ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/9 стр. 4-7
  • Зошто злото нема крај?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто злото нема крај?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кој е виновен за злото?
  • Едно многу важно прашање
  • Требало да помине време
  • Што покажало времето
  • Што ќе сториш ти?
  • Зошто Бог го допуштил злото?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Зошто Бог допушта страдање?
    Спознание кое води до вечен живот
  • Човечкото страдање — зошто Бог го допушта?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто има зло и страдања во светот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/9 стр. 4-7

Зошто злото нема крај?

„ЈЕХОВА [БОГ] е праведен на сите свои патишта“, стои во Библијата (Псалм 145:17; Откровение 15:3). За него, пророкот Мојсеј рекол: „Делото му е совршено, зашто сите негови патишта се правда. Тој е верен Бог, без неправда, праведен е и вистинољубив“ (5. Мојсеева 32:4). „Јехова е полн со сочувство и милосрден“, пишува во Јаков 5:11. Според тоа, Бог не може да предизвика зло, и тој не го предизвикува.

Ученикот Јаков напишал: „Никој, кога ќе се најде во искушение, нека не вели: ‚Бог ме искушува‘. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло“ (Јаков 1:13). Јехова Бог ниту ги искушува луѓето со зло ниту ги тера да направат нешто лошо. Тогаш, кој е виновен што има толку зло и толкави страдања?

Кој е виновен за злото?

Јаков, кој напишал дел од Библијата, вели дека за злото донекаде се виновни самите луѓе. Тој рекол: „Секого го искушува неговата желба, така што го привлекува и го мами. Потоа желбата, кога ќе зачне, раѓа грев, а гревот, кога е направен, донесува смрт“ (Јаков 1:14, 15). Луѓето понекогаш постапуваат според своите неисправни желби. Во тоа игра улога и наследениот грев. Гревот има моќ да ги засили тие погрешни желби и да нѐ натера да направиме нешто лошо, и од тоа да си сносиме многу тешки последици (Римјаните 7:21-23). Навистина, наследениот грев ‚царува‘ над луѓето и ги тера да прават злобни работи од кои многу страдаат другите (Римјаните 5:21). Освен тоа, злобните луѓе можат да наведат некого и тој да стане како нив (Изреки 1:10-16).

Сепак, главниот виновник за злото е Сатана Ѓаволот. Тој го втурнал светот во зло. Исус Христос го нарекол Сатана „Злобниот“ и „владетелот на светот“, односно на неправедното човечко општество. Човештвото, општо земено, му е послушно на Сатана. Тој ги подбуцнува луѓето да постапуваат спротивно на добрите совети од Јехова Бог, и тие го прават токму тоа (Матеј 6:13; Јован 14:30; 1. Јованово 2:15-17). „Целиот свет е под власта на Злобниот“, стои во 1. Јованово 5:19. Всушност, Сатана и неговите ангели ‚го заведуваат целиот свет‘, и оттаму доаѓаат тешките проблеми на Земјата (Откровение 12:9, 12). Според тоа, најголемиот дел од вината за злото лежи на Сатана Ѓаволот.

Проповедник 9:11 ни открива уште една причина за човечките страдања: „Времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого“. Исус Христос спомнал една кула која паднала и убила 18 души (Лука 13:4). Тие луѓе настрадале затоа што случајно се нашле таму кога се урнала кулата, а не затоа што така требало да биде. Слични работи се случуваат и денес. На пример, цигла може да му се лизне од раце на некој што ѕида висока зграда и да убие некој минувач. Дали е Бог виновен за несреќата? Не. Човекот ниту сакал ниту планирал да се случи тоа. Бог не е виновен ни кога некој во фамилијата ќе се разболи или кога жената и децата ќе останат сами затоа што мажот ненадејно починал.

Од ова јасно произлегува дека Бог не е одговорен за злото и дека луѓето не страдаат од него. Напротив, Јехова има намера да го отстрани злото и оние што го предизвикуваат (Изреки 2:22). Но, тоа не е сѐ. Светото писмо вели дека Бог има намера преку Христос „да ги уништи делата на Ѓаволот“ (1. Јованово 3:8). Тој ќе му стави крај на сегашниов поредок — полн со алчност, омраза и злоба — еднаш и засекогаш. Дури „ќе ја избрише секоја солза од [сите] очи“, што значи дека никој повеќе нема да страда (Откровение 21:4). Но, можеби се прашуваш: ‚Зошто Бог не го направил тоа досега? Зошто дозволува до ден-денес луѓето да страдаат и да трпат зло?‘ Одговорот на овие прашања ќе го најдеме на страниците од Библијата, во извештајот за Адам и Ева.

Едно многу важно прашање

Одговорот на прашањето зошто Бог дозволува злото да постои до ден-денес е поврзан со тоа што се случило набрзо откако биле создадени Адам и Ева. Тогаш се наметнало едно важно прашање во врска со Творецот — прашање кое не можело да се реши ниту брзо ниту лесно. Да видиме што точно се случило.

Јехова Бог ги создал првите маж и жена и ги ставил во Рајот. Тие биле совршени. Освен тоа, од Бог добиле и нешто што го нема ниту едно животно — правото на слободна волја (1. Мојсеева 1:28; 2:15, 19). Бидејќи имале право самите да одредат што е добро, а што лошо, Адам и Ева можеле свесно да изберат да го сакаат својот Творец, да му служат и да му бидат послушни или, пак, да решат да станат независни и намерно да му бидат непослушни.

За да им даде можност да ја покажат на дело својата љубов кон него, вистинскиот Бог им поставил на Адам и Ева една забрана. Тој му заповедал на Адам: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш до ситост. А од дрвото на спознанието на доброто и злото не смееш да јадеш, зашто во оној ден кога ќе каснеш од него, сигурно ќе умреш“ (1. Мојсеева 2:16, 17). Ако сакале Бог и понатаму да им помага ним, а во иднина и на нивните деца, Адам и Ева не смееле да јадат од плодовите на тоа дрво. Дали успеале да се воздржат?

Библијата ни кажува што се случило. Сатана Ѓаволот, користејќи ја змијата како своја марионета, ѝ пришол на Ева и ја прашал: „Навистина ли рекол Бог дека не смеете да јадете од секое дрво во градината?“ Кога Ева ја повторила Божјата заповед, Сатана ѝ рекол: „Не, вие нема да умрете. Зашто Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како Бог и ќе знаете што е добро, а што зло“. По тој разговор, дрвото за Ева станало толку привлечно што на крајот ‚скинала плод и каснала од него‘. Извештајот понатаму вели: „Потоа му даде од плодот и на својот маж, кога беше со неа, па и тој јадеше“ (1. Мојсеева 3:1-6). На тој начин, и Адам и Ева ја злоупотребиле слободната волја и, со својата непослушност кон Бог, направиле грев.

Дали сфаќаш колку сериозно било тоа што се случило? Ѓаволот тврдел дека не е точно тоа што Бог му го рекол на Адам. Со други зборови сакал да каже дека на Адам и Ева не им е потребен Јехова да им одредува што е добро, а што лошо. На тој начин го оспорил Јеховиното морално и законско право да биде врховен владетел. Според тоа, најважното прашање што Сатана го покренал било: Дали Јехова има право да владее над луѓето? Да видиме што направил вистинскиот Бог за да го даде одговорот на тие прашања.

Требало да помине време

Јехова можел да ги уништи тројцата бунтовници — Сатана, Адам и Ева. Без сомнение, бил далеку помоќен од нив. Но, Сатана не рекол дека Бог не е моќен, туку дека нема право да владее. Ова негово тврдење се одразило на сите суштества што имаат слободна волја. Сега тие требало самите да увидат дека мора исправно да ја користат својата слободна волја — во согласност со физичките, моралните и духовните закони од Бог. Во спротивно ќе си наштетат, исто како што сериозно би си наштетил оној што би скокнал од висококатница затоа што не ги почитува природните закони за гравитација (Галатите 6:7, 8). Секое суштество обдарено со разум самото можело да види колкава штета е да се живее независно од Бог. Но, за тоа било потребно време.

За да разбереме подобро зошто морало да помине време, ќе се послужиме со следниов пример: Замисли си двајца мажи, кои се женети и имаат деца. Едниот тврди дека е појак од другиот и, за да го докаже тоа, предлага и двајцата да кренат нешто тешко. За резултатот не мора долго да се чека. Тој што ќе успее да крене потежок предмет ќе биде победникот. Но да претпоставиме дека едниот од нив тврди дека е подобар татко од другиот, дека повеќе ги сака своите деца и тие повеќе го сакаат него. Или, пак, тврди дека подобро се грижи за жената и децата. Колку и да е силен другиот и колку и да се брани со зборови, ништо нема да му помогне. Ќе треба да помине време за да се види на дело кој колку добар родител и сопруг е. Само времето може да го даде одговорот на тие две прашања.

Што покажало времето

Откако Сатана тврдел дека Бог нема право да владее поминале околу 6.000 години. Што покажала историјата? Да разгледаме две од Сатановите обвиненија против Бог. Сатана се осмелил да ѝ рече на Ева: „Не, вие нема да умрете“ (1. Мојсеева 3:4). Со тоа што рекол дека Адам и Ева нема да умрат ако јадат од забранетиот плод, Сатана всушност го набедил Јехова дека лаже. Тоа е многу сериозно обвинение! Ако Бог лажел за тоа дрво, како да му веруваме за сѐ друго? Што покажало времето?

Адам и Ева почнале да се разболуваат, да трпат болки, да стареат и, на крајот, умреле. Библијата вели: „Адам живееше вкупно деветстотини и триесет години, па умре“ (1. Мојсеева 3:19; 5:5). Истото низ кое минал Адам го минуваат и сите други луѓе до денешен ден (Римјаните 5:12). Времето покажало дека Сатана е „лажливец и татко на лагата“, а Јехова е ‚Богот на вистината‘ (Јован 8:44; Псалм 31:5).

Сатана, исто така, ѝ рекол на Ева: „Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од [забранетото дрво], ќе ви се отворат очите, па [вие, Адам и Ева,] ќе станете како Бог и ќе знаете што е добро, а што зло“ (1. Мојсеева 3:5). Со овие лукави зборови, Сатана им дал на луѓето лажна претстава дека самите ќе одлучуваат за сѐ, без никој да владее над нив. Ги навел да помислат дека ќе им биде многу подобро ако се независни од Бог. Дали ова испаднало точно?

Низ историјата, се појавиле и исчезнале многу империи. Луѓето го испробале секој можен начин на владеење. Меѓутоа, ниту еден од нив не успеал да ги заштити своите поданици од страшните работи што постојано се случуваат. „Човек владее над човек на негова штета“, гласи мудриот заклучок на еден писател на Библијата, кој живеел пред околу 3.000 години (Проповедник 8:9). А пророкот Еремија напишал: „Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Дури и научниот и технолошкиот напредок кој беше постигнат во последниве децении не може да ја побие вистинитоста на овие изјави. Едноставно кажано, времето потврди дека навистина е така.

Што ќе сториш ти?

Времето, кое Бог дозволил да помине, јасно покажува дека Сатана без основа тврдел дека Јехова нема право да владее над сѐ. Јехова Бог е единствениот Врховен владетел на целата вселена. Тој има право да владее над своите творби, и никој друг не би владеел подобро од него. Небесните суштества, кои со години живеат под Божјата влада, го признаваат тоа и велат: „Достоен си, Јехова, Боже наш, да ја примиш славата и честа и моќта, бидејќи ти создаде сѐ, и поради твојата волја сѐ постои и е создадено“ (Откровение 4:11).

Што мислиш ти: Дали Бог има право да владее или не? Дали се согласуваш дека Бог е достоен да владее над тебе? Ако се согласуваш, мора да покажеш дека Јехова е за тебе Врховниот владетел. Тоа ќе го сториш ако во сѐ живееш според прекрасните вистини и совети од неговата Реч, Библијата. „Бог е љубов“, и Тој од љубов им дал закони и заповеди на своите творби (1. Јованово 4:8). Сѐ што ни дава Јехова е за наше добро. Тој ништо не ни скратува. Затоа послушај го библискиот совет: „Имај доверба во Јехова со сето свое срце и не потпирај се на сопствениот разум. На сите свои патишта имај го на ум, и тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Изреки 3:5, 6).

[Слика на страница 7]

Ќе покажеш дека си за Божјата влада ако ја проучуваш Библијата и ако живееш според тоа што ќе го научиш од неа

[Извор на слика на страница 4]

© Jeroen Oerlemans/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели