ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 57
  • Бог го избира Давид

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог го избира Давид
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Тој „го гледа она што е во срцето“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Човек според Јеховиното срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Давид и Голијат
    Поуки од Библијата
  • Самоил и обожавањето на вистинскиот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 57
Давид убил мечка за да заштити едно јагне

ПРИКАЗНА 57

Бог го избира Давид

ГЛЕДАШ ЛИ што се случило? Момчето го спасило ова јагненце од мечката. Мечката дошла, го однела јагнето и сакала да го изеде. Но момчето потрчало по неа и го спасило јагнето од мечкината уста. А кога мечката го нападнала, момчето ја зграпчило и ја убило! Другпат, спасило една овца од лав. Зарем не е храбро ова момче? Знаеш ли кој е тој?

Ова е младиот Давид. Тој живеел во градот Витлеем. Негов дедо бил Овид, синот на Рут и Вооз. Се сеќаваш ли на нив? А татко на Давид му бил Јесеј. Давид ги чувал овците на својот татко. Се родил 10 години откако Јехова го избрал Саул за цар.

Дошло време кога Јехова му рекол на Самоил: ‚Земи малку од посебното масло и оди во куќата на Јесеј во Витлеем. Избрав еден од неговите синови да биде цар‘. Кога го здогледал Елијав, најстариот син на Јесеј, Самоил си рекол: ‚Ова сигурно е тој што Јехова го избрал‘. Но Јехова му рекол: ‚Не гледај на тоа колку е висок и убав. Не го избрав него за цар‘.

Затоа Јесеј го викнал својот син Авинадав и го довел кај Самоил. Но, Самоил рекол: ‚Не, Јехова не го избрал ниту него‘. Потоа, Јесеј му го довел својот син Сама. ‚Не, Јехова не го избрал ниту него‘, рекол Самоил. Јесеј му ги довел сите седум синови, но Јехова не избрал ниту еден од нив. ‚Дали се ова сите твои синови?‘ — го прашал Самоил.

‚Остана уште најмалиот‘, рекол Јесеј. ‚Но, тој ги чува овците.‘ Кога го довеле Давид, Самоил видел едно убаво момче. ‚Ова е тој‘, рекол Јехова. ‚Излеј го маслото врз него.‘ И Самоил го излеал. Подоцна дошло времето Давид да стане цар на Израел.

1. Самоилова 17:34, 35; 16:1-13.

Прашања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели