ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • my приказна 71
  • Бог ветува рај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог ветува рај
  • Мојата книга со библиски приказни
  • Сличен материјал
  • Која е Божјата намера со Земјата?
    Што бара Бог од нас?
  • „Се гледаме во рајот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Зошто го изгубиле својот дом
    Мојата книга со библиски приказни
  • Други се на повисока положба од нас
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Мојата книга со библиски приказни
my приказна 71

Приказна 71

Бог ветува рај

ОВА е слика на рај каков што Бог можеби му покажал на својот пророк Исаија. Исаија живеел кратко по Јона.

Рај значи „градина“ или „парк“. Дали тоа те потсетува на нешто што веќе го видовме во оваа книга? Многу е слично со убавата градина која Јехова Бог ја направил за Адам и Ева, зар не? Но, ќе биде ли некогаш рај целата Земја?

Јехова му рекол на својот пророк Исаија да напише за претстојниот нов рај во кој ќе живее Божјиот народ. Тој рекол: ‚Волците и овците ќе живеат заедно во мир. Телињата и лавчињата ќе јадат заедно, а мали деца ќе се грижат за нив. Дури ни бебето нема да биде повредено ако си игра во близина на отровна змија‘.

‚Ова никогаш нема да се случи‘, ќе речат многумина. ‚На Земјата отсекогаш имало неволји и секогаш ќе ги има.‘ Но размисли: Каков дом им дал Бог на Адам и Ева?

Бог ги ставил Адам и Ева во еден рај. Само затоа што не го послушале Бог, го изгубиле својот прекрасен дом, остареле и умреле. Бог ветува дека на луѓето што го сакаат ќе им ги даде истите работи кои ги изгубиле Адам и Ева.

Во претстојниот нов рај, ништо нема да биде оштетено или уништено. Ќе постои совршен мир. Сите луѓе ќе бидат здрави и среќни. Ќе биде токму како што Бог сакал да биде на почетокот. Но, подоцна ќе научиме како Бог ќе го направи тоа.

Исаија 11:6-9; Откровение 21:3, 4.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели