ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 4 стр. 16-стр. 17 пас. 2
  • Лутина што водела до грев

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Лутина што водела до грев
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Браќа што развиле различни ставови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Добриот и лошиот син
    Мојата книга со библиски приказни
  • Да му принесуваме на Јехова прифатливи жртви
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 4 стр. 16-стр. 17 пас. 2
Каин се лути кога Авел му принесува жртва на Јехова

ПОГЛАВЈЕ 4

Лутина што водела до грев

Откако Адам и Ева заминале од рајската градина, им се родиле многу деца. Нивниот прв син, Каин, станал земјоделец, а нивниот втор син, Авел, станал овчар.

Еден ден, Каин и Авел му принеле жртви на Јехова. Знаеш ли што е жртва? Тоа е дар што му се дава на Бог. Јехова ја прифатил жртвата на Авел, но не бил задоволен од жртвата на Каин. Тоа многу го налутило Каин. Затоа Јехова го опоменал и му рекол дека, ако продолжи да се лути, може да направи нешто лошо. Но, Каин не послушал.

Наместо тоа, му рекол на Авел: „Дојди со мене во полето“. Кога отишле таму, Каин го нападнал својот брат и го убил. Што направил Јехова? Го казнил Каин така што го истерал далеку од неговото семејство. Каин не смеел никогаш повеќе да се врати назад.

Каин му приоѓа на Авел во полето

Што учиме од ова? Можеби ќе почнеме да се лутиме ако не е сѐ како што сакаме ние. Ако сфатиме дека стануваме сѐ полути — или ако некој нѐ опомене дека сме премногу лути — треба веднаш да се поправиме и да почнеме да си ги контролираме чувствата за да не почнат тие да нѐ контролираат нас.

Бидејќи Авел го сакал Јехова и правел добри работи, Јехова не го заборавил. Тој повторно ќе го врати во живот кога ќе ја претвори Земјата во рај.

„Прво помири се со братот, а потоа врати се и принеси го својот дар“ (Матеј 5:24)

Прашања: Како се викале првите две деца на Адам и Ева? Зошто Каин го убил својот брат?

1. Мојсеева 4:1-12; Евреите 11:4; 1. Јованово 3:11, 12

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели