ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 62
  • Проблеми во Давидовиот дом

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проблеми во Давидовиот дом
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Гревот на цар Давид
    Поуки од Библијата
  • Потпирај се на Божјиот дух кога се справуваш со промените во животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Исповед што води до исцелување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Врвни точки од книгата Втора Самоил
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 62

Приказна 62

Проблеми во Давидовиот дом

ОТКАКО Давид почнал да владее во Ерусалим, Јехова ѝ дал на неговата војска многу победи над непријателите. Јехова им ветил на Израелците дека ќе им ја даде земјата Ханаан. На крајот, со Јеховина помош, целата земја што им била ветена, станала нивна.

Давид бил добар владетел. Тој го сакал Јехова. Затоа, една од првите работи што ги направил по освојувањето на Ерусалим е тоа што го донел во него Јеховиниот ковчег на сојузот. Сакал да изгради и храм во кој требало да стои тој ковчег.

Сепак, на постари години, Давид направил голема грешка. Тој знаел дека е погрешно да се земе нешто што му припаѓа на некој друг. Но, една вечер, додека бил на покривот на својата палата, погледнал долу и здогледал една многу убава жена. Таа се викала Витсавеа, а нејзиниот маж бил еден од неговите војници, кој се викал Урија.

Давид толку многу посакал да ја има Витсавеа што наредил да ја донесат во неговата палата. Нејзиниот маж се борел некаде далеку. Така, Давид водел љубов со неа, а подоцна таа открила дека ќе има бебе. Давид бил многу загрижен и му порачал на својот воен заповедник Јоав да го стави Урија во првите редови на борбата за да биде убиен. Кога Урија загинал, Давид се оженил со Витсавеа.

Јехова бил многу лут на Давид. Затоа го испратил својот слуга Натан да му каже за неговите гревови. Тука можеш да го видиш Натан како разговара со Давид. Давид бил многу тажен поради тоа што го направил, па затоа Јехова не го погубил. Но Јехова му рекол: ‚Поради тоа што ги направи овие лоши работи, ќе имаш многу проблеми во својот дом‘. И Давид навистина имал големи проблеми!

Прво, синот на Витсавеа умрел. Потоа, Давидовиот првороден син Амнон отишол со својата сестра Тамара на место каде што биле сами и ја силувал. Поради тоа, Давидовиот син Авесалом толку се налутил што го убил Амнон. Подоцна, Авесалом ја придобил наклоноста на многумина од народот, и самиот себеси се поставил за цар. На крајот, Давид победил во војната против Авесалом, кој бил убиен. Да, Давид имал многу проблеми.

Додека се случувало сето тоа, Витсавеа му родила син кој се викал Соломон. Кога Давид остарел и се разболел, неговиот син Адонија се обидел да се постави себеси за цар. Тогаш Давид му наредил на еден свештеник, кој се викал Садок, да излее масло врз главата на Соломон за да покаже дека тој ќе биде цар. Набрзо потоа, Давид умрел на 70 години. Тој владеел 40 години, а следен цар на Израел бил Соломон.

2. Самоилова 11:1-27; 12:1-18; 1. Царевите 1:1-48.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели