ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/4 стр. 20-23
  • Јеховиниот пат е најдобриот животен пат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јеховиниот пат е најдобриот животен пат
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Христијанско наследство
  • Рани спомени
  • Училиштето и една важна одлука
  • Пионерска и бетелска служба
  • Задржување на неутралноста
  • Различни службени предности
  • Богат, наградувачки живот
  • Решени да му служиме на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Богат и наградувачки живот во Јеховината служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Преку моите слабости се прослави Божјата сила
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Седумдесет години ‚се држам за скутот на Евреинот‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/4 стр. 20-23

Јеховиниот пат е најдобриот животен пат

РАСКАЖАЛ ЕРКИ КАНКАНПА

УШТЕ кога бев дете, моја цел беше да служам во финската подружница на Јеховините сведоци, или како што се нарекува, Бетел. Така, кога патувачкиот надгледник во летото 1941 ме праша: ”Какви планови имаш за иднината?“, јас одговорив: „Отсекогаш сум сакал да одам во Бетел.“

„Подобро да се откажеш од тие соништа; никогаш нема да те повикаат“, рече тој. Отпрвин бев длабоко разочаран, но потоа одлучив работата едноставно да ја препуштам во Јеховини раце. По неколку месеци добив покана да служам во Бетел.

Бев срамежливо 17-годишно селско момче кога еден многу студен, јасен ноемвриски ден 1941, поѕвонив на ѕвоното од подружницата во Хелсинки. Веднаш ми изрази добредојде Карло Хартева, надгледникот на подружницата. Во тоа време подружницата надгледуваше 1.135 Сведоци во Финска.

Христијанско наследство

Во 1914 татко ми добил примерок од публикацијата на Стражарска кула под наслов Божјиот план низ вековите (The Divine Plan of the Ages). Меѓутоа, наскоро потоа избувнала Првата светска војна, и тој не стигнал да ја прочита.

Борбата на Финска за национална независност создала проблеми. Се формирале две моќни групи — Белите и Црвените. Белите ги претставувале капиталистите и средната класа, додека Црвените ги претставувале работниците. Татко ми се трудел да биде неутрален и да остане потполно одвоен од обете групи. Сепак, двете страни го сметале за сомнителен.

Како што се покажало, тато двапати го осудувале на смрт, најпрво Белите, а потоа Црвените. Еднаш кога бил убиен некој човек и не можеле да го фатат убиецот, десетмина млади луѓе, вклучувајќи го и татко ми, биле осудени на смрт. Еден од учителите на татко ми, член на поротата, препорачал тој да биде ослободен, што било и прифатено. Останатите деветмина младичи биле погубени.

Во една друга прилика за тато повторно било прифатено изземање од смртна казна. После тоа, решил да оди во подземје, и тоа дословно! Тој и неговиот брат направиле земјанка, каде живееле сѐ до завршетокот на војната. За да останат живи, нивниот најмлад брат ги обезбедувал со храна и вода.

Откако во 1918 завршила војната, тато се оженил и изградил куќа близу таа земјанка. Подоцна јас добро се запознав со неа, бидејќи ми служеше како игралиште. Татко ми ми кажа дека многу се молел додека се криел таму под земјата. Му ветил на Бог дека ако некогаш научи како да му служи, тој ќе го стори тоа.

Набргу по женидбата тато решил да понесе нешто со себе на едно службено патување. Во таванската соба ја пронашол книгата The Divine Plan of the Ages којашто ја донел пред многу години. Ја отворил кај поглавјето ”Јеховиниот ден“ и читал. Постојано си велел: „Ова е вистината, ова е вистината“. Слегувајќи од таванот, ѝ рекол на мајка ми: „Ја најдов вистинската религија“.

Скоро веднаш потоа тато почнал да им проповеда на другите за работите што ги учел, и најпрво им зборувал на своите роднини и соседи. Потоа почнал да држи јавни предавања. Наскоро му се придружиле и други од подрачјето. Кога дошол во контакт со Истражувачите на Библијата, како што тогаш се нарекувале Јеховините сведоци, тато се крстил во 1923 година. Кога дојдовме ние децата — на крајот бевме четири — тато не оставаше да не нѐ поучи. Всушност, откако се формира собрание, од нас се бараше да присуствуваме на секој состанок.

