ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 45
  • Еден необичен ученик

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден необичен ученик
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Моќ над демоните
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус има моќ над демоните
    Учи од Големиот Учител
  • Дали демоните се реални суштества?
    Разбудете се! 1998
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 45

Поглавје 45

Еден необичен ученик

КАКВА застрашувачка глетка кога Исус зачекорува на брегот! Двајца необично свирепи мажи од блиските гробишта трчаат кон него. Опседнати се од демони. Поради тоа што едниот од нив можеби е понасилен од другиот и многу подолго страдал од демонско влијание, тој е во центарот на вниманието.

Долго време овој беден човек живее гол меѓу гробниците. Постојано, дење и ноќе, вика и се расекува со камења. Тој е толку насилен што никој нема храброст да помине по тој пат. Се обидувале да го врзат, но тој ги кинел синџирите и ги кршел железните пранги на своите нозе. Никој нема сила да го совлада.

Кога човекот му се приближува на Исус, му паѓа пред нозе и под контрола на демоните, извикува: „Што имам јас со тебе Исусе, Сине на Највишиот Бог? Те заколнувам во Бог да не ме мачиш“.

„Излези од овој човек, нечист духу“ постојано повторува Исус. Потоа прашува: „Како се викаш?“

„Името ми е Легија, оти сме многу“, добива одговор. Демоните уживаат кога ги гледаат страдањата на оние кои можат да ги опседнат и очигледно уживаат да ги напаѓаат во група, во дух на кукавичка толпа. Но, соочени со Исус, тие го молат да не ги испрати в бездна. Повторно гледаме дека Исус има голема моќ; тој може да совлада дури и свирепи демони. Ова, исто така, ни открива дека демоните се свесни дека нивното фрлање в бездна, заедно со нивниот водач, Сатана Ѓаволот, претставува Божји конечен суд за нив.

На планината во близина пасе булук од околу 2.000 свињи. Затоа демоните велат: „Прати нѐ во свињите за да влеземе во нив“. Очигледно демоните имаат некој вид неприродно, садистичко задоволство да опседнуваат тела на материјални суштества. Кога Исус им дозволува да влезат во свињите, сите 2.000 свињи се затрчуваат преку стрмната карпа и се дават во морето.

Оние кои се грижеле за свињите го виделе ова, и отрчале да известат во градот и околината. Тогаш луѓето доаѓаат да видат што се случило. Кога пристигнуваат, го гледаат човекот од кого излегле демоните. Сега тој е облечен и со здрав разум и седи до Исусовите нозе!

Очевидците раскажуваат како оздравел човекот. Исто така, им кажуваат на луѓето за чудната смрт на свињите. Кога луѓето го слушаат тоа, ги обзема голем страв и горливо го тераат Исус да го напушти нивното подрачје. Тој се потчинува на нивното барање и влегува во чамецот. Порано опседнатиот човек го моли Исус да му дозволи да појде со него. Но, Исус му вели: „Оди си дома кај роднините, и јави им сѐ што стори Јехова за тебе и за милоста што ти ја покажа“.

Исус обично ги поучува оние што ќе ги излекува да не зборуваат никому, бидејќи не сака луѓето да донесат заклучоци врз основа на сензационални извештаи. Но, овој исклучок е соодветен затоа што порано опседнатиот човек ќе сведочи меѓу луѓе кои Исус сега веројатно ќе нема можност да ги достигне. Освен тоа, присуството на тој човек ќе пружи сведоштво за Исусовата моќ да прави добро, и тоа ќе биде спротивно на каков и да било неповолен извештај кој би можел да се шири поради загубата на свињите.

Порано опседнатиот човек си заминува, послушен на Исусовото упатство. Тој низ Декапол почнува да објавува сѐ што сторил Исус за него и луѓето едноставно се запрепастени. Матеј 8:28—34; Марко 5:1—20; Лука 8:26—39; Откровение 20:1—3.

▪ Зошто можеби вниманието се сосредоточува на еден човек опседнат од демон, иако се присутни двајца?

▪ Што покажува дека демоните знаат за идното фрлање в бездна?

▪ Зошто демоните, очигледно, сакаат да опседнуваат луѓе и животни?

▪ Зошто Исус прави исклучок со порано опседнатиот човек, давајќи му упатство да им кажува на другите за она што Тој го сторил за него?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели