ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/12 стр. 5-7
  • Нестрпливоста може да биде штетна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нестрпливоста може да биде штетна
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Како да бидеме пострпливи
    Разбудете се! 2012
  • Трпеливост — зошто е толку ретка?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Зошто толку нестрпливост?
    Разбудете се! 2012
  • Можеш ли да покажуваш стрпливост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 12/12 стр. 5-7

Нестрпливоста може да биде штетна

ЗАМИСЛИ СИ ЈА следнава ситуација: Еден човек вози на пат со две ленти на кој е забрането претекнување. Жената пред него вози малку побавно од дозволеното. Но, за овој нестрплив човек, таа вози пребавно. Неколку минути вози премногу блиску до неа, но потоа го губи трпението и ја претекнува со голема брзина. Со тоа го прекршува законот и ризикува да предизвика сообраќајна несреќа.

Размисли и за ова: Да речеме дека некоја жена нема стрпливост да соработува со некој што не е толку брз или интелигентен како неа. Или, некој маж упорно притиска на копчето од лифтот. Дали честопати стануваш нестрплив со твоите остарени родители? Дали брзо го губиш трпението со твоите деца? Дали грешките на другите веднаш те вадат од такт?

Одвреме-навреме секој од нас го губи трпението. Но, кога нестрпливоста ќе ни стане навика, може да дојде до сериозни последици.

Здравствени проблеми

Како прво, нестрпливоста се поврзува со фрустрација, нервоза, па дури и со гнев. Ваквите емоции можат да ни го зголемат стресот, кој е штетен по здравјето. Едно поново истражување што го објави Американското медицинско здружение конкретно посочи на нестрпливоста како на ризик-фактор за покачен крвен притисок, дури и меѓу младите.

Нестрпливоста може да предизвика и ред други здравствени проблеми. Едно неодамнешно истражување откри дека нестрпливоста е причина и за прекумерната телесна тежина. „Истражувачите дојдоа до заклучок дека кај нестрпливите лица има поголема веројатност да се здебелат отколку кај оние што знаат да чекаат“, известува весникот The Washington Post. Во некои места, може лесно и во секое време да се најде евтина брза храна и многу нестрпливи луѓе не можат да му одолеат на искушението.

Одолговлекување

Едно истражување што го спроведе Истражниот центар за економска политика со седиште во Лондон покажа дека повеќето нестрпливи луѓе имаат навика да одолговлекуваат. Можеби се чувствуваат приморани да ги одложуваат задачите што бараат повеќе време затоа што не се стрпливи да ги сработат. Која и да е причината, навиката да се одложуваат работите може да има сериозни последици и за нив и за економијата. Според британскиот весник The Telegraph, истражувачот Ернесто Рубен изјавил дека „одолговлекувањето значително ја намалува продуктивноста на работното место и може да предизвика големи трошоци затоа што [нестрпливите] вечно одложуваат да завршат некоја административна работа“.

Насилство и злоупотреба на алкохол

Британскиот весник South Wales Echo вели дека „под дејство на алкохол, нестрпливите лица често се впуштаат во тепачки“. До овој заклучок дојдоа истражувачите од Универзитетот во Кардиф, анализирајќи ги навиките на стотици мажи и жени. Како што наведува весникот Echo, истражувањето покажало дека „нестрпливите луѓе почесто се опиваат и се посклони кон насилство“.

Лоши одлуки

Група аналитичари од Истражниот центар Пју во Вашингтон откриле дека нестрпливите луѓе „честопати донесуваат брзи и непромислени одлуки“. Д-р Иланго Понхасвами, професор и декан на катедрата по социјална работа на Универзитетот Бахратидасан во Индија, дошол до сличен заклучок. Тој вели: „Нестрпливоста скапо ќе те чини. Ќе ја платиш со пари, пријателства, болка, страдања и многу други последици. А зошто? Само затоа што од нестрпливост си донел лоша одлука“.

Финансиски проблеми

Според Research Review, публикација што ја издава Банката на федерални резерви во Бостон (САД), нестрпливоста е причина за „поголеми долгови“. На пример, некои нововенчани парови се нестрпливи и сакаат да ги имаат сите удобности после свадбата, иако не можат да си ги дозволат. Па така, купуваат стан, мебел, автомобил и сѐ друго — на кредит. Ова може лошо да се одрази на бракот. Истражувачите од Универзитетот во Арканзас (САД) велат дека „новите брачни парови кои се задолжуваат веднаш откако ќе стапат во брак се помалку среќни од оние што малку или воопшто не се задолжуваат“.

Вината за неодамнешната економска криза во САД некои ја наоѓаат во нестрпливоста. Финансиското списание Forbes тврди дека „моменталната состојба на берзата се должи на нестрпливоста и претераната алчност. Нестрпливоста навела илјадници обични граѓани да купуваат повеќе отколку што им дозволуваат финансиите. Тие масовно позајмуваа огромни суми што нема да можат да ги отплатат со години — а во некои случаи и доживотно“.

Помалку пријатели

Нестрпливоста може негативно да се одрази и на нашата способност да комуницираме. Кога некој нема стрпливост да води нормален разговор, обично зборува без размислување. Исто така, можеби се нервира кога другите зборуваат. Таквиот нема стрпливост да почека другите да се доискажат. Затоа е склон да им става зборови во уста или на некој друг начин да ги тера да завршат што побрзо.

Таквата нестрпливост може да ги прекине пријателствата. Д-р Џенифер Хартштајн, експерт за ментално здравје, спомната во претходната статија, објаснува: „Никој не сака да биде во друштво на некој што постојано тапка со ногата или погледнува во часовникот“. Да, нестрпливоста не е баш привлечна особина. Поради неа може да ги изгубиш пријателите.

Ова се само некои лоши последици од нестрпливоста. Следната статија зборува за тоа како може да научиш да бидеш стрплив.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели