ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/5 стр. 3-4
  • Што е причината за кризи во семејството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е причината за кризи во семејството?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Некои од причините за кризите во семејството
  • Семејните проблеми — обележје на времето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Постои ли тајна за семејна среќа?
    Тајната на семејната среќа
  • Стави го Бог на прво место во својот семеен живот!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова, наше „засолниште во лоши времиња“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/5 стр. 3-4

Што е причината за кризи во семејството?

”МРЗЛИВА е!“, извикува Боб. ”Таа е ужасна домаќинка!“

”Воопшто не е вистина!“, остро одговара Џин. ”Тој не цени ни најмала работа што ќе се обидам да ја направам. Тој е најголемиот критизер што сум го сретнала.“

Што тргнало погрешно во животот на Боб и Џин?a Нивниот младешки брак имал само четири месеци, а веќе бил близу до катастрофа. Меѓутоа, нивниот случај не е исклучок, бидејќи статистиката покажува дека брачната неслога е вообичаена појава. Стручњаците сега велат дека половината од сите нови бракови во Соединетите Држави ќе завршат со развод. Слични мрачни статистички податоци доаѓаат од многу други земји. Но, разводот е само дел од сликата. Како никогаш порано по број и од разни причини, семејствата се во криза.

Некои од причините за кризите во семејството

Децата се тешко погодени кога во семејството постои криза. Списанието Newsweek известува: ”Една третина од сите деца родени во изминатата деценија [во Соединетите Држави] веројатно ќе живеат во семејство со очув или маќеа пред да наполнат 18 години. Секое четврто дете денеска го одгледува само еден родител. Околу 22 отсто од денешните деца се родени во незаконски бракови; околу една третина од нив биле родени од малолетни мајки“.

Наведувајќи во врска со тоа една сродна причина за кризата во семејството, стручњакот на полето на злоупотребата на деца, Џ. Патрик Генон, вели: ”Сегашните прегледи покажуваат дека десетици милиони луѓе пораснале во семејства кои функционирале абнормално и во кои насилството, инцестот или емоционалното малтретирање предизвикани од алкохолизмот била секојдневна реалност.“ Не е за изненадување што многу деца изложени на вакви работи можеби нема да знаат како да ги избегнат семејните кризи како возрасни.

Некои истражувачи би можеле вината за семејната криза да ја припишат на економските, социјалните и моралните промени кои проструиле низ индустријализираните земји. На пример, големото вклучување на жените во работната сила предизвикало нарушена прерасподелба на домашните улоги и одговорности. Мајките нервозно ги острат ’рѓосаните ивици на деловните вештини, татковците нерадо се фаќаат во костец со домашните работи, а децата со солзи се прилагодуваат на животот во центрите за дневно згрижување.

Многу семејства по целиот свет се наоѓаат под силен притисок. Еден вработен родител ова го споредил со ”живот во состојба на постојана (воена) готовност“. Не е ни чудно што скоро половина од анкетираните во текот на една неодамнешна Галупова анкета изјавиле дека ”американското семејство денес се наоѓа во полоша состојба отколку што било пред 10 години“, и само малкумина сметале дека ситуацијата ќе се поправи.

Затоа, кризата во семејството е постојана тема на разговор на радио и телевизиските програми. Јавноста ги голта книгите за семејството напишани во стилот ”помогнете си сами“, од кои некои нудат одредена мера на здрави и практични совети. Иако советите да ’се разговара поотворено‘ или да се ’споделуваат чувствата‘ можат да бидат од помош, тие не се доволни за да некој сериозно се соочи со вистинската причина за домашните проблеми. Тоа ќе го стори следната статија и ќе покаже како да ја решиме кризата во семејството.

[Фуснота]

a Псевдонимите се употребени да се задржи доверливоста.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели