ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 11 стр. 99-104
  • Зошто Бог го допуштил злото?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Бог го допуштил злото?
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ВАЖНО СПОРНО ПРАШАЊЕ КОЕ МОРА ДА СЕ РАСЧИСТИ
  • РАСЧИСТУВАЊЕ НА СПОРНОТО ПРАШАЊЕ
  • ЗОШТО ТОЛКУ ДОЛГО?
  • Зошто злото нема крај?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Човечкото страдање — зошто Бог го допушта?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто има зло и страдања во светот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Зошто Бог допушта страдање?
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 11 стр. 99-104

11. поглавје

Зошто Бог го допуштил злото?

1. (а) Каква состојба владее денес на Земјата? (б) На што се жалат некои луѓе?

КАДЕ и да погледнеме во светот, насекаде можеме да видиме иста слика: насилство, омраза и немири. Често страдаат недолжни. Некои го обвинуваат Бог за тоа. Велат: ”Ако постои Бог, тогаш зошто дозволува такви страшни работи?“

2. (а) Кој прави зло? (б) Како можеле да бидат спречени многу страдања на Земјата, и зошто?

2 Но, кој им прави зло на другите? Тоа се луѓето, а не Бог. Бог ги осудува лошите постапки. Всушност, многу страдања можеле да се спречат доколку луѓето ги слушале Божјите закони. Тој ни заповеда да ги сакаме другите, осудува убиство, кражба, блуд, лакомство, пијанство и секоја друга неправда што им нанесува болка на луѓето (Римјаните 13:9; Ефесјаните 5:3, 18). Бог ги создал Адам и Ева со прекрасен мозок и тело и со способност потполно да му се радуваат на животот. Тој не сакал тие и нивните деца да страдаат или да имаат проблеми.

3. (а) Кој е одговорен за злото? (б) Што покажува дека Адам и Ева можеле да се спротивстават на Сатанското искушение?

3 Сатана, Ѓаволот го зачнал злото на Земјата, но Адам и Ева исто така биле виновни. Тие не биле толку слаби за да не би можеле да се спротивстават кога Сатана ги искушал. И тие можеле да му речат на Ѓаволот: ”оди си“, како што подоцна постапил совршениот човек Исус (Матеј 4:10, ДК). Но тие не постапиле така и затоа станале несовршени. Така сите нивни потомци, вклучувајќи нѐ и нас, ја наследиле несовршеноста, а со тоа болести, жалост и смрт (Римјаните 5:12). Но, зошто Бог и натаму го допуштил злото?

4. Што ни помага да разбереме зошто Бог кој е полн со љубов, привремено го допушта злото?

4 Некој може отпрвин да мисли дека Бог немал никаква причина да го допушти сето човечко страдање кое го доживеале луѓето низ вековите. Но, дали тој заклучок е исправен? Зар многу родители кои навистина ги сакаат своите деца не дозволиле децата да поднесат некоја болна операција за да се излечат? Да, со тоа што родителите допуштиле нивните деца привремено да страдаат, им овозможиле подобро здравје во подоцнежниот живот. Но, какво добро е сторено со тоа што Бог го допуштил злото?

ВАЖНО СПОРНО ПРАШАЊЕ КОЕ МОРА ДА СЕ РАСЧИСТИ

5. (а) Како Сатана му се спротивставил на Бог? (б) Што ѝ ветил Сатана на Ева?

5 Со бунтот против Бог во Еденската градина било истакнато едно важно спорно прашање. Мораме да го испитаме тоа спорно прашање за да разбереме зошто Бог го допушта злото. Јехова му рекол на Адам дека не смее да јаде од едно одредено дрво во градината. Што би се случило кога Адам би јадел? Бог рекол: ”Сигурно ќе умреш“ (1. Мојсеева 2:17, NW). Меѓутоа, Сатана рекол нешто сосема спротивно. Тој ѝ понудил на Адамовата жена, Ева, да јаде од забранетото дрво. ”Сигурно нема да умрете“, рекол тој. Дури пред Ева тврдел: ”Туку знае Бог: оној ден кога ќе јадете од него ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како богови, кои го разликуваат доброто и злото“ (1. Мојсеева 3:1–5, Ст).

6. (а) Зошто Ева не го послушала Бог? (б) Што значело да се јаде од забранетото дрво?

6 Ева не го послушала Бог и јадела. Зошто? Ева му верувала на Сатана. Себично мислела дека ќе ѝ користи ако не го послуша Бог. Заклучила дека таа и Адам не ќе мораат повеќе да му полагаат сметка на Бог. Повеќе не ќе мораат да му се покоруваат на Божјиот закон. Така самите би можеле да одлучуваат што е ”добро“, а што ”зло“. Адам ѝ се придружил на Ева и јадел. Во врска со првобитниот човечки грев против Бог, во фуснотата на The Jerusalem Bible (Ерусалимска Библија) читаме: ”Тоа сознание е (...) способноста сам да се одлучува што е добро а што зло, и да се постапува соодветно на тоа, значи, барање за морална независност (...) Првиот грев бил бунт против Божјиот суверенитет.“ Значи, тоа бил напад на Божјето право да биде апсолутен владетел над човештвото.

7. (а) Кое спорно прашање било поставено со непослушноста на човекот? (б) Кои прашања поврзани со тоа мораат да бидат одговорени?

7 Со тоа што јаделе од забранетиот плод, Адам и Ева се прогласиле независни од Божјето владетелство. Тргнале по свој пат, правејќи го она што е ”добро“ или ”зло“ според нивното мислење. Значи, важното спорно прашање гласи: Дали Бог има право да биде апсолутен владетел над човештвото? Со други зборови: Има ли Јехова право да одлучува што е за луѓето добро, а што зло? Дали тој има право да каже кое постапување е исправно а кое не? Може ли човекот сам да владее подобро? Кој вид на владеење е најдобар? Можат ли луѓето да владеат успешно без Јеховино водство, но под невидливото водство на Сатана? Дали е потребно Божје водство за воведување на праведна влада која на Земјата ќе ѝ донесе траен мир? Тие прашања се појавиле при нападот на Божјиот суверенитет, неговото право да биде единствен и апсолутен владетел над човештвото.

8. Зошто Јехова веднаш не ги уништил тие бунтовници?

8 Секако дека Јехова можел да ги уништи тие тројца бунтовници веднаш по нивниот бунт. Без сомнение, тој е посилен од Сатана или од Адам и Ева. Но, ако би ги уништил тоа не би било најдоброто решение. Тогаш не би било разјаснето прашањето дали луѓето можат сами успешно да владеат без Божја помош. И така Јехова оставил време за да се расчисти важното спорно прашање.

РАСЧИСТУВАЊЕ НА СПОРНОТО ПРАШАЊЕ

9, 10. Кој бил резултатот од обидот на луѓето да владеат сами без Божје водство?

9 Оттогаш поминало многу време. И каков е резултатот? Што би рекол ти? Дали во изминатите 6000 години историјата покажала дека луѓето можат сами успешно да владеат без Божје водство? Дали луѓето создале добри влади кои донесувале благослов и среќа за сите? Или пак, историјата сепак ги потврдила зборовите на пророкот Еремија, кој рекол: ”Патот на човекот не зависи од него, (...) не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“ (Еремија 10:23, ББД).

10 Во текот на историјата, луѓето ги испробале сите можни облици на владеење, но ниеден не им донел сигурност и вистинска среќа на сите луѓе. Некои луѓе можат да укажуваат на напредокот. Но, дали можеме да говориме за вистински напредок ако лакот и стрелата се заменети со атомска бомба, и ако светот денес се плаши од нова светска војна? Каков напредок е ако луѓето шетаат по Месечината, а не можат меѓусебно да живеат во мир на Земјата? Што им користи на луѓето ако градат удобни куќи кога многуте проблеми ги растураат семејствата што живеаат во нив? Дали уличните борби, уништувањето на животот и имотот, како и беззаконието кое е раширено во светот, се работи со кои можеме да се гордееме? Никако. Тоа се плодови на владите кои се отуѓени од Бог (Изреките 19:3).

11. Што им е очигледно потребно на луѓето?

11 Фактите се очигледни. Настојувањата на луѓето да владеат сами, независно од Бог, се покажале безуспешни. Предизвикале многу страдања. Библијата вели: ”Човекот господари над човек на своја штета“ (Проповедник 8:9, ББД). Јасно е дека на луѓето им е потребно Божје водство за да можат успешно да управуваат со своите работи. Како што Бог ги создал луѓето со потреба од храна и вода, ги создал и со потреба да ги слушаат Божјите закони. Ако човек ги занемарува Божјите закони, па западне во тешкотии, тој ќе страда, исто онака како кога би ја занемарил потребата на своето тело од храна и вода (Изреките 3:5, 6).

ЗОШТО ТОЛКУ ДОЛГО?

12. Зошто Бог оставил толку долго време за да се расчисти спорното прашање?

12 Некој би можел да праша: ”Зошто Бог оставил толку многу време за расчистување на тоа спорно прашање — дури околу 6000 години? Зарем не можело да се расчисти на еден задоволителен начин многу одамна?“ Сигурно не. Ако Бог тоа го сторил одамна, можеби некој подоцна би приговорил дека луѓето немале доволно време да експериментираат. Но, луѓето имале доволно време да развијат облик на владеење кој би ги задоволил потребите на сите граѓани, и да дојдат до научни откритија кои би допринеле за доброто на сите луѓе. Низ вековите луѓето го испробале речиси секој можен облик на владеење. На полето на науката постигнале значаен напредок. Тие го употребиле атомот, отишле на Месечината, но каков е резултатот од сето тоа? Дали со тоа воспоставиле нов поредок на благослов на човештвото?

13. (а) Каква ситуација владее денес и покрај сиот научен напредок? (б) Што тоа очигледно докажува?

13 Далеку од тоа! Сега на Земјата има повеќе несреќи и неволји од кога и да е порано. Криминалот, загадувањето на околината, војните, распаѓањето на семејствата и други проблеми достигнале толку опасен степен, што научниците сметаат дека е загрозен самиот опстанок на човекот. Да, после скоро 6000 години постоење на човечките владетелства и откако е достигнат врвот во научниот ”напредок“, човештвото е соочено со самоуништување! Колку е само јасно дека луѓето не можат да владеат независно од Бог! Сега веќе никој не може да се жали дека Бог не оставил доволно време за расчистување на тоа спорно прашање.

14. Зошто треба да го испитаме другото важно спорно прашање кое го поставил Сатана?

14 Сигурно Бог имал оправдани причини што им допуштил на луѓето да прават зло под владеењето на Сатана. Но, со својот бунт Сатана поставил друго спорно прашање, за чие расчистување исто така било потребно доволно време. Да го испитаме и тоа спорно прашање за да сфатиме подобро зошто Бог го допуштил злото. Ти треба посебно да бидеш заинтересиран за тоа спорно прашање, зашто и самиот лично си вмешан во него.

[Слика на страница 100]

Од оправдана причина родителите ќе дозволат нивното сакано дете да поднесе болна операција. Од оправдани причини и Бог дозволил луѓето привремено да страдаат.

[Слика на страница 101]

Со тоа што го јаделе забранетиот плод, Адам и Ева ја отфрлиле Божјата влада. Почнале сами да одлучуваат што е добро, а што зло.

[Слики на страница 103]

Исто како што човекот е создаден со потребата да јаде и да пие вода, така е создаден и со потребата од Божје водство.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели