ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/4 стр. 30
  • Дали се сеќаваш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали се сеќаваш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Апологетите — бранители на христијанството или само филозофи?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Посети ја земјата, посети ги овците!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • „Сакајте ги вистината и мирот“!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/4 стр. 30

Дали се сеќаваш?

Дали си забележал дека последните броеви на Стражарска кула биле од практична корист за тебе? Тогаш, зошто не би го проверил своето сеќавање преку следниве прашања?

▫ Која била главната цел на Исусовите оздравувања?

Заради охрабрување на денешното големо мноштво од луѓе слични на овци, тие опишуваат дека преживеаните од Армагедон ќе бидат оздравени релативно брзо после Армагедон (Исаија 33:24; 35:5, 6; 15. 12. 1991, стр. 12).

▫ Зошто ни е потребно постојаното потсетување: „Истрајте во молитва“? (Римјаните 12:12, NW).

Животните притисоци и одговорности понекогаш можат толку да ни натежнат, што би можеле да заборавиме да се молиме. Или, проблемите можат толку да не надвладеат и да нѐ натераат да престанеме да се радуваме на надежта за Царството, па дури и да престанеме да се молиме. Затоа, ни требаат потсетници кои ќе нѐ охрабрат да се молиме и на тој начин да се држиме сѐ поблиску до Јехова (15. 12., стр. 14).

▫ Што докажува дека потопот од Ноевите денови оставил неизбришлива трага врз човечкиот род?

Проценето е дека повеќе од 250 племиња и народи раскажале преку 500 легедни за потопот. Во сите овие легенди можат да се најдат некои основни сличности (15. 1. 1992, стр. 5).

▫ На кој начин лажните пророци денес се како оние во времето на Јеремија?

Денешните лажни пророци тврдат дека го претставуваат Бог, но тие ги крадат Божјите зборови, проповедајќи работи кои ги одвраќаат луѓето од она што Библијата навистина го вели. Ова особено е случај во поглед на учењата за Царството (Јеремија 23:30; 1. 2., стр. 4).

▫ Што е вклучено во тоа кога некој ќе се крсти во името на светиот дух?

Тоа подразбира дека лицето кое се крштева одлучува да соработува со светиот дух и да не прави ништо со што би се спречувало неговото делување помеѓу Јеховиниот народ. Затоа, таквото лице мора да соработува со верниот и разумен роб и со старешинското уредување во собранието (Евреите 13:7, 17; 1. Петрово 5:1-4; 1. 2., стр. 18.)

▫ Зошто обожавањето на ликови е штетно за обожавателот?

Библијата покажува дека ликовите се гнасни за Јехова Бог и беспомошни за да им помогнат на нивните обожаватели да ги приближат кон Бог (5. Мојсеева 7:25; Псалми 115:4-8, Ба). Сатана Ѓаволот „им ги заслепил умовите“ на луѓето за да вистината „не ги осветли“ (2. Коринтјаните 4:4). Така кога некој му оддава почит на некој лик, тој всушност им служи на интересите на демоните (1. Коринтјаните 10:19, 20; 15. 2., стр. 6-7).

▫ Зошто во библиски времиња овците ги сметале за скапоцен имот?

Волната била имот кој постојано се обновувал и можел да се употреби за правење облека за семејството или можела да се продаде. Овнешките рогови се користеле за објавување на Јубилејот или можеле да се употребат за давање знак за тревога или за управување со воени маневри. Бидејќи овците биле едни од чистите животни коишто Израелците смееле да ги јадат, стадото овци значело обезбеденост со храна и редовен извор на млеко и сирење (1. 3., стр. 24-25).

▫ Што бараат љубителите на Бог кога молат да дојде Божјето Царство? (Матеј 6:10).

Тие молат Божјето небесно Царство да преземе одлучна акција и да ги уништи човечките владејачки системи кои не успеале да живеат според нивното ветување дека ќе донесат мир и безбедност (Даниел 2:44; 15. 3., стр. 6).

▫ Кои биле апологетите и дали тие учеле за Тројство?

Апологетите биле свештеници кои живееле во втората половина од вториот век. Тие пишувале во одбрана на христијанството какво што тие го познавале од непријателските филозофии кои преодвладувале во римскиот свет. Ниеден од нив не учел за Тројство (1. 4., стр. 24–29.)

▫ Дали Захарија, таткото на Јован Крстител, станал глув и нем, како што се чини дека укажува Лука 1:62?

Габриел рекол дека на Захарија ќе му биде одземен говорот, а не слухот (Лука 1:18-20). Во Лука 1:64 се потврдува: „Веднаш му се одврзаа устата [на Захарија] и јазикот негов, и зборуваше“. Забележи, воопшто не се споменува ништо дека му бил одземен слухот. Споменувањето на ‚знаци‘ во Лука 1:62 може да значи дека правеле некакви гестикулации за да извлечат одговор од Захарија (1. 4., стр. 31).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели