ќе направиш ако не се чувствуваш пријатно на забавата?
„Си имам одличен план. Кога одам на забава, секогаш им ѕвонам на родителите за да им кажам кога ќе се вратам. Тоа им е знак да ме прашаат дали е сѐ ОК. Ако речам не, веднаш ме потсетуваат дека треба да завршам некоја работа дома. Кога ќе им затворам, на пријателите им велам дека родителите ми рекле да се вратам порано и дека морам да си одам“ (Тереза).
ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА
„На една забава дојдоа две момчиња што не беа поканети, а за едното од нив се зборуваше дека се дрогира. Му се јавив на татко ми и му реков да дојде да ме земе, иако тоа не беше лесна одлука“ (Мери).
„Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“ (ИЗРЕКИ 22:3)
[Рамка/слика на страница 27]
● Ќе ја надгледува ли некој забавата?
„Ако на забавата има зрели лица што ќе се погрижат работите да течат како што треба, најверојатно на крајот сѐ ќе излезе добро“ (Марк).
„Порано се срамев кога и моите родители ќе беа на забавата. Но, сега сфаќам дека тие се грижат да не дојде до некоја глупост. Ако родителите се на забавата, не значи дека нема да си поминеш убаво“ (Лора).
„Зачувајте чиста совест“ (1. ПЕТРОВО 3:16)
[Рамка на страница 27]
ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?
Прашај ги родителите на какви забави сакале да одат тие кога биле на твои години. Што би смениле во поглед на забавите што ги организирале или на кои оделе?
ПЛАНИРАШ ЗАБАВА?
Разговарај со родителите и внимателно размисли...
1. Кого ќе поканиш
2. Колку души ќе поканиш
3. Каде ќе биде забавата
4. Кој ќе ја надгледува
5. Што планираш да се прави
[Графикон на страница 25]
(Види во публикацијата)
ПОКАНА