ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/15 стр. 16
  • Религијата во фокус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Религијата во фокус
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Свет
  • Англија
  • Австралија
  • Како да ја препознаеме вистинската религија?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали која и да било религија е доволно добра?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Каква е иднината на религиите?
    Разбудете се! 2015
  • Да се врши чистата религија заради преживување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 1/15 стр. 16
Покрив на црква

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Религијата во фокус

Религијата би требало да ги обединува луѓето. Меѓутоа, премногу често таа е извор на судири и недоверба.

Свет

Земјата прикажана како пита графикон со нагласени три четвртини

Повеќе од три четвртини од светското население живее во земји во кои има значителни религиозни ограничувања — наметнати од државата или, пак, од општеството. Пред скоро време, само за период од пет години, бројот на земјите во кои дошло до насилни инциденти врз религиозни малцинства речиси двојно се зголемил.

РАЗМИСЛИ: Од кои различни причини некои луѓе не ја сакаат религијата? (Матеј 23:27, 28; Јован 15:19).

Англија

Поранешниот премиер Тони Блер за весникот Observer пишува дека „злоупотребата на религијата“ е најчестиот мотив за терористичките напади во последниве години. Тој додава: „За разлика од 20 век, воените конфликти денес не се резултат главно на екстремна политичка идеологија. Во овој век, војните се водат поради културни и верски разлики“.

РАЗМИСЛИ: Зошто религијата толку често е причина за поделби? (Марко 7:6-8).

Австралија

Едно пречкртано човече и четири други со кренати раце

Според бирото за статистика на Австралија, секој петти Австралиец тврди дека не е припадник на ниту една религија. Според извештајот, „дури и да припаѓаш на некоја религија не значи дека и активно учествуваш во неа“. Само 15 отсто од мажите и 22 отсто од жените кои припаѓаат на некоја религија велат дека активно учествуваат во нејзините активности.

РАЗМИСЛИ: Кои негативни карактеристики се очигледни кај голем број религии денес? (Матеј 7:15-20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели