ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 43 стр. 104
  • Гревот на цар Давид

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гревот на цар Давид
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Проблеми во Давидовиот дом
    Мојата книга со библиски приказни
  • Потпирај се на Божјиот дух кога се справуваш со промените во животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Исповед што води до исцелување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Кога „срце скршено и здробено“ бара прошка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 43 стр. 104
Пророкот Натан го укорува цар Давид

ПОГЛАВЈЕ 43

Гревот на цар Давид

Кога умрел Саул, Давид станал цар. Тогаш имал 30 години. Откако владеел некое време, Давид направил голема грешка. Една ноќ, излегол на покривот од својата палата и оттаму видел една убава жена. Давид дознал дека таа се вика Витсавеа и дека е омажена за еден војник по име Урија. Давид наредил да му ја доведат во палатата. Тој легнал со неа, и таа останала бремена. Давид се обидел да скрие што направил. Тој му рекол на својот воен заповедник во наредната битка да го постави Урија во првите борбени редови, и потоа сите да се повлечат назад и да го остават сам. Така Урија бил убиен во битката, а Давид ја зел Витсавеа за жена.

Цар Давид се моли за простување

Но, Јехова видел колку лоши работи се случиле. Што направил во врска со тоа? Тој го испратил својот пророк Натан кај Давид. Кога Натан стигнал кај него, му рекол: „Еден богат човек си имаше многу овци, а еден сиромав човек имаше само една овчичка што многу ја сакаше. Но богатиот човек му ја зеде овчичката на сиромавиот“. Давид се налутил и рекол: „Тој богат човек заслужува да умре!“ Тогаш Натан му рекол на Давид: „Ти си тој човек!“ Ова многу го погодило Давид. Тој му признал на Натан: „Му згрешив на Јехова“. Поради овој грев, Давид и неговото семејство доживеале многу неволји. Јехова го казнил Давид, но го оставил жив бидејќи бил искрен и понизен.

Подоцна, Давид сакал да му изгради храм на Јехова. Но, Јехова рекол дека тоа нема да го направи тој, туку неговиот син Соломон. Давид почнал да прави подготовки за изградбата на храмот. Тој рекол: „Храмот на Јехова мора да биде величествен. Соломон е сѐ уште млад, но јас ќе му помогнам. Ќе подготвам сѐ што ќе му биде потребно“. Давид дал многу пари, нашол добри мајстори и собрал многу злато и сребро. Освен тоа, набавил кедрово дрво од Тир и Сидон. При крајот на својот живот, Давид му ги дал на Соломон плановите за изградба на храмот. Тој му кажал: „Јехова ми рече да ги напишам овие работи за да ти ги дадам тебе. Јехова ќе ти помага. Немој да се плашиш. Биди храбар и почни да градиш“.

Давид му ги објаснува на младиот Соломон плановите за храмот

„Кој ги крие престапите свои, ќе нема успех, а оној што ги признава и ги остава, ќе биде помилуван“ (Изреки 28:13)

Прашања: Какви гревови направил Давид? Што направил Давид за да му помогне на својот син Соломон?

2. Самоилова 5:3, 4, 10; 7:1-16; 8:1-14; 11:1 — 12:14; 1. Летописи 22:1-19; 28:11-21; Псалм 51:1-19

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели