Служи му на Јехова со радост
”Служете му на Јехова со радост. Дојдете пред него со радосен извик.“ (ПСАЛМИ 100:2).
1, 2. (а) Како се развил расизмот во Берлин, и како завршил походот за ”Илјадагодишниот Рајх“? (б) Каква спротивност спрема 1936. можела да се види на стадионот Олимпија во јули 1990, и на што се темелела радоста на меѓународната група која се собрала тука?
СЦЕНАТА е Олимпија Стадионот во Берлин. Пред педесет и четири години овој убав стадион стана центар на контроверза кога нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, како што е познато, не призна еден американски црнечки спринтер кој беше добил четири златни медали. Навистина, удар за Хитлеровото расистичко прокламирање на ”ариевската супериорност“!a Но, сега, на 26. јули 1990, црни, бели, жолти — како обединет народ од 64 национални групи ‚ вкупно 44 532-јца собрани се тука на конгресот на Јеховините сведоци ”Чист јазик“. Колкава радост се изли тој четврток попладне! После говорот за крштението, 1 018 кандидати извикаа ”Ја!“ и уште еднаш ”Ја!“ како потврда на нивното предание на Јехова Бог да ја вршат неговата волја.
2 На овие нови Сведоци им требат 19 минути построено да излезат од стадионот и се упатат до базенот за крштевање. И за овие минути одекнува громогласен аплауз низ огромната арена. Победниците на Олимписките игри никогаш не доживеале ваков аплауз со каков што сега се поздравени овие стотици лица од повеќе национални групи, кои покажуваат вера која го освојува светот (1. Јованово 5:3, 4). Нивната радост е усидрена во исчекувањето на Божјето Царство под власта на Христос кое ќе донесе илјада години на благослови за човештвото (Евреите 6:17, 18; Откровение 20:6; 21:4, 5).
3. Која вистина ја истакнале оние кои биле присутни на конгресот, и како?
3 Овде нема расна или национална омраза, бидејќи сите го зборуваат чистиот јазик на Божјата Реч, истакнувајќи ја вистинитоста на зборовите на Петар: ”Со сигурност гледам дека Бог не е пристрасен, туку од секој народ оној кој се плаши од него и кој ја твори правдата, е прифатен од него.“ (Дела на апостолите 10:34, 35; Софонија 3:9).
4. Под какви околности поголемиот дел од присутните станале верници, и како било одговорено на нивните молитви?
4 Голем дел од оние на конгресот во Берлин станале верници во текот на долги години на прогонства во ерата на нацизмот (1933-45) и ерата на социјализмот, која после тоа дојде во Источна Германија, каде забраната на Јеховините сведоци законски е укината на 14. март 1990. И многумина од нив ја прифатиле Речта под тешки околности со радоста на светиот дух.“ (1. Солунјаните 1:6). Сега имаат поголема слобода да му служат на Јехова, и нивната радост не познава граници. (Спореди со Исаија 51:11.)
Прилики за радост
5. Како Израел го прославил Јеховиното ослободување на Црвеното Море?
5 Ослободувањето на нашите браќа во Источна Европа, и неодамна во некои делови на Африка и Азија, нѐ потсетува на ослободувањата од Јехова во старо време. Можеме да се сетиме на Јеховиниот моќен подвиг на Црвеното Море, и како Израеловата песна на благодарност достигнала кулминација со зборовите: ”Кој меѓу боговите е како тебе, о Јехова? Кој е како тебе, ти, кој се покажуваш моќен во светоста? Ти, од кого треба да се плашиме со фалбени песни, ти кој правиш чуда.“ (2. Мојсеева 15:11). Зарем не можеме и денес да се радуваме на прекрасните работи кои Јехова ги прави за својот народ? Сигурно дека можеме!
6. Што можеме да научиме од Израеловото викање од радост во 537 п. н. е.?
6 Огромна била радоста во 537 п. н. е. кога Израелците се вратиле во својата земја по ропството во Вавилон. Сега Јеховиниот народ можел да изјави како што прорекол Исаија: ”Гледај! Бог е моето спасение. Ќе му верувам и нема да се плашам; зашто Јах, Јехова, е мојата сила и мојата моќ, и тој ми беше спасение.“ Каква веселба! А како можел народот да ја изрази таа радост? Исаија продолжува: ”Тој ден сигурно ќе речете: Благодарете му на Јехова, о народе! Повикајте го неговото име. Објавете ги неговите намери меѓу народите. Нека знаат дека неговото име е возвишено. Пејте му мелодии на Јехова, бидејќи постапил ненадмиливо.“ Сега можеле да ”викаат од радост“ кога ”по целата земја ги објавуваат неговите дела, како што тоа го прават ослободените Јеховини слуги денес (Исаија 12:1-6).
Радост во Јеховиното дело
7. Кои ослободувања биле причина за радост во 1919?
7 Во нашето современо доба Јеховините слуги почнале да викаат од радост кога биле ослободени во 1919. На 26. март таа година, тогашните членови на Водечкото тело биле ослободени од затвор, каде биле затворени девет месеци под лажно обвинение за поттикнување на бунт. Колку биле само свечено дочекани кога се вратиле во Бетелот во Бруклин! И помазаниот остаток можел сега да се радува на духовното ослободување од Големиот Вавилон, религиозниот систем во кој Сатана го вплеткал целиот свет (Откровение 17:3-6; 18:2-5).
8. Кое изненадувачко издание било објавено на конгресот во Седар Поинт 1919-та год., и каков повик на акција бил даден?
8 Историскиот развој од 1919 бил крунисан со конгресот на Божјиот народ во Седар Поинт (Охајо, САД) од 1. до 8. септември. На петтиот ден од тој конгрес под мотото ”Ден на соработниците“, претседателот на Здружението на Стражарска кула, Џ. Ф. Ратерфорд им се обратил на 6000-те присутни со возбудливиот говор ”Објавување на Царството“. Откако ги продискутирал Откровение 15:2 и Исаија 52:7, ги известил слушателите дека секои две недели ќе излегува ново списание, ”Златен век“ (сега познато како Пробудите се!), посебно наменето за растурање во службата на проповедање. Во заклучокот рекол: ”Оние кои целосно се оддадени на Бог, оние кои се бестрашни, чии срца се чисти, кои го љубат Бог и нашиот Господ со сиот свој ум, сила, душа и битие, штом добијат можност се радуваат да учествуваат во тоа дело. Побарај водство и упатство за да бидеш вистински, верен и делотворен гласник. Тогаш со радосна песна во срцето, оди и служи му.“
9, 10. Како Јехова го унапредил издавањето на Стражарска кула и Пробудите се!?
9 Таа ”радосна песна“ се слуша по целата Земја! Многумина од нашите читатели без сомнение учествувале во зголемувањето на тиражот на списанието Пробудите се! кое сега излегува во 12 980 000 примероци на 64 јазици. Како моќно средство за доведување на заинтересираните лица во вистината, Пробудите се! служи како придружник на Стражарска кула. Во една ориентална земја, една сестра пионер додека ги разнесувала списанијата до станарите, била изненадена бидејќи секогаш кога ќе го донесела најновиот број, домаќинот подарувал 7 долари за светското дело на Јеховините сведоци — покажувајќи ценење за делото на Царството!
10 Сега кога почнува 112-тата година од неговото излегување, Стражарска кула има тираж од 15 290 000 примероци на 111 јазици, а 59 од овие изданија излегуваат симултано ширум светот со иста содржина. Како верен домаќин, помазаниот остаток и понатаму на оние читатели кои го ценат тоа, им го дава ”нивниот оброк на (духовна) храна во вистинско време“ (Лука 12:42). Во текот на 1990 само во САД е остварено 2 968 309 нови и обновени претплати на овие две списанија, што е пораст од 22,7 посто од 1989.
Изобилство на радост
11. (а) Кој повик бил упатен до Божјиот народ во 1922 во Седар Поинт? (б) Како бил проширен тој радосен повик?
11 Божјиот народ кој тогаш броел 10 000, изобилувал со радост и на вториот конгрес во Седар Поинт во септември 1922, со 361 крстени. Во предавањето ”Небеското Царство е близу“, на темел на Матеј 4:17, брат Ратерфорд со одушевување изјавил: ”Светот мора да знае дека Јехова е Бог и дека Исус Христос е Цар над царевите и Господар над господарите. Ова е ден над сите денови. Гледајте, Царот владее! Вие сте негови јавни застапници Затоа, објавувајте, објавувајте, објавувајте го Царот и неговот царство.“ Бројот на оние кои извикале со радост на тој конгрес до 1989 пораснал на повеќе од 6 600 000, собрани на 1 210 конгреса на Јеховините сведоци ширум светот, со 123 688 крстени.
12. (а) Каква непроценлива радост има Божјиот народ денес? (б) Како можеме да ја урамнотежиме службата за Јехова со послушноста спрема ”вишите власти“?
12 Јеховините сведоци ја ценат својата слобода. Пред сѐ се радуваат на современото исполнување на Исусовите зборови: ”И ќе ја спознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ Каква радост е да се биде ослободен од тајните и суеверјето на лажната религија! Непроценлива е радоста да го запознаеш Јехова и неговиот Син и да бидеш нивни соработник, со изгледи за вечен живот! (Јован 8:32; 17:3; 1. Коринтјаните 3:9-11). Божјите слуги се исто благодарни кога ”вишите власти“ од овој свет во кој живеат, ја почитуваат нивната слобода за објавување на величествената надеж за Јеховиното Царство под Христос. Спремно ”му го плаќаат цезаровото на цезарот“, а истовремено ”Божјето на Бога“ (Римјаните 13:1-7; Лука 20:25).
13. Како Јеховините сведоци ја изразиле својата радост кога биле ослободени од прогонствата?
13 Меѓутоа, кога човечките власти се обидуваат да ја ограничат оваа обврска кон Бог, тогаш Јеховините сведоци одговараат исто како и апостолите: ”Ние мораме повеќе да го слушаме Бог отколку луѓето.“ Во таа прилика, откако биле ослободени, ”си отишле радосни“. Како ја изразиле таа радост? ”Секој ден во храмот и од куќа до куќа продолжија без престанок да поучуваат и да ја објавуваат добрата вест за Христос Исус.“ (Дела на апостолите 5:27-32, 41, 42). Исто и современите Сведоци на Јехова се радуваат кога ќе добијат поголема слобода за вршење на својата служба. Во многу земји каде Јехова го отворил патот, изразуваат голема радост така што даваат темелно сведоштво за Јеховиното име и за Царството на Исус Христос кое доаѓа. (Спореди со Дела на апостолите 20:20, 21, 24; 23:11; 28:16, 23.)
Да се издржи со радост
14. Како оваа радост која е плод на духот, ја надминува онаа дефинирана во речникот?
14 Каква е таа огромна радост што правите христијани ја доживуваат? Таа радост е далеку подлабока и потрајна од минливата радост на еден победник на Олимписките игри. Таа е плод на Божијот свет дух којшто Бог им го дава на оние ”кои го слушаат како владетел“ (Дела на апостолите 5:32). Вебстеровиот речник радоста ја дефинира како ”подлабоко вкоренета отколку восхитеноста, поблескава и поизразена отколку веселоста.“ За христијанинот, радоста има подлабоко значење. Всадена во нашата вера, таа претставува силна закрепнувачка особина. ”Радоста Јеховина е ваша поткрепа.“ (Нехемија 8:10). Радоста од Јехова што ја негува Божјиот народ, далеку ја надминува површната возбуденост која луѓето ја добиваат преку телесни и светски задоволства (Галатјаните 5:19-23).
15. (а) Според искуствата на верните христијани, како истрајноста била здружена со радост? (б) Наведи некои стихови кои се закрепнувачки во поглед на задржувањето на радоста?
15 Да погледаме на нашите браќа во Украина. Кога ”вишите власти“ протерале илјадници во Сибир во раните 50-ти години, браќата претрпеле огромни неволји. Покасно, кога власта им дала помилување, биле благодарни, но не сите се вратиле во татковината. Зошто? Нивните тешкотии на Исток ги потсетиле на Јаков 1:2-4: ”Кога ќе паднете во разни искушенија, браќа, гледајте на тоа со радост, бидејќи знаете дека искушувањето на вашата вера ја гради издржливоста“. Тие сакале и понатаму да истраат во радосната жетва, и каква радост се чувствуваше на последните конгреси на Јеховините сведоци во Полска што можеле да дочекаат Сведоци дури од Далечниот Исток, од крајбрежните места на Пацификот. Истрајноста и радоста заеднички го донеле овој плод. Навистина, секој кој радосно ќе истрае во Јеховината служба, може да каже: ”А јас ќе воскликнувам во Јехова; ќе се радувам во Богот на моето спасение. Јехова, Суверениот Господ, е мојата животодајна сила.“ (Хабакук 3:18, 19; Матеј 5:11, 12).
16. Како можат добрите примери од Еремија и Јов да нѐ охрабрат во службата на подрачјето?
16 Но, како можеме да ја задржиме нашата радост кога сведочиме меѓу тврдоглави противници? Сети се дека Божјите пророци се труделе да ја зачуваат радоста во таквите околности. Кога се наоѓал во искушение, Еремија изјавил: ”Ги најдов твоите зборови, и ги изедов; твојата Реч ми е милина и радост за срцето; твоето име е повикано на мене, о Јехова, Боже над војските.“ (Еремија 15:16). Каква радост е да се носи и да се сведочи за тоа име! Нашата марлива лична студија и полното учество на христијанските состаноци нѐ изградува и понатаму да се радуваме во вистината. Нашата радост ќе се уочи од однесувањето во службата и од нашата царска насмевка. Дури и под мачни искушенија, Јов можел да каже за непријателите: ”Им се смеев — а тие не можеа да поверуваат — и не можеа да го отстранат светлото од моето лице.“ (Јов 29:24). Освен тоа, не треба да бидеме потиштени кога противниците нѐ исмејуваат. Биди насмеан! Нашето однесување може да ја одрази нашата радост и така да придобие уши кои слушаат.
17. Како можат истрајноста и радоста да донесат плод?
17 Работејќи постојано на нашите подрачја, нашата истрајност и радоста можат да ги импресионираат луѓето кои се наклонети кон праведноста, и да ги охрабри да ја испитаат величествената надеж што ја имаме. Колку е радосно да се водат редовни библиски студии! И додека ги применуваат скапоцените вистини од Божјата реч во своите срца, чувствуваме огромна радост кога на крај ќе ни станат придружници во Јеховината служба! Тогаш можеме да кажеме како што апостол Павле им рекол на новите верници во своето време: ”Која е нашата надеж или радост или круна на ликување — зарем тоа не сте вие? — пред нашиот Господ Исус во неговата присутност? Сигурно сте вие нашата слава и радост.“ (1. Солунјаните 2:19, 20). Навистина е задоволство да се доведуват новите во вистината на Божјата реч и да им се помага да станат предадени и крстени Сведоци.
Радост која одржува
18. Што ќе ни помогне да се соочиме со разните искушенија денес?
18 Во нашиот секојдневен живот, разни околности бараат истрајност. Физичкото заболување, депресиите и економските потешкотии се само некои од нив. Како може христијанинот да ја задржи својата радост за да излезе на крај со ваквите искушенија? Тоа може да го стори ако бара утеха и водство од Божјата Реч. Читањето или слушањето на псалмите на касети во тешки времиња, може да биде вистинско освежување. И запамти го мудриот совет од Давид: ”Стави го своето бреме на Јехова, и тој самиот ќе те поткрепи. Никогаш нема да дозволи праведникот да падне.“ (Псалми 55:22). Јехова е навистина ”Слушач на молитвата“ (Псалми 65:2).
19. Каква доверба можеме да имаме, како Давид и Павле?
19 Јеховината организација, преку публикациите и собраниските старешини, секогаш ни стои на располагање да ни помогне нам, слабите човечки суштества, да излеземе на крај со проблемите. Давид срдечно нѐ советува: ”Остави го својот пат на Јехова, и имај доверба во него, и тој самиот ќе направи.“ Можел исто така да каже: ”Бев млад, и остарев, но не видов праведникот целосно да биде оставен, ниту неговите деца да питаат за леб.“ Во соработка со христијанското собрание, ќе сфатиме дека ”спасението на праведните е од Јехова; тој им е тврдина во време на неволја“ (Псалми 36:5, 25, 39). Секогаш да го следиме Павловиот совет: ”Радувајте се во надежта. Издржете во неволјата. Истрајте во молитва.“ (Римјаните 12:12; 2. Коринтјаните 4:16-18).
20. Што гледаме со очите на верата, и како тоа нѐ мотивира?
20 Со очите на верата, можеме да видиме дека Јеховиниот нов систем е непосредно пред нас. Колкава неспоредлива радост и благослови ќе има тогаш! (Псалми 37:34; 72:1, 7; 145:16). Припремајќи се за тоа величествено време, да ги земеме при срце зборовите од Псалми 100:2: ”Служете му на Јехова со радост. Дојдете пред него со радосен извик.“
[Фуснота]
a Што се однесува до ”ариевската супериорност“, весникот The New York Times од 17. февруари 1940 цитира еден католички професор на универзитетот во Џорџтаун кој тврдел дека ”го слушнал Хитлер како вели дека Светото Римско Царство, кое било германско царство, мора повторно да биде воспоставено.“ Но, историчарот Вилијам Ширер го опишува исходот: ”Третиот Рајх кој беше создаден на 30. јануари 1933, Хитлер се фалеше дека ќе трае илјада години, а во нацистичката терминологија често беше означуван како ”Илјадагодишниот Рајх“. Траеше само дванаесет години и четири месеци.“
Да повториме:
◻ Каква радосна победа над расизмот може да се види денес?
◻ Што го натерало Божјиот народ во старо време да пее и да вика од радост?
◻ Како се зголемила правата радост во денешно време?
◻ Како издржливоста и радоста одат едно со друго?
◻ Како можеме да ја задржиме нашата радост?