ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/12 стр. 8-9
  • Како да бидеме пострпливи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да бидеме пострпливи
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Трпеливост — зошто е толку ретка?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Можеш ли да покажуваш стрпливост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Нестрпливоста може да биде штетна
    Разбудете се! 2012
  • Продолжи да покажуваш стрпливост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 12/12 стр. 8-9

Како да бидеме пострпливи

АКО ги прочита претходните две статии, веројатно ќе се согласиш дека ако си пострплив, ќе имаш подобро здравје, ќе донесуваш подобри одлуки и ќе имаш добри пријатели. Тогаш, што ќе ти помогне да бидеш пострплив? Еве неколку предлози.

Откриј зошто си нестрплив

Има работи и ситуации поради кои човек може да изгуби трпение. Кои причини би ги навел за твојата нестрпливост? Дали конкретни лица ја ставаат на испит твојата стрпливост? Можеби тоа најчесто се брачниот другар, родителите или децата. Дали причината е факторот време? На пример, дали обично губиш трпение кога треба да ги чекаш другите или кога доцниш некаде? Дали стануваш нестрплив кога си уморен, гладен, кога ти се спие или кога си под некаков стрес? Дали почесто го губиш трпението дома или на работа?

Како може да ти помогне самото тоа што ќе дознаеш која е причината за твојата нестрпливост? Многу одамна, цар Соломон напишал: „Претпазливиот го предвидува злото и се скрива, а неразумните одат напред, и претрпуваат казна“ (Изреки 22:3, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Во склад со оваа древна изрека, ако ‚предвидиш‘ дека поради нешто или некого ќе го изгубиш трпението, можеби ќе можеш да спречиш да дојде до тоа. На почетокот, можеби ќе треба да вложуваш свесен напор за да бидеш пострплив, но со текот на времето стрпливоста може да стане дел од тебе.

Поедностави си го животот

Според проф. Норин Херцфелд, која предава информатика на Универзитетот Сент Џон во Минесота (САД), „факт е дека луѓето не можат да вршат повеќе работи одеднаш. Мозокот не може да се концентрира на неколку работи истовремено“. Таа додава: „По некое време, обидот паралелно да правиме повеќе работи ја намалува нашата способност да се концентрираме, а тоа постепено лошо влијае врз нашата стрпливост, решителност, проникливост и способност за решавање проблеми“.

Тешко е да бидеш стрплив ако си под стрес затоа што треба да завршиш многу работи, да отидеш на многу места и да исконтактираш многу луѓе. Д-р Џенифер Хартштајн, спомната во претходните статии, предупредува: „Најголем виновник за нестрпливоста е стресот“.

Затоа, не дозволувај животот само да поминува покрај тебе. Уживај во него. Посвети време на тоа да го продлабочиш односот со неколкумина, наместо да започнуваш површни пријателства со многу луѓе. Организирај си го времето и стави ги поважните работи на прво место. Внимавај хобијата или некои електронски уреди да не ти го крадат времето.

За да си го поедноставиш животот, можеби ќе треба да размислиш како го трошиш времето. Кои активности би можел да ги намалиш или сосема да ги прекинеш? Една библиска изрека гласи: „Сѐ си има свое време... време за чување и време за отфрлање“ (Проповедник 3:1, 6). Можеби сега е време да отфрлиш некои работи поради кои си презафатен за да бидеш стрплив.

Биди реалистичен

Имај реално гледиште за животот. Како прво, во реалноста работите не се случуваат секогаш толку брзо колку што ние сакаме. Прифати го фактот дека времето тече со своја брзина, а не со твоја. Е тоа значи да си стрплив.

Како второ, не заборавај дека немаш секогаш контрола над околностите. Мудриот цар Соломон напишал: „Трката не ја добиваат брзите, ни битката силните, ниту лебот го имаат мудрите, ни богатството разборитите, ниту се во милост оние што имаат знаење; зашто, времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого од нив. Зашто, човекот не знае кога ќе му дојде часот“ (Проповедник 9:11, 12).

Наместо да губиш трпение поради работи што се вон твоја контрола, размисли над кои работи имаш контрола. На пример, наместо да се нервираш што автобусот или возот доцни, обиди се да најдеш друг начин да стигнеш таму каде што си тргнал. Ако треба, подобро оди пешки отколку нестрпливо да чекаш и да се нервираш. А ако единствен избор ти е да чекаш, искористи го мудро тоа време, на пример читај нешто корисно или направи си некои планови.

Факт е дека ништо нема да постигнеш ако се секираш за работи над кои немаш никаква контрола. Библијата со право вели: „Кој од вас може со својата загриженост барем малку да си го продолжи животниот век?“ (Лука 12:25).

Стани поблизок со Бог

Многу од оние што веруваат во Библијата сфатиле дека тоа што се трудат да ги применуваат нејзините начела им помага да бидат пострпливи. Според Библијата, една духовна личност е поспремна да покаже стрпливост, но и други важни позитивни особини како што се љубовта, радоста, мирот, љубезноста и самосовладувањето (Галатите 5:22, 23). Библијата ветува: „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7). Проучувај ја Библијата и ќе научиш помалку да се мачиш со грижи и да бидеш пострплив.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели