Финансиски потпирани со доброволни прилози
Целата претходно опишана активност ја извршуваат доброволни работници, со што се одржуваат ниски цени. Службата на проповедање од куќа до куќа и растурањето на литература Јеховините сведоци го вршат доброволно. Тие сами ги плаќаат своите трошоци. Старешините кои ги надгледуваат собранијата со помош на слугите помошници, не примаат никаква плата за својата служба. Сите свои трошоци ги покриваат сами.
Дури и членовите на Водечкото тело и сите други кои полновремено работат на подготовката и производството на Библии и библиска литература, добиваат само соба и храна и мал надоместок за трошоците. Исто е и со полновремените патувачки надгледници.
Литературата им се дава бесплатно на оние кои покажуваат искрен интерес да ја читаат. Основните трошоци за материјалот, производството и испорачувањето се покриваат со доброволни финансиски прилози кои ги даваат заинтересираните лица и се надополнуваат со прилози, наследства и слично, кои ги даваат самите Јеховините сведоци.
На сите состаноци на Јеховините сведоци, било локални или поголеми собири, се наоѓаат кутии за доброволни прилози за оние кои сакаат да дадат прилог. Прилози не се собраат. Не постои задолжително плаќање на некаква такса ниту десеток. Како што стои во Светото писмо, секој може да даде прилог ако тоа го одлучил во своето срце (2. Коринтјаните 8:12; 9:7).
● Како се потпира финансиски активноста на Јеховините сведоци?