ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jl поглавје 16
  • Какви одговорности имаат слуга-помошниците?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Какви одговорности имаат слуга-помошниците?
  • Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Сличен материјал
  • Слуга-помошниците вршат скапоцена служба
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Одржување на хармонија помеѓу старешините и слугите помошници
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Слугите помошници извршуваат скапоцена служба
    Нашата служба за Царството 1999
  • Старешини — обучувајте ги другите да го носат товарот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Кој ја врши Јеховината волја денес?
jl поглавје 16

ПОГЛАВЈЕ 16

Какви одговорности имаат слуга-помошниците?

Слуга-помошник помага да се подели литература

Мјанмар

Слуга-помошник држи библиски говор

Точка на состанок

Слуга-помошник води состанок

Состанок за проповедање

Слуга-помошник помага во одржувањето на салата

Одржување на салата

Во Библијата се опишани две групи христијани кои се грижат за собраниските одговорности — ,надгледниците и слуга-помошниците‘ (Филипјаните 1:1). Обично има повеќемина такви браќа што служат во секое собрание. Какви задачи извршуваат слуга-помошниците?

Му помагаат на старешинството. Слуга-помошниците се духовни, доверливи и совесни браќа, сеедно дали се помлади или постари. Тие се грижат за важни, но обично рутински организациски и технички задачи што мора да се завршат во собранието. Така старешините можат да се посветат на своите одговорности околу поучувањето и грижата за браќата.

Вршат практични задачи. Некои слуга-помошници служат како редари што имаат задача да ги пречекаат сите што доаѓаат на состанок. Други имаат задачи околу озвучувањето, делењето на литературата, се грижат за собраниските сметки и им даваат подрачја за сведочење на објавителите. Исто така, помагаат и околу одржувањето на салата. Старешините може да ги замолат да им помагаат на постарите во собранието. Каква задача и да добијат, слуга-помошниците спремно ја извршуваат, со што ја стекнуваат почитта на другите (1. Тимотеј 3:13).

Тие се добар пример во собранието. За некој да стане слуга-помошник, важно е да има убави христијански особини. Со своите точки на состаноците слуга-помошниците ни ја зајакнуваат верата. Тие предводат во проповедањето, а со тоа ја поттикнуваат и нашата ревност. Секогаш се спремни да соработуваат и така придонесуваат за радоста и единството во собранието (Ефешаните 4:16). Со текот на времето, и тие може да ги исполнат условите да служат како старешини.

  • Какви луѓе се слуга-помошниците?

  • Како слуга-помошниците помагаат сѐ во собранието да тече како што треба?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Секојпат кога ќе отидеш во Салата на Јеховините сведоци, подобро запознај се со некој старешина или слуга-помошник сѐ додека не ги запознаеш сите нив и нивните семејства.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели