Песна 94
Цару на вечноста, посвети го своето име!
1. Јехова, само ти си Бог,
до недоглед си истиот.
Од љубов чекаш стрпливо,
дур име да си посветиш.
Ти имаш вечна намера
и мудрост величествена.
А Царството наближува
за да ја снема злобата.
2. Ко Творец на вселената,
ти постоиш отсекогаш!
И гледаш како Земјата
со злоба се преполнува.
За нас го даде својот Син,
над Земјата ќе владее.
Па сите непријатели
отстрани ги, те молиме.
3. Пророците од дамнина
за спас вест објавувале.
Што прорече — се исполни,
на сите им сведочиме.
А Земјата ќе остане,
создадена за тоа е.
О Цару, ти возвиши се
— Месијата да владее.