Рани спомени

Моите први сеќавања се уште од 1929 кога имав пет години и кога во нашиот дом беше подготвен состанок. Се собраа многу луѓе од блиските собранија, а беа присутни и претставници од канцеларијата на подружницата. Во тие денови, барем во Финска, беше обичај на состаноците да се благословуваат децата. Така братот од Бетелот ги благослови децата, исто како што правел Исус за време на својата служба. Никогаш не го заборавив тоа (Марко 10:16).

Еден друг ран спомен е прифаќањето на името Јеховини сведоци во 1931. Татко ми, свесен за важноста на настанот, свечено го прочита известувањето пред собранието во врска со нашето ново име.

Уште откако знам за себе, го придружував татко ми во делото на проповедање. На почетокот само го слушав, но конечно и самиот го вршев делото. Во 1935, кога нѐ посети патувачки надгледник, отидов кај сите соседи и ги поканив да присуствуваат на состанокот. Исто така им понудив брошури, а некои луѓе и ги прифатија.

Училиштето и една важна одлука

Ние четирите деца бевме единствените во училиштето чиишто родители беа Сведоци, и честопати бевме исмејувани поради тоа што не им се придружувавме на останатите младинци во нехристијанското однесување. Иако школските другари се обидуваа да ме намамат да пушам, никогаш не го сторив тоа. Исто така подбивно нѐ викаа Раселити (Расел беше првиот претседател на Друштвото Стражарска кула) или Хартевалити (Хартева тогаш беше надгледник на финската подружница). Среќен сум што можам да речам дека некои младинци кои некогаш ни се подбиваа, на крајот станаа Сведоци.

Учителот ме поттикнуваше да го продолжам школувањето и едно време мислев да станам инженер. Но тогаш, пролетта 1939, се одржа конгрес на Јеховините сведоци во Пори, кој се покажа како пресвртница во мојот живот. И мојот помлад брат Туомо и јас му се предадовме на Јехова, и на тој конгрес, на 28. мај 1939, го симболизиравме тоа со крштевање под вода. Потоа, во почетокот на септември, избувна II Светска војна.

Приликите во Европа драматично се изменија. Ситуацијата помеѓу Финска и Советскиот Сојуз стана критична. Татко ми нагласуваше дека Армагедон се приближува и нѐ охрабруваше на пионерска служба. Затоа, во декември 1940, брат ми и јас почнавме со пионерска служба во северна Финска.

Пионерска и бетелска служба

Додека бевме пионери, најголемиот дел од времето живеевме кај Ирје Калио. Тој беше брат кој 30-тина години пред тоа беше станал Истражувач на Библијата во Пенсилванија, САД. Ирје беше крајно срдечен и правеше сѐ што можеше за да ни обезбеди удобен амбиент. Неговиот телесен брат, Киести Калио, беше претседател на Финска од 1937 до 1940. Ирје ни кажа дека му дал темелно сведоштво на својот брат, објаснувајќи му дека Божјето Царство е единствената надеж за добра влада и траен, светски мир.

Како што времето минуваше, растеше мојата желба да станам член на бетелската фамилија. За среќа, и покрај предупредувањето од патувачкиот надгледник да не негувам високи надежи, мојата молба да служам во Бетел беше одобрена. Мојата прва работа беше како доставувач. Меѓутоа, наскоро имав предност да работам во печатницата. Таму работев во повеќе одделенија, како и во малото одделение за печатење и во експедитот.

Задржување на неутралноста

Во 1942, на возраст од 18 години, ме повикаа во војска. Бидејќи одбив да бидам во нивните редови, бев предмет на долги сослушувања, а во две прилики со пушки вперени во мене. Во други прилики беше применувана физичка тортура. Исто така, за време на испрашувањето, ме држеа во затворска ќелија без греење, каде студот ми удираше в коски.

Најпосле, во јануари 1943, дојде време да ме осудат мене и некои други Сведоци. Воениот офицер кој нѐ сослушуваше, бараше нашата казна затвор да не биде помала од десет години. Воениот капелан бараше дури и построга казна, барајќи во едно писмо „смртна казна, или овие предавници да се испратат во Русија како извиднички падобранци [скоро сигурна смрт], што со право и би го заслужиле“.

Подготвија трик. Ме повикаа пред судот и ми досудија смртна казна. Меѓутоа, се покажа дека тоа е само нов обид за застрашување, затоа што истиот ден подоцна повторно ме повикаа пред судот и ме осудија на три и пол години во казнен завод. Поднесов жалба, и беше намалена на две години.

Храната во затворот беше ужасна, а другите затвореници се однесуваа злобно. Двапати ме нападнаа хомосексуалци, но за среќа успеав да побегнам. Еден од нив се закануваше дека ќе ме убие ако не се согласам со неговите барања. Но како што правев во сите мои искушенија, се обратив до Јехова, и тој ми помогна. Всушност, заканата од затвореникот не беше мала работа, затоа што пред тоа веќе беше убил. По пуштањето од затвор, тој човек изврши ново убиство и повторно дојде в затвор.

Без сомнение поради тоа што Јеховините сведоци се познати како доверливи, наскоро станав затвореник со посебни повластици. Мојата работа беше да им делам оброци на останатите затвореници, и ми беше дозволено да се шетам слободно низ просториите на затворот. Затоа не само што имав доволно храна за себеси, туку можев да се грижам и моите христијански браќа да имаат доволно. Еден брат дури се поправи неколку килограми во затворот, што е вистинска реткост со оглед на изборот на храната.

Од затвор ме пуштија во септември 1944, истиот ден кога беше ослободен и брат Хартева. Моето ослободување значеше враќање во бетелската служба. Си мислев: „Напорното 16-часовно работење во Бетелот треба да се цени многу повисоко отколку затворскиот живот“. Оттогаш никогаш повеќе не забошотував во работата!

Различни службени предности

Подоцна во 1944 се запознав со Маргит, убава млада пионерка која одговори на мојот интерес за неа, па се венчавме на 9. февруари 1946. Во текот на првата година како оженета двојка, јас служев во Бетелот, а Маргит работеше во Хелсинки како пионерка. Потоа, во јануари 1947, ни беше доделена покраинска служба.

Во патувачкото дело честопати останувавме со семејствата и делевме иста соба со нив. Знаевме дека тие ни го пружаат најдоброто што можеа, и никогаш не се жалевме. Покраините во тие денови беа мали и некои собранија воопшто немаа крстени Сведоци!

Во 1948 нѐ повикаа да се вратиме на бетелската служба. По две години, од САД во Финска дојде Валас Ендрес и наскоро потоа беше наименуван за надгледник на подружницата. Срдечно нѐ охрабри да продолжиме да студираме англиски, коешто и го правевме. Така, нѐ повикаа да го посетуваме 19. мисионерски клас на Библиската школа Гилеад на друштвото Стражарска кула, кој започна во Јужен Ленсинг, Њујорк, во февруари 1952.

По апсолвирањето нѐ доделија назад во Финска. Меѓутоа, пред да заминеме од САД, ме обучуваа да работам на печатарски преси во меѓународната централа на Јеховините сведоци во Бруклин, Њујорк.

По враќањето во Финска, нѐ доделија во патувачка служба, но потоа, во 1955, нѐ повикаа назад во финската подружница. Таа година јас станав надгледник на печатницата, а две години подоцна, во 1957, бев наименуван за надгледник на подружницата.

За среќа, и татко ми и мајка ми му останаа верни на Јехова сѐ до својата смрт. Со текот на времето, преку сто роднини на татко ми станаа Сведоци. И до ден-денес, брат ми и сестрите и нивните семејства, сите му служат на Јехова, а една од моите сестри стана пионерка.

Богат, наградувачки живот

Годините беа исполнети со работа и само работа, но работата, бидејќи е Божје дело, навистина е богата и наградувачка (1. Коринтјаните 3:6-9). Мојот живот никако не течеше во секој поглед мазно и угодно. Исто така имаше неволји и тешкотии. Мошне рано во животот сфатив дека мораш да научиш да се дисциплинираш себеси. Не може секогаш да правиш токму како што ти е волја. Често ме поправаа и постепено го научив правиот животен пат.

На пример, искушенијата и оскудиците кои ги претрпев во текот на војната, ме научија да живеам без луксузи. Научив да разликувам дали нешто навистина е неопходно или не. Сѐ уште имам навика да се прашам себеси дали ми е потребно ова или она. И ако видам дека впрочем тоа не е толку важно, не го купувам.

Водството кое беше овозможено од Јехова, преку неговата организација, беше очигледно. Ја имав радоста да гледам како расте бројот на Јеховините сведоци во текот на годините поминати во финската подружница, од 1.135 на преку 18.000! Навистина, можам да видам дека мојата работа беше благословена. Но знам дека тоа е благословено затоа што делото е Јеховино, а не наше (1. Коринтјаните 3:6, 7). Рано во животот го избрав Јеховиниот пат и тоа навистина се покажа дека е најдобриот животен пат.

[Слика на страница 23]

Ерки Канканпа со сопругата Маргит денес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели