ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/5 стр. 6-7
  • Генерацијата од 1914 — зошто е значајна?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Генерацијата од 1914 — зошто е значајна?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • ”Крајот на светот“ е близу!
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Библијата — дали навистина е инспирирана од Бог?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/5 стр. 6-7

Генерацијата од 1914 — зошто е значајна?

„Нашите читатели знаат дека пред неколку години очекувавме оваа ера да заврши со ужасно време на неволја, и очекуваме да избувне ненадејно и силно веднаш по октомври 1914.“ Стражарска кула и гласник на Христовата присутност (The Watch Tower and Herald of Christ’s Presence) од 15 мај 1911.

ОД 1879 година, списанието тогаш познато како Стражарска кула и гласник на Христовата присутност (сега познато како Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство) честопати укажуваше на 1914 како на година која е означена во библиското пророштво. Како што се приближуваше годината, читателите беа потсетувани дека може да се очекува „ужасно време на неволја“.

Оваа информација христијаните ја објавуваа надалеку и нашироко, а тоа го темелеа на нивното разбирање на „седумте времиња“ и „времињата на паганите“ кои се споменуваат во Библијата.a Тие разбраа дека овој период ќе изнесува 2.520 години — почнувајќи од соборувањето на древното Давидско царство во Ерусалим, па до октомври 1914b (Даниел 4:16, 17; Лука 21:24, King James Version).

На 2 октомври 1914, Чарлс Тејз Расел, тогашниот претседател на Библиското и трактатно друштво Стражарска кула, смело објави: „Времињата на паганите завршија; помина денот на нивните цареви“. Колку вистинити се покажаа овие зборови! Невидлив за човечките очи, во октомври 1914 на небото се случи настан од огромно значење. Исус Христос, трајниот Наследник на „Давидовиот престол“, го започна своето владеење како Цар над човештвото (Лука 1:32, 33; Откровение 11:15).

‚Но‘, би можел да прашаш, ‚ако Христос започнал да владее во 1914, зошто условите на Земјата стануваат сѐ полоши?‘ Поради тоа што човечкиот невидлив непријател Сатана сѐ уште постои. До 1914, Сатана имал пристап на небо. Таа ситуација се изменила со воспоставувањето на Божјето Царство во 1914. „Настана војна на небото“ (Откровение 12:7). Сатана и неговите демони биле поразени и фрлени на Земјата, и тоа со катастрофални последици за човештвото. Библијата прорекла: „Тешко на земјата и на морето, затоа што Ѓаволот слегол кај вас и има голем гнев, зашто знае дека има само кратко време“ (Откровение 12:12, NW).

Во првото столетие од н. е. Исус рекол дека неговата невидлива присутност како земски Цар ќе биде обележана со видлив знак. Тој бил запрашан: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност и на завршетокот на системот на работите?“ Што одговорил тој? „Нација ќе се крене против нација и царство против царство, и ќе има оскудица на храна и земјотреси од едно место во друго. Сите овие работи се почеток на тегобни маки“ (Матеј 24:3, 7, 8, NW).

Според тоа, војната која избувнала во 1914, била придружена со страшна оскудица на храна, затоа што нормалното производство било прекинато цели четири години. Што е со „земјотресите од едно место во друго“? Во деценијата по 1914, во најмалку десет катастрофални земјотреси загинале преку 350.000 луѓе. (Види ја рамката.) Навистина, генерацијата од 1914 доживеала „почеток на тегобни маки“. А уште оттогаш тегобните маки редовно погодувале во вид на природни несреќи, глад и многу, многу војни.

И покрај тоа, веста за воспоставувањето на Божјето Царство во 1914 е добра вест затоа што тоа Царство ќе ја спаси оваа Земја од пропаст. Како? Тоа ќе ги отстрани сите лажни, лицемерни религии, корумпирани влади и злобното влијание на Сатана (Даниел 2:44; Римјаните 16:20; Откривење 11:18, Даничиќ-Караџиќ; 18:4-8, 24). И уште повеќе, тоа ќе послужи како увод во еден нов свет во кој „ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13).

Набрзу по I Светска војна, искрените Истражувачи на Библијата, како што тогаш се викале Јеховините сведоци, почнале да ја сфаќаат својата предност во поглед на еден друг аспект на знакот за Исусовата присутност како Цар. Исус Христос прорекол: „Ќе биде проповедано ова евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

Од малите почетоци во 1919, Јеховините сведоци продолжиле без престан да го шират „ова евангелие [добра вест, NW]“. Како резултат на тоа, милиони луѓе од преку 200 земји сега се собираат како поданици на Божјето Царство. И колкав благослов ги очекува овие поданици! Царството ќе ги укине војните, гладот, криминалот и угнетувањето. Тоа дури ќе ја победи болеста и смртта! (Псалми 46:9; 72:7, 12-14, 16, ДК; Соломонови изреки 2:21, 22; Откровение 21:3, 4).

Пред да помине генерацијата од 1914, делото на проповедање на Царството ќе ја има исполнето својата цел. „Тогаш“, прорекол Исус, „ќе биде мака [голема неволја, NW] каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде. И, ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни“ (Матеј 24:21, 22).

Немој да ја правиш истата грешка како што ја направила генерацијата од пред 1914. Работите нема засекогаш да останат вакви какви што се. Претстојат запрепастувачки промени. Но за оние кои постапуваат мудро, постојат прекрасни изгледи.

Затоа, послушај ги зборовите на пророкот од старо време: „Барајте го Јахве, сите скромни на земјата . . . Барајте понизност: можеби ќе бидете заштитени на денот на Јахвиниот гнев“ (Сефанија 2:3, Стварност). Како можеме да го примениме овој совет? Следната статија ќе ни помогне да одговориме на ова прашање.

[Фусноти]

a Насловна страница од Сценариото на фото- драмата за создавањето, 1914.

b За натамошни детаљи, види 16. поглавје од книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, издадена од Библиското и трактатно друштво Стражарска кула од Њујорк.

[Табела на страница 7]

Земјотреси во деценијата по 1914

Датум: Место: Загинати:

13 јануари 1915 Авецано, Италија 32.600

21 јануари 1917 Бали, Индонезија 15.000

13 февруари 1918 Провинција Квантунг, Кина 10.000

11 октомври 1918 Порторико (западен) 116

3 јануари 1920 Веракруз, Мексико 648

7 септември 1920 Реџо ди Калабрија, Италија 1.400

16 декември 1920 Провинција Нингсија, Кина 200.000

24 март 1923 Провинција Сечуан, Кина 5.000

26 мај 1923 Иран (североисточен) 2.200

1 септември 1923 Токио–Јокохама, Јапонија 99.300

Од табелата „Значајни земјотреси во светот“ во книгата Terra Non Firma од Џејмс М. Гир и Хареш К. Ша

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели