ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/9 стр. 3-4
  • Што посеало христијанството во Африка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што посеало христијанството во Африка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мисионерскиот плод
  • Жетвата на христијанството во Африка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сида во Африка — до кој степен е одговорен христијанскиот свет?
    Разбудете се! 1996
  • Полновремените слуги предводат во делото на проповедање
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • Христијанството и трговијата со робови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/9 стр. 3-4

Што посеало христијанството во Африка

ВО 1867 година, Шарл Лавижри, француски католик, дошол во Африка како новонаименуван архиепископ алжирски. „Бог ја избрал Франција“, рекол тој, „да направи од Алжир колевка на огромна и христијанска нација.“

Сонот на Лавижри се протегал и подалеку од Алжир. Всушност, тој испратил мисионери низ пустината со намера да „ја обединат Централна и Северна Африка во заедничкиот живот на христијанството“.

Во меѓувреме, во западните, јужните и источните делови од континентот, во акција веќе биле протестантски мисионери. Тие издржале многу потешкотии, како на пример, зачестени напади на маларија со нејзините симптоми на треперење, потење и бладање. Брзо ослабнати од тропските болести, многумина умреле набргу по пристигнувањето. Но други и понатаму доаѓале. „Секој што доаѓа во Африка“, изјавува Адла Стивенсон, „постојано е потсетуван на хероизмот на мисионерите. . . . Тие се бореле против жолта треска, дизентерија, паразити и . . . ги видов . . . нивните надгробни плочи — низ цела Африка.“

Мисионерскиот плод

Додека мисионерите продирале во Африка, откривале дека повеќето племиња се неписмени. „Од приближно осумстотини [африкански] јазици“, објаснува Рам Деси во својата книга Христијанството во Африка какво што го виделе Африканците (Christianity in Africa as Seen by Africans), „пред доаѓањето на мисионерите само четири имаа писмо“. Така мисионерите пронашле начин за запишување на овие непишани јазици. Потоа создале учебници и почнале да го учат народот да чита. За таа цел, низ Африка изградиле училишта.

Мисионерите исто така изградиле болници. „Не постои друго друштво кое може да се спореди со нивниот запис за хуманитарни дела“, признава Рам Деси. Покрај медицинска грижа, Африканците ги барале и европските материјални добра. Некои мисионери отвориле трговски населби бидејќи мислеле дека тоа ќе привлече покрстеници. На пример, Базелската мисија од Швајцарија основала трговска компанија во Гана. Тие откриле дека таму добро успева какао–дрвото, и денес Гана е трет произведувач на какао во светот.

Истакнато достигнување на мисионерите на христијанството било преведувањето на Библијата. Сепак, ширењето на библиската порака со себе носи натамошна сериозна одговорност. Христијанскиот апостол Павле го покажал тоа кога прашал: „Како тоа учиш други, а себе не учиш? Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш . . .?“ Библијата предупредува дека оние кои поучуваат за христијанство, самите мора да живеат според извонредните начела кои се изложени во Божјата Реч (Римјаните 2:21, 24).

А што е со мисијата на христијанството во Африка? Дали таа му оддала чест на Богот на Библијата или ги изиграла христијанските науки?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели