ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gm погл. 1 стр. 4-11
  • Зошто да ја читаме Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да ја читаме Библијата?
  • Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бестселер на сите времиња
  • Книга со влијание
  • Омразена и сакана
  • Тврдење дека е Реч Божја
  • Вилијам Тиндејл — човек со визија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како дошла Библијата до нас — дел два
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Библијата е порака од Бог за нас
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Бог ни ги открива своите намери
    Дали Бог се грижи за нас?
Повеќе
Библијата — Реч Божја или човечка?
gm погл. 1 стр. 4-11

Поглавје 1

Зошто да ја читаме Библијата?

Живееме во еден свет со премногу проблеми и далеку премалку решенија. Многу милиони редовно гладуваат. Растечки броеви се оддадени на дрога. Сѐ повеќе и повеќе семејства се разделуваат. Инцестот и семејното насилство се постојано на вестите. Воздухот што го дишиме и водата што ја пиеме постепено се трујат. Во меѓувреме, сѐ повеќе од нас стануваат жртви на криминалот. Што мислиш, дали ваквите проблеми некогаш ќе бидат решени?

1. (Вклучи го и уводот.) Кои современи проблеми покажуваат дека на човештвото му е потребно водство?

ОСВЕН тоа, живееме во ера на тешки избори. На пример, многумина неумоливо се спротивставуваат на абортусот, нарекувајќи го убиство на нероденото. Други, пак, исто толку цврсто мислат дека жените имаат авторитет над своето сопствено тело и дека самите треба да одлучат за една таква работа. Многумина гледаат на хомосексуалноста, прељубата и предбрачниот секс како на флагрантен неморал. Други, пак, веруваат дека овие практики се работа на личен избор. Кој може да каже кој е во право, а кој е во грешка?

2, 3. Како многумина денес гледаат на Библијата?

2 Библијата нуди водство што се однесува до моралот, и таа опишува делотворни решенија за проблемите со криминалот, гладот и загадувањето. Проблемот е во тоа што повеќето луѓе веќе не гледаат на Библијата како на авторитет во поглед на таквите работи. Едно време, таа била слушана со респект — барем на Западот. Иако Библијата ја напишале луѓе, мнозинството од христијанскиот свет во минатото ја прифатило како Реч Божја и верувало дека самиот Бог ја инспирирал нејзината содржина.

3 Меѓутоа, денес е во мода да се биде скептичен за сѐ: за обичаите, идеите, моралот, па дури и за постоењето на Бог. Особено, луѓето се сомневаат во вредноста на Библијата. Изгледа дека повеќето ја сметаат како старомодна и ирелевантна. Малкумина современи интелектуалци гледаат на неа како на Реч Божја. Мнозинството од луѓето повеќе би се сложило со научникот Џејмс Бар, кој напишал: „Мојот извештај за развивањето на библиската традиција е извештај за човечко дело. Тоа е човечка изјава за своите верувања“.1

4, 5. Зошто е витално да знаеме дали Библијата е инспирирана од Бог или не? Која е целта на оваа публикација?

4 Дали тоа е и твое мислење? Дали мислиш дека Библијата е Реч Божја или човечка? Како и да одговориш на тоа прашање, разгледај ја оваа поента: Ако Библијата не е ништо друго освен реч човечка, тогаш логично е да не постои јасно решение за проблемите на човештвото. Луѓето ќе мораат само да се провлекуваат колку што можат најдобро, надевајќи се некако да избегнат да го затрујат и уништат своето постоење или, пак, да не бидат кренати во воздух во нуклеарна војна. Но, ако Библијата е Реч Божја, тогаш таа е токму она што ни е потребно за да се пробиеме низ ова тешко време.

5 Оваа публикација ќе презентира доказ дека Библијата навистина е Реч Божја. А издавачите се надеваат дека откако ќе го разгледаш доказот, ќе увидиш дека Библијата ги содржи единствените валидни решенија за проблемите на човештвото. Но, прво, би сакале да го свртиме твоето внимание кон некои факти кои, самите по себе, ја прават Библијата вредна за да ја разгледаш.

Бестселер на сите времиња

6, 7. Кои извонредни факти во врска со Библијата го бараат нашето внимание?

6 Пред сѐ, таа е бестселер, книга со најголем тираж во сета историја. Според Гинисовата книга на светски рекорди, издание од 1988, се проценува дека меѓу 1815 и 1975 биле отпечатени 2.500.000.000 примероци. Тоа е огромна бројка. Ниту една друга книга во историјата дури не ѝ се ни приближила на Библијата во броевите на тиражот.

7 Освен тоа, ниту една друга книга не била преведена на толку многу јазици. Сега Библијата може да се чита, во целост или делумно, на повеќе од 2.100 различни јазици. Американското библиско друштво известува дека сега таа е достапна на 98 проценти од популацијата на нашата планета. Замисли си го огромниот напор кој е вклучен во правењето толку многу преводи! Која друга книга добила такво внимание?

Книга со влијание

8, 9. Кои изрази ги дале некои лица, што покажуваат какво влијание вршела Библијата?

8 The New Encyclopædia Britannica ја нарекува Библијата „веројатно највлијателната збирка книги во човечката историја“.2 Хајнрих Хајне, германски поет од 19 век, признал: „Мојата просветленост ја должам, сосема едноставно, на читањето на една книга . . . Библијата. Со потполно право е наречена Свето писмо. Оној кој го изгубил својот Бог, може повторно да Го открие во оваа книга“.3 Во текот на истиот век, антиропскиот активист Вилијам Х. Сивард објавил: „Целата надеж за човечкиот прогрес виси на сѐ поголемото влијание на Библијата“.4

9 Абрахам Линколн, 16-тиот претседател на Соединетите Држави, ја нарекол Библијата „најдобриот подарок што Бог некогаш му го дал на човекот . . . Ако не беше таа, не би можеле да разликуваме исправно од погрешно“.5 Британскиот правник, сер Вилијам Блекстоун, го истакнал влијанието на Библијата, кога рекол: „Од овие две основи, законот на природата и законот на откровението [Библијата], зависат сите човечки закони, односно, така да се каже, на ниеден човечки закон не треба да му се дозволи да им противречи на овие“.6

Омразена и сакана

10. Како било изразено противењето кон Библијата?

10 Истовремено, мораме да забележиме дека ниедна друга книга не била мета на толкаво злобно противење, па дури и омраза низ историјата. Од средниот век па сѐ до нашиов 20 век биле запалувани Библии во јавни логорски огнови. А читањето или дистрибуирањето на Библијата било казнувано со парична казна и затворање, дури и во современо доба. Во минатите векови, таквите „злочини“ честопати воделе до тортура и смрт.

11, 12. Како Тиндејл ја покажал својата љубов кон Библијата?

11 Паралелно со ова била оддаденоста на која инспирирала Библијата. Многумина истрајале да ја читаат и покрај непопустливото прогонство. Размисли за Вилијам Тиндејл, Англичанец од 16 век, кој бил школуван на Оксфордскиот универзитет и станал почитуван инструктор на универзитетот во Кембриџ.

12 Тиндејл ја сакал Библијата. Но, во негово време, религиозните авторитети инсистирале да ја задржат на латински, еден мртов јазик. Така, за да ја направи достапна за своите сонародници, Тиндејл решил да ја преведе Библијата на англиски. Бидејќи тоа било против законот, Тиндејл морал да се откаже од својата удобна академска кариера и да бега во Европа. Живеел тежок живот како бегалец, доволно долго за да ги преведе Грчките списи („Новиот завет“) и нешто од Хебрејските списи („Стариот завет“) на својот мајчин јазик; но на крај бил уапсен, прогласен за виновен заради ерес и задавен, а неговото тело било изгорено.

13. Која е една работа што ја прави Библијата навистина единствена?

13 Тиндејл е само еден од големиот број луѓе кои жртвувале сѐ за да ја читаат Библијата или да им ја направат достапна на другите. Ниедна друга книга не инспирирала толку многу обични мажи и жени да се издигнат до такви високи степени на храброст. Во тој поглед, Библијата навистина е без конкурент.

Тврдење дека е Реч Божја

14, 15. Кое тврдење честопати го изнесувале библиските писатели?

14 Библијата е единствена и поради тврдењето кое го изнеле многу нејзини писатели. Околу 40 поединци, вклучувајќи цареви, пастири, рибари, државни службеници, свештеници, најмалку еден генерал и еден лекар, зеле учество во пишувањето на различни делови од Библијата. Но, честопати писателите го изнесувале истото тврдење — дека не пишувале сопствени мисли, туку Божји.

15 Така, во Библијата честопати читаме изрази, како што се: „Духот Господов говори во мене, и словото Негово е на јазикот мој“ или „Вака рече Господ, Господ Саваот“ (2. Царства 23:2; Исаија 22:15). Во едно писмо што му го испратил на еден соевангелизатор, апостол Павле напишал: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17).

16. За кои прашања дискутира Библијата?

16 Во склад со тврдењето дека таа е Реч Божја а не човечка, Библијата одговара на прашања кои може да ги одговори само Бог. На пример, таа објаснува зошто човечките влади не се способни да донесат траен мир, како луѓето можат да го најдат најдлабокото задоволство во животот и што донесува иднината за Земјата и за човештвото на неа. Сега, како личност која размислува, многупати си морал да си ги поставиш овие и слични прашања. Зошто барем не ја разгледаш можноста дека Библијата е Реч Божја и на тој начин единствена која е способна да дава меродавни одговори?

17, 18. а) Кои се некои од обвиненијата упатени против Библијата што се дискутирани во оваа публикација? б) Кои понатамошни теми ќе бидат опфатени?

17 Те охрабруваме внимателно да го испиташ доказот кој е презентиран во оваа книга. Некои нејзини поглавја ќе дискутираат за често слушани критики во врска со Библијата. Дали Библијата е ненаучна? Дали таа си противречи? Дали содржи реална историја или само мит? Дали чудата запишани во Библијата навистина се случиле? Презентиран е логичен доказ за да се одговори на овие прашања. После тоа, се дискутира за моќни демонстрации на божествената инспирација на Библијата: нејзините пророштва, нејзината длабока мудрост и извонредниот ефект што го има врз животите на луѓето. На крајот, ќе видиме каков ефект може да има Библијата врз твојот живот.

18 Но, прво ќе дискутираме за тоа како сме ја добиле Библијата. Дури и историјата на оваа зачудувачка книга дава доказ дека таа има повеќе отколку само човечко потекло.

[Слика на целата страница 4]

[Слика на страница 6]

Библијата е најшироко дистрибуирана и најпреведена книга во сета историја

[Слика на страница 9]

Како што илустрира овој дрворез од 15 век, многумина биле живи изгорени поради „злочинот“ — читање на Библијата

[Слика на страница 11]

Библиските писатели тврделе дека се инспирирани од Бог

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели