ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 18 стр. 148-154
  • ”Крајот на светот“ е близу!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ”Крајот на светот“ е близу!
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Сличен материјал
  • Ќе преживее ли овој свет?
    Ќе преживее ли овој свет?
  • Дали е подоцна отколку што мислиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Библијата — дали навистина е инспирирана од Бог?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 18 стр. 148-154

18. поглавје

”Крајот на светот“ е близу!

1. Како можеле да знаат Христовите следбеници кога Христос почнал да владее на небото?

КОГА ИСУС ХРИСТОС ги исфрлил Сатана и неговите ангели од небото и ја презел царската власт, тоа значело дека е близу крајот на Сатана и неговиот зол систем (Откровение 12:7–12). Но, како можеле Христовите следбеници на Земјата да знаат дека тој настан, невидлив за нив, се одиграл на небото? Како можеле да знаат дека Христос е присутен со царска моќ и оти е близу ”крајот на светот“? Тоа можеле да го знаат ако проверат дали се исполнил ”знакот“ што го дал Исус.

2. Кои прашања му ги поставиле на Христос неговите ученици?

2 Непосредно пред Исусовата смрт, додека седел на Маслинската гора, му пристапиле четворица апостоли и го замолиле да им го каже ”знакот“. Нивното прашање на многу познати преводи, како на пр. King James Version, на кој одговара нашиот превод на современ македонски јазик, можат да го прочитаат милиони луѓе: ”Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот“ (Матеј 24:3). Но, што значи изразот ”твоето доаѓање“ и ”крајот на светот“?

3. (а) Што значат изразите ”твоето доаѓање“ и ”крајот на светот“? (б) Тогаш, како гласи исправниот превод на прашањата што ги поставиле Христовите ученици?

3 Грчкиот збор кој овде е преведен со ”доаѓање“ гласи паруси́а, и значи ”присутност“. Според тоа, кога ќе се види ”знакот“, тоа ќе значи дека Христос е невидливо присутен и дека дошол во царска моќ. Изразот ”крај на светот“ е многу измамувачки, бидејќи тој не значи крај на Земјата, туку крај на Сатанскиот систем (2. Коринтјаните 4:4). Според тоа, прашањето на апостолите исправно гласи вака: ”Кажи ни кога ќе бидат овие работи, и кој ќе биде знакот на твојата присутност и завршетокот на системот?“ (Матеј 24:3, NW).

4. (а) Во што се состои ”знакот“ што го дал Исус? (б) На кој начин знакот може да се спореди со ”отпечаток на прст“?

4 Исус не навел само еден настан како ”знак“. Тој зборувал за многу настани и збиднувања. Покрај Матеј, и други библиски запишувачи споменале понатамошни настани кои ќе бидат карактеристични за ”последните денови“. Сите тие проречени настани треба да се одиграат во време кое библиските запишувачи го нарекуваат ”последни денови“ (2. Тимотеј 3:1–5; 2. Петрово 3:3, 4). Тие настани требало да бидат толку јасни како отпечаток на прст, кој не може да потекнува од ниедно друго лице. ”Последните денови“ се карактеристични по сосем одредени настани. Тие го сочинуваат јасниот ”отпечаток на прстот“ кој не може да припаѓа на ниеден друг временски период.

5, 6. Што можеш да заклучиш за ”крајот на системот“ додека ги истражуваш 11–те обележја за ”последните денови“, опишани на следниве страници?

5 Во 16. поглавје од оваа книга ги обработивме библиските докази дека Христос се вратил во 1914 и почнал да владее среде своите непријатели. А сега внимателно разгледај ги разните облежја на ”знакот“ за Христовата присутност и понатамошните докази за ”последните денови“ на Сатанскиот зол систем. Додека на следните четири страници ги разгледуваш тие проречени настани, забележи како тие се исполнуваат од 1914 година.

”ЗАШТО ЌЕ СЕ ДИГНЕ НАРОД НА НАРОД, И ЦАРСТВО ПРОТИВ ЦАРСТВО“ (Матеј 24:7, ББД).

Овој дел на ”знакот“ сигурно се исполнува од 1914! Таа година избувнала Првата светска војна. Никогаш порано во историјата не дошло до таква страшна војна. Тоа било тотална војна. I. Светска војна била многу поголема од сите големи војни кои биле водени во текот на 2400 години пред 1914 година. Меѓутоа, поминало само 21 година од крајот на таа војна и избувнала Втората светска војна, која била четири пати поразорна од I. Светска војна.

И денес се водат страшни војни. Од крајот на II. Светска војна во 1945, загинале над 25 милиони луѓе во околу 150 војни. Дневно во просек биле водени по 12 војни каде и да било во светот. А постои постојана опасност од нова светска војна. Само САД имаат доволно атомско оружје 12 пати да го уништат секој жител на Земјата.

”ЌЕ ИМА ГЛАД“ (Матеј 24:7, ББД).

По I. Светска војна се појавил најголемиот глад во историјата. Само во северна Кина дневно од глад умирале 15000 луѓе. Меѓутоа, по II. Светска војна дошло до уште поголем недостиг на храна. Тогаш гладувала една четвртина од жителите во светот. И оттогаш оскудуваат во храна многу луѓе на Земјата.

”Секои 8,6 секунди умира по еден човек во неразвиените земји од болести како последица на недоволна исхрана“ пишувало во New York Times од 1967 година. Сѐ уште умираат милиони од глад — околу 50 милиони годишно! Во 1980 година гладувала една четвртина од жителите на Земјата (1 милијарда луѓе), бидејќи немале доволно храна. Дури и во земјите каде што има храна во изобилство, многумина се премногу сиромашни за да ја купат.

”ЌЕ ИМА (...) ЗЕМЈОТРЕСИ ВО РАЗНИ МЕСТА“ (Матеј 24:7, Ст).

Од 1914 па до сега имало повеќе големи земјотреси отколку во кое и да било време во историјата. За преку 1000 години помеѓу 856. и 1914. н.е. имало 24 големи земјотреси, кои однеле околу 1973000 жртви. Но, за 63 години од 1915 до 1978 загинале вкупно 1600000 луѓе во 43 големи земјотреси.

”ЌЕ ИМА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ОД МЕСТО ВО МЕСТО“ (Лука 21:11, NW).

Непосредно по I. Светска војна умреле повеќе луѓе од шпанската грозница отколку од која и да е друга заразна болест во историјата. Таа покосила 21 милион луѓе. И сѐ уште владеат такви заразни болести и други заболувања. Годишно умираат милиони од срцеви заболувања и рак. Рапидно се шират венеричните болести. Други страшни болести како што се маларијата, билхарциозата и речното слепило се шират од една земја во друга, особено во Азија, Африка и Јужна Америка.

”БЕЗЗАКОНИЈАТА ЌЕ СЕ УМНОЖАТ“ (Матеј 24:12, ББД).

Од целиот свет пристигнуваат известувања за беззаконијата и криминалот кои сѐ повеќе се шират. Насилничките злосторства, како што се убиства, силувања и разбојнички напади денес се на дневен ред. Само во САД просечно секоја секунда се случува некој тежок криминал. Во многу земји никој не е безбеден кога е на улица, да, дури ни дење. Навечер луѓето остануваат дома зад заклучени и забарикадирани врати, плашејќи се да излезат надвор.

”ЛУЃЕТО ЌЕ ПАЃААТ ВО НЕСВЕСТ (...) ОД СТРАВ“ (Лука 21:26, NW).

Стравот денес веројатно е најсилното душевно чувство во животот на човекот. Недолго по експлозијата на првата атомска бомба, атомскиот научник Харолд К. Јуреј рекол: ”Ќе јадеме во страв, ќе спиеме во страв, ќе живееме во страв и ќе умираме во страв.“ Токму тоа важи за поголемиот дел од човештвото, не само поради постојаната опасност што се заканува од атомска војна, туку и поради криминалот, загадувањето на околината, болестите, инфлацијата и многу други појави кои ја загрозуваат безбедноста, па дури и самиот живот.

”СРЕБРОЉУПЦИ“ (2. Тимотеј 3:2, ББД).

Денес, накаде и да се свртиме, гледаме само алчност. Многумина се спремни сѐ да сторат за пари. Некои би краделе, па дури и би убивале. Не ретко алчните луѓе произведуваат и продаваат производи за кои се знае дека се штетни за здравјето на другите, па дури и опасни по живот. Многумина сосема отворено или со својот начин на живот за парите велат: ”Тоа е мој бог.“

”НЕПОКОРНИ СПРЕМА РОДИТЕЛИТЕ“ (2. Тимотеј 3:2, ББД).

Родителите денес често немаат речиси никаква контрола над своите деца. Младите се бунат против секој авторитет. Секоја земја во светот е погодена со неволја која се вика младински криминал. Во некои земји повеќе од половината тешки престапи ги направиле деца меѓу 10 и 17 години. Тука спаѓаат злосторства како што се убиства, силувања, напади, кражби, провали и кражби на автомобили. Никогаш порано непослушноста спрема родителите не била толку раширена.

”ПОВЕЌЕ СЛАСТОЉУПЦИ ОТКОЛКУ БОГОЉУПЦИ“ (2. Тимотеј 3:4, ББД).

Повеќето луѓе денес мислат само да го направат она што им се допаѓа ним или на нивните семејства, а не тоа што му се допаѓа на Бог. Многумина го сакаат токму тоа што Бог го осудува, како што е блудот, браколомството, пијанството, злоупотребата на дрога и други т.н. уживања. Дури и уживањата кои сами по себе се сосем нормални, многу луѓе ги сметаат за поважни отколку трудот да го запознаат Бог и да му служат.

”НА ИЗГЛЕД ПОБОЖНИ, А ОД СИЛАТА НА БОГА СЕ ОДРЕКЛЕ“ (2. Тимотеј 3:5, ББД).

Некои светски водачи, а и обичниот народ, се преправаат однадвор дека се побожни. Можеби одат на богослужби в црква и даваат прилог за религиозни цели. Членовите на владите можеби ставаат рака на Библијата при стапување на должност. Меѓутоа, тоа е само ”облик на побожност“. Како што е проречено во Библијата, вистинското обожавање на Бог денес не е вистинска сила во животот на повеќето луѓе. Не дозволуваат таа сила да ги води во животот.

”КОИ ЈА УПРОПАСТУВААТ ЗЕМЈАТА“ (Откровение 11:18, д-р Чарниќ).

Луѓето го загадуваат воздухот што го вдишуваме, водата што ја пиеме, почвата на која расте нашата храна. Загаденоста е толку сериозна, поради што научникот Бари Комонер предупредил: ”Сметам дека оваа планета повеќе нема да биде погодна за човечки живот, ако Земјата и понатаму неконтролирано се загадува.“

6 Зарем не е очигледно после ова разгледување, дека се исполнува ”знакот“ што го дал Христос, како и претскажувањата на неговите ученици? Иако постојат уште многу други докази, наведениве треба да бидат доволни за да покажат оти навистина живееме во време кое во Библијата се означува како ”последни денови“.

7. (а) Што ги прави толку значајни библиските пророштва за Христовата присутност и ”последните денови“? (б) Што претскажувале светските водачи непосредно пред 1914 година, спротивно на библиските пророштва?

7 Сепак, некои можат да забележат: ”Во историјата често пати имало војни, глад, епидемии и земјотреси. И затоа не било тешко однапред да се рече оти повторно ќе има такви неволји.“ Но, размисли малку: Библијата не само што ги прорекла овие работи, туку и најавила дека ќе се случуваат по целиот свет. Библијата прорекува дека сите тие работи ќе ѝ се случуваат на генерацијата која во 1914 веќе живеела. Но, што пророкувале истакнати светски водачи непосредно пред 1914 година? Рекле дека предусловите за мир во светот никогаш порано не биле толку поволни. Но сепак, страшните неволји, проречени во Библијата, започнале токму во тоа време, во 1914! Всушност, светските водачи денес ја означуваат 1914 година како пресвртница во историјата.

8. (а) Која генерација треба да го доживее крајот на сегашниот систем, според Исусовите зборови? (б) Во што можеме да бидеме сигурни?

8 Откако посветил внимание на многу појави кои ќе бидат карактеристични за периодот по 1914 година, Христос рекол: ”Оваа генерација никако нема да помине, ... додека сите овие работи [вклучувајќи го и крајот на системот] не се случат“ (Матеј 24:34, 14, NW). На која генерација мислел Исус? Тој мислел на генерацијата која живеела во 1914 година. Луѓето од таа генерација сѐ уште се живи и мошне се стари. Но, некои од нив ќе го доживеат крајот на овој зол систем. Затоа, во едно можеме да бидеме сигурни: Наскоро во Армагедон одненадеж ќе дојде крај на сето зло и на сите зли луѓе.

[Слика на страница 149]

Исус им објаснил на своите ученици што ќе биде видлив доказ за неговата невидлива присутност во царска моќ

[Слика на страница 154]

1914 — АРМАГЕДОН

Некои од генерацијата која живеела во 1914 година, ќе го доживеат и преживеат крајот на овој систем

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели