ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/1 стр. 21-23
  • Како можам добро да се забавувам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можам добро да се забавувам?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Заеднички да се прават одредени работи
  • Друштвени собири кои изградуваат
  • Семејна забава
  • Кога си сосема сам
  • ,Радување‘ во Јеховината служба
  • Зошто другите млади го имаат сето задоволство?
    Разбудете се! 1996
  • Здрава рекреација што освежува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Кога една забава е навистина добра забава?
    Разбудете се! 2011
  • Заштити го своето семејство од погубни влијанија
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/1 стр. 21-23

Младите прашуваат . . .

Како можам добро да се забавувам?

„Мислам дека правиме доста забавни работи. Во нашето собрание вистински се трудиме да се собираме. Се забавуваме на еден здрав начин. Повеќето деца во светот не можат да го кажат тоа (Џенифер).“

РЕКРЕАЦИЈА — одвреме навреме на сите им е потребна. The World Book Encyclopedia вели дека рекреацијата може дури и да даде „важен придонес за менталното и физичкото здравје на поединецот“. Замисли, дури и самата Библија вели дека има „време кога се смее“, односно, време за забавување! (Проповедник 3:1, 4).a

Зборот „рекреација“ е изведен од латинскиот израз што значи „да создаде одново, да обнови, да освежи“ (Webster’s New Collegiate Dictionary). За жал, многу од работите кои младите луѓе ги прават поради „забава“ — како што е бесното забавување или впуштањето во злоупотреба на дрога и алкохол или недозволен секс — всушност не се воопшто освежувачки, туку деструктивни. Поради тоа, да се најдат рекреативни активности кои се и забавни и здрави може да претставува вистински предизвик. Но како што покажува Џенифер, цитирана на почетокот, тоа може да се направи!

Заеднички да се прават одредени работи

Разбудете се! неодамна интервјуираше одреден број млади луѓе на таа тема. Повеќето рекле дека уживаат да се собираат заедно со други млади. Дали и ти го чувствуваш истото, но честопати остануваш без покана? Тогаш зошто не преземеш иницијатива? На пример, едно девојче од Јужна Африка кое се вика Ли, вели: „Ако сакам да гледам одреден филм, ѝ се јавувам по телефон на една од моите пријателки и веста ќе ја рашириме на другите пријателки“. Обично присуствуваат на раните филмски претстави. Потоа, нивните родители ги земаат со автомобил и заеднички вечераат во некој локален ресторан.

Спортските активности, исто така, создаваат прилики за здраво вежбање и корисно друштво (1. Тимотеј 4:8). Младата Роулин вели: „Прво разговарам со моето семејство каде сакам да одам, а потоа покануваме мала група да ни се придружи“. Навистина, христијанските младинци откриле впечатлива низа здрави спортови во кои можат да учествуваат заедно со другите: лизгање, возење на велосипед, џогирање и играње тенис, бејзбол, фудбал и одбојка, да споменеме само неколку.

Навистина, не мораш да трошиш многу пари или да инвестираш во луксузна опрема за да се забавуваш. „Моите родители, пријатели и јас сме поминале многу пријатни часови пешачејќи по блиските планини и пустинските предели“, вели една христијанка која е тинејџерка. „Толку е пријатно самото тоа што си надвор на свеж воздух со добри пријатели!“

Друштвени собири кои изградуваат

Меѓутоа, за многу млади луѓе забавата значи да присуствуваат на друштвени собири. „Уживаме да викаме пријатели дома кај нас на оброк и да слушаме музика“, вели младата Аведа. Друштвените собири имаат свое место меѓу христијаните. Самиот Исус Христос присуствувал на посебни оброци, свадби и други друштвени собири (Лука 5:27—29; Јован 2:1—10). Раните христијани, исто така, уживале во приликите кога се собирале заедно за оброци и за изградувачко друштво. (Спореди Јуда 12.)

Ако твоите родители ти дозволуваат да бидеш домаќин на некој собир, што можеш да сториш за да избегнеш проблеми, а да обезбедиш добра забава за сите? Клучот е во внимателното планирање (Изреки 21:5). За илустрација: Разумно е да поканиш само онолку твои пријатели колку што ќе биде можно правилно да се надгледуваат. Кај помалите собири постои помала веројатност да се претворат во „лумпувања“ или „бесни забави“ (Галатјаните 5:21, Byington).

Христијаните во првиот век биле предупредени да избегнуваат да се дружат со оние кои ‚живееле неуредно‘ (2. Солунјаните 3:11—15). И сигурен начин да расипеш еден собир денес е да повикаш младинци кои се познати по тоа што се груби и распуштени. Иако сакаш да бидеш внимателен во врска со тоа кого ќе поканиш, немој да се ограничуваш на истиот круг пријатели. ‚Рашири се‘ и запознај некои други во собранието, вклучувајќи ги и постарите (2. Коринтјаните 6:13, НС).

Дали ќе послужуваш нешто за освежување? Ако служиш, тоа не мора да биде нешто обилно или скапо за да си поминат пријатно твоите гости (Лука 10:38—42). „Понекогаш имаме пица—вечер“, вели Санчија, една девојка од Јужна Африка. Гостите честопати доброволно носат неколку артикли.

Кои се некои работи кои можеш да ги правиш на некој собир — освен само да гледаш телевизија, да слушаш музика или да разговараш? „Ние обично однапред ја планираме вечерта“, вели Санчија. „Играме игри или некој свири на клавир, и така можеме заедно да пееме песни.“ Еден млад Африканец по име Масене вели: „Понекогаш играме карти, дама и шах“.

Џенифер, цитирана на почетокот, за Разбудете се! рече: „Во нашето собрание имаме еден старешина кој нѐ поканува кај него да играме библиски игри. Мораш да имаш добро библиско спознание за да играш добро“. Претставникот на Разбудете се! прашал други младинци: „Зарем не мислите дека играњето библиски игри не е на место?“ Скоро го извикале одговорот: „Не!“

„Тоа е предизвик“, рекла една тинејџерка. „Забавно е!“ рекла друга. Кога се играат библиски игри заради забава, и кога духот на натпреварување се држи под контрола, тие можат да бидат пријатни и воспитни! (Види „Да се направат собирите пријатни, а сепак корисни“, во изданието на Разбудете се! од 22 јуни 1972 [англ.]).

Семејна забава

Во библиски времиња не било необично семејствата заеднички да уживаат во некои облици на рекреација (Лука 15:25). Меѓутоа, младите автори на The Kids’ Book About Parents (Книга на децата за родителите) забележуваат дека „родителите и децата се толку зафатени во денешно време што никој нема време да планира активности . . . Ние мислиме дека е важно родителите и децата да се погрижат заеднички да поминуваат по малку време секоја седмица во активности кои се само забавни“.

„Петок е нашиот фамилијарен ден“, вели една млада девојка од Африка по име Паки. „Обично заедно играме одредени игри.“ И да не ги заборавиме твоите браќа и сестри. Младата Бронвин вели: „Уживам да цртам и да правам други уметнички работи со мојата помлада сестра“. Можеш ли да преземеш иницијатива и да предложиш некоја забавна активност со твоето семејство?

Кога си сосема сам

Што ако си сам? Тоа не значи дека мораш да се досадуваш и да бидеш осамен. Постојат многу продуктивни, пријатни начини за да ги искористиш таквите временски периоди. На пример, некое хоби. Уште од библиски времиња мажи и жени откриле дека проучувањето на музиката збогатува (1. Мојсеева 4:21; 1. Царства 16:16, 18). „Јас свирам на клавир“, вели Рејчел. „Тоа е нешто што можеш да го правиш кога ти е досадно.“ Ако не си наклонет кон музиката, можеби ќе уживаш да научиш да шиеш, градинарство, собирање марки или да учиш некој странски јазик. Како нешто додатно, можеш дури и да развиеш некои вештини кои ќе се покажат корисни во подоцнежните години.

Библијата ни кажува дека мажи од вера, како Исак, барале периоди на осаменост за да медитираат (1. Мојсеева 24:63, НС). Еден млад Австриец по име Ханс вели: „Повремено, едноставно одам на некое тивко место во градината и седам за да го гледам зајдисонцето. Тоа ми донесува голема радост и ми помага да се чувствувам поблиску до мојот Бог, Јехова“.

,Радување‘ во Јеховината служба

Библијата прорекла дека Христос ќе најде ‚радост‘ во служењето на Јехова Бог (Исаија 11:3, НС). И иако светата служба на Бог не е баш рекреација, таа може да биде освежувачка и пријатна (Матеј 11:28—30).

Ханс, кој беше претходно цитиран, се сеќава на едно друго пријатно искуство. Тој вели: „Моите пријатели и јас сакаме да се сеќаваме на оние викенди кои ги поминавме работејќи на градилиштето на една Конгресна сала [за обожавање]. Научивме како да работиме заедно, и подобро се запознавме. Гледајќи наназад, го имаме задоволувачкото чувство дека сме направиле нешто вредно но и забавно“.

Сведоштвото на овие христијански младинци драматично разјаснува еден факт: Не мораш да пропушташ прилики добро да се забавуваш. Следи ги библиските начела. Биди креативен! Преземај здрави иницијативи! Ќе увидеш дека можеш да се забавуваш на начини кои ќе те изградат, а не да те разрушат.

[Фуснота]

a Види ја статијата „Младите прашуваат . . . Зошто другите млади го имаат сето задоволство?“ во нашето издание од 8 ноември 1996.

[Истакната мисла на страница 22]

„Толку е пријатно самото тоа што си надвор на свеж воздух со добри пријатели!“

[Слика на страница 23]

Не мораш да потрошиш многу пари за добро да се забавуваш со пријателите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели