ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 115
  • Избива расправија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Избива расправија
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Препирка околу тоа кој бил најголем
    Исус — патот, вистината и животот
  • Тој ги сака малите деца
    Мојата книга со библиски приказни
  • Ги подготвува апостолите за своето заминување
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Што бара Јехова од нас денес?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 115

Поглавје 115

Избива расправија

ИСТАТА вечер малку порано, Исус дал прекрасна поука за понизна служба на тој начин што им ги измил нозете на своите апостоли. Потоа го вовел Меморијалот на својата претстојна смрт. Сега, особено со оглед на она кое штотуку се случило, настанува една изненадувачка ситуација. Неговите апостоли се впуштаат во вжештена расправија околу тоа кој од нив изгледа дека е најголем! Изгледа ова е дел од еден спор кој трае веќе подолго време.

Сети се дека откако Исус се преобразил на планината, апостолите се расправале околу тоа кој од нив е најголем. Освен тоа, Јаков и Јован барале истакнати положби во Царството, што довело до натамошна кавга меѓу апостолите. Колку мора да е ожалостен Исус кога гледа дека и сега, во последната ноќ со нив, тие повторно се караат! Што прави тој?

Наместо да ги укори апостолите заради нивното однесување, Исус уште еднаш стрпливо резонира со нив: „Царевите на нациите господарат над нив, и оние кои имаат власт над нив се нарекуваат Добротвори. Но, вие не треба да бидете такви . . . Зашто кој е поголем, оној кој прилегнал до масата или оној кој служи? Зарем не е оној кој прилегнал до масата?“ Тогаш, потсетувајќи ги на својот пример, вели: „Но јас сум во вашата средина како оној кој служи“.

И покрај своите несовршености, апостолите останале со Исус во текот на неговите искушенија. Затоа тој вели: „И јас склучувам со вас сојуз, како што мојот Татко склучи сојуз со мене, за царство“. Овој личен сојуз меѓу Исус и неговите лојални следбеници им овозможува да му се придружат за да учествуваат во неговата царска власт. Само ограничен број, 144.000, се на крај земени во тој сојуз за Царство.

Иако на апостолите им е понуден тој величествен изглед да учествуваат со Христос во владата на Царството, тие моментално се духовно слаби. „Сите вие оваа ноќ ќе се спрепнете во врска со мене“, вели Исус. Меѓутоа, кажувајќи му на Петар дека се молел за него, Исус го поттикнува: „Штом ќе се вратиш, зајакни ги своите браќа“.

„Дечиња“, објаснува Исус, „уште малку сум со вас. Вие ќе ме барате; и како што им реков на Евреите: ‚Таму каде што одам јас, вие не можете да дојдете‘, и вам ви велам сега. Ви давам нова заповед, да се љубите еден со друг; како што јас ве љубев, и вие да се љубите еден со друг. По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“

„Господи, каде одиш?“, прашува Петар.

„Таму каде што јас одам, ти не можеш сега да ме следиш“, одговара Исус, „но ќе ме следиш подоцна.“

„Господи, зошто не можам да те следам сега?“, сака да знае Петар. „Душата своја ќе ја предадам за тебе.“

„Ќе ја предадеш ли својата душа за мене?“, го прашува Исус. „Вистина ти велам: Денес, да, оваа ноќ, пред да запее петел двапати, трипати ќе се одречеш од мене.“

„Ако треба дури и да умрам со тебе“, приговара Петар, „никако нема да се одречам од тебе.“ И додека другите апостоли се придружуваат говорејќи го истото, Петар се фали: „Макар и сите други да се спрепнат во врска со тебе, јас никогаш нема да се спрепнам!“

Укажувајќи на времето кога ги испратил апостолите на проповедничко патување по Галилеја без ќесе и торба за храна, Исус ги прашува: „Зарем нешто ви недостасуваше?“

„Не!“, одговараат тие.

„Но сега, оној кој има ќесе, нека го земе, исто така и торба за храна“, вели тој, „и оној кој нема меч, нека ја продаде својата горна облека и нека купи. Зашто ви велам дека ова што е напишано мора да се изврши на мене, имено: ‚И беше вброен меѓу беззаконици‘. Зашто она што се однесува на мене, се извршува.“

Исус укажува на времето кога ќе биде прикован со злосторници, или беззаконици. Исто така, покажува дека неговите следбеници после тоа ќе се соочат со сурово прогонство. „Господи, еве, овде има два меча“, му велат тие.

„Доволно е“, одговара тој. Како што ќе видиме, тоа што со себе имаат мечеви наскоро ќе му овозможи на Исус да им даде уште една животоважна поука. Матеј 26:31—35; Марко 14:27—31; Лука 22:24—38; Јован 13:31—38; Откровение 14:1—3.

▪ Зошто расправијата меѓу апостолите толку изненадува?

▪ Како Исус ја решава расправијата?

▪ Што е постигнато со сојузот кој го склучува Исус со своите ученици?

▪ Која нова заповед ја дава Исус, и колку е важна?

▪ Каква прекумерна самодоверба покажува Петар, и што вели Исус?

▪ Зошто упатствата на Исус за носење ќесе и торба за храна се разликуваат од упатствата што им ги дал порано?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели