ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/4 стр. 3-5
  • Вистинска слобода — кој ќе ја пружи?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вистинска слобода — кој ќе ја пружи?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Злоупотребена слобода
  • Робување на лажната религија
  • Слободен, но одговорен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поздрави го Божјиот нов свет на слободата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали е близу човечкиот „нов светски поредок“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Што значи религиозната слобода за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/4 стр. 3-5

Вистинска слобода — кој ќе ја пружи?

„Не стои до човекот, кој оди, ниту да управува со својот чекор. Исправи ме, о Јехова“ (ЈЕРЕМИЈА 10:23, 24, New World Translation of the Holy Scriptures).

1, 2. Како повеќето луѓе гледаат на слободата, но што уште е потребно да се разгледа?

БЕЗ сомнение ти ја цениш вистинската слобода. Сакаш да бидеш слободен да ги изразиш своите сопствени гледишта и слободно да одлучиш каде и како ќе живееш. Сакаш да си ја избереш работата што ќе ја работиш, да си избереш храна, музика и пријатели. Имаш склоности кон многу нешта, големи и мали. Ниеден нормален човек не сака да робува на диктаторски владетели, со мала или никаква слобода на избор.

2 Меѓутоа, зарем не би сакал и свет кадешто другите, а не само ти, би имале корист од вистинската слобода? Зарем не би сакал свет кадешто сечија слобода би била заштитена за нивниот живот да го добие најпотполниот израз? И кога би било можно, зарем не би сакал свет ослободен од страв, криминал, глад, сиромаштво, загаденост, болест и војна? Секако, таквите слободи се многу посакувани.

3. Зошто ја цениме слободата?

3 Зошто нас луѓето толку многу нѐ возбудува слободата? Библијата наведува: „Кадешто е Јеховиниот дух, таму има слобода“ (2. Коринтјаните 3:17, NW). Значи Јехова е Богот на слобода. А бидејќи нѐ создал според својата ‚слика и на себе слични‘, тој нѐ обдарил со слободна волја за да можеме да ја цениме и да извлечеме корист од слободата (Постанак 1:26, Стварност).

Злоупотребена слобода

4, 5. Како се злоупотребувала слободата во текот на историјата?

4 Во текот на историјата милиони луѓе биле поробувани, измачувани или убивани поради тоа што другите ја злоупотребувале слободната волја. Библијата раскажува дека пред околу 3.500 години, „Египќаните тирански ги принудија синовите Израелови на ропска служба. И постојано им го загорчуваа животот со тешко ропство“ (2. Мојсеева 1:13, 14, NW). Делото The Encyclopedia Americana наведува дека во четвртиот век пр.н.е., робовите во Атина и два други грчки града го надминале бројот на слободното население со 4 спрема 1. Тој извор исто така вели: „Во Рим, робот во почетокот немал права. Било можно да го осудат на смрт и за најмал прекршок“. Compton’s Encyclopedia забележува: „Во Рим, робовскиот труд бил темелот на државата. . . . На полињата, робовите често работеле во синџири. Навечер биле врзувани заедно и затворани во големи затвори кои до половина биле изѕидани под земја“. Бидејќи повеќето робови некогаш биле слободни, замисли ја огорченоста на тие скршени животи!

5 Со векови, т.н. христијанство било вклучено во угнетувачка трговија со робови. The World Book Encyclopedia наведува: „Од 16. до 19. век, Европејците со бродови пренеле околу 10 милиони црни робови од Африка во Западната хемисфера“. Во нашиов 20. век, милиони заробеници умреле од работа или биле убиени во нацистичките концетрациони логори, а сѐ поради државна политика. Во жртвите спаѓале и многу Јеховини сведоци кои биле затворени поради тоа што одбиле да го поддржуваат крволочниот нацистички режим.

Робување на лажната религија

6. Како лажната религија ги поробила луѓето во древниот Канаан?

6 Постои и ропство како резултат на придржување на лажната религија. На пример, во древниот Канаан, му биле жртвувани деца на Молох. Се смета дека во внатрешноста на огромниот лик на тој лажен Бог пламтела печка. Биле фрлани живи деца во испружените раце на ликот, втурнувајќи ги низ нив долу во огнот. Дури и некои Израелци го вршеле ова лажно обожавање. Бог вели дека ги натерале ‚своите синови и ќерки да поминат низ оган кај Молох — што Тој никогаш не им заповедал; ниту на ум не Му паднало да вршат такви гадости‘ (Јеремија 32:35, Ст). Каква корист им донел Молох на своите обожаватели? Каде се денес тие канаански нации и обожавањето на Молох? Сите исчезнале. Тоа било лажно обожавање, обожавање темелено не на вистини, туку на лаги (Исаија 60:12).

7. Кој одвратен обичај бил дел од ацтечката религија?

7 Пред многу векови во Средна Америка, Ацтеците ѝ робувале на лажната религија. Постоеле лични богови, ги обожавале природните сили како богови, секоја различна функција во секојдневниот живот имала свој бог, растенијата имале свои богови, дури и самоубијците имале свој бог. Книгата Древните сончеви царства во Америка (The Ancient Sun Kingdoms of the Americas) раскажува: „Владата на ацтечкиот Мексико од врвот до дното била организирана така како би била во можност да ги поддржува, а со тоа и да ги смирува невидливите сили, давајќи им колку што било можно повеќе човечки срца. Крвта била пијалок на боговите. За да добијат доволно затвореници како жртви за боговите, непрестајно имало мали војни“. Кога во 1486 бил посветен огромен храм-пирамида, илјадници жртви „чекале во редови да бидат врзани со раширени раце и нозе над жртвениот камен. Срцата им биле вадени и кратко биле држани на сонце“ за да се смири богот на сонцето. The World Book Encyclopedia наведува: „Понекогаш обожавателите јаделе делови од телото на жртвата“. Сепак, тие обичаи не го спасиле ацтечкото царство или неговата лажна религија.

8. Што рекол еден музејски водич за современиот колеж кој е далеку поголем од оној кај Ацтеците?

8 Некои посетители биле во посета на еден музеј кадешто еден експонат прикажувал како ацтечки свештеници му го вадат срцето на млад човек. Кога кустосот го објаснил експонатот, некои од групата тешко се издишале. Водичот тогаш рекол: „Гледам дека сте вознемирени поради ацтечкиот обичај на жртвување млади мажи на паганските богови. Сепак, во овој 20. век, милиони млади му биле жртвувани на богот на војната. Дали е тоа нешто подобро?“ Факт е дека во војните, религиозните водачи на сите нации се молат за победа и ги благословуваат војските, иако честопати на обете спротивставени страни стојат луѓе од истата религија и меѓусебно се убиваат (1. Јованово 3:10-12; 4:8, 20, 21; 5:3).

9. Која практика одзема повеќе млади животи од која и да е друга во историјата?

9 Жртвувањето на младите на Молох, на ацтечките богови или на војната, е надминато со тоа што се убиваат неродени бебиња со абортуси, и тоа околу 40 до 50 милиони годишно во целиот свет. Бројот на абортуси само во последните три години, е поголем отколку стоте милиони луѓе убиени во сите војни на ова столетие. Секоја година се абортираат неколкупати повеќе бебиња отколку сите луѓе убиени во 12-те години од нацистичкото владеење. Во последните децении се абортирани илјадници пати повеќе бебиња отколку сите оние кои им биле жртвувани на Молох или на ацтечките богови. Сепак голем број (ако не и повеќето) од оние кои абортираат, или кои помагаат во тоа, припаѓаат на некоја религија.

10. На кој друг начин лажната религија ги поробила луѓето?

10 Лажната религија ги поробува луѓето и на други начини. На пример, многу луѓе веруваат дека мртвите живеат некаде во духовниот свет. Една последица на таквото лажно верување е стравот и обожавањето на мртвите претци за да наводно се добијат некакви користи од нив. Така луѓето стануваат робови на вражалци, духовни медиуми и на свештеници на кои луѓето им се обраќаат за да наводно им помогнат на живите да ги смират мртвите. Затоа е на место прашањето: Постои ли некој излез од таквото ропство? (5. Мојсеева 18:10-12; Проповедник 9:5, 10).

[Слика на страници 4 и 5]

Низ историјата некои ја злоупотребувале својата слободна волја да ги поробат другите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